Bodhidharma
Avatara
- Член од
- 17 септември 2011
- Мислења
- 10.783
- Поени од реакции
- 15.399
Керокот што се користи кај работните површини е 12 mm или 18 дебелина, и со негово спојување(лепење) се добиваат тие ефекти на масивност. Добро е кај него што со полирање не се познава спојот, а и гребнатините може да се елиминираат после некое време со истата постапка. Обработката се врши на циркулари и ЦНЦ машини, значи ќе треба таа услуга да ја најдеш. Овде, во МК ЦНЦ машините им се катастрофа....ама aјде, може ќе пројдеОва е изгледот кој сакав да го добијам. Целосно слеано (овде материјалот е керок), ако има некој кој го употребил би замолила за контакт од каде е набавено.
Треба да се отвори точно отворот за садоперот ако сакаш тоа цело слеано да излезе, најдобро на ЦНЦ, со рачни фрези не би ти препорачал за 10 евра отвор(колку што е на ЦНЦ)
Мислам дека во дизајн фантазија продаваат керок....прашај и за обработка, кај нив нема утка за таа работа. Мислам дека 4 метра на 600 и кусур сантиметри е табла и е негде 500 евра.
Види прашај, ако не имало негде исто во Карпош .....ова ми е што сум правел муабет со луѓе, не е проблем може да се ископа и таа информација.
Како и да е, плотната под 1300 евра не верувам дека ќе биде, ама распрашај се за секој случај....битно е колкава е кујната.
И друга работа, мајстор само некој што го работел ова и кликерот му фаќа многу
Ако сакаш да ти прават кујна фирмиве како леснина ми да речеме не верувам дека под 3 000 евра ќе биде у најмала рака.
Да земеме некој просек на кујна од 4 до 5 метри
Последно уредено: