Најголемиот соборен храм на Балканот ќе се гради во Струмица

Дали ја поддржувате изградбата на ваков објект во Струмица?


  • Вкупно гласачи
    78
Член од
24 март 2010
Мислења
15.327
Поени од реакции
26.274
По речиси 18 години од осветувањето на камен темелникот на новиот соборен храм „Успение на Пресвета Богородица” во Струмица, годинава по Велигденските празници ќе започне изградбата на овој велелепен објект,кој со своите 54 метри ќе доминира на Балканот и пошироко.

Започнувањето и реализацијата на овој проект ја најави градоначалникот Зоран Заев.
- Во годината кога одбележуваме 1650 години од Светите Петнаесет Тивериполските Свеште-номаченици и 100 години од изградбата на храмот „Свети Кирил и Методи”, наш предизвик е да ја започнеме реализацијата на овој свет храм. Заедно со неговото првосвештенство г.Наум и Одборот за изградба,ја заокруживме финансиската конструкција.Храмот „Успение на Пресвета Богородица” ќе се гради според усвоениот проект и по каноните на Македонската Православна Црква, изјави Заев.
Тродимензионална видеопрезентација пред граѓаните на Струмица ќе се одржи в недела на првиот ден од Велигден,а осветувањето и започнувањето на градбата ќе биде во првата недела по Велигденските празници.
Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица” ќе се гради во центарот на Струмица, инвеститор е Македонската Православна Црква-Струмичка епархија и православните верници.

http://kurir.mk/republika/opstini/66132-Najgolemiot-soboren-hram-na-Balkanot-ke-se-gradi-vo-Strumica
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
не ми се допаѓа идејата
Искрено, боље ова отколку споменици. Си има народ, христијански, кој си сака ова. Ова ќе му биде од корист на некого, повеќе отколку споменици или нешто слично. Го подржувам ова, зашто на многу луѓе ќе им биде убаво, ете.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
колку тоа е точно - најголем на Балканов - не можам да кажам - не сум запознат, а и некако неверно ми звучи - со само 54 метри- па да е најголем?!:unsure: :::- но идејава е ОК
 
M

Mussolini

Гостин
Охооо... После 18 години им текнало да градат та црква... дека беа до саа? и ак не се лажам, на почетокот, пред 18 год ко кажаа оти ке се граде таа црква колку донации имаше ама дека ојдеа да завршат тие пари? у џебовите на големите глави... ак сум грешка нека ме исправи некој од Струмица.. и да: има работи шо многу повеке заслужуват да бидам обновени/изградени отколку да се гради нова црква. дефинитивно против сум идеата да се гради црква... има доволно цркви.. не му треба на народот нови попови и владики шо нема да знаат на кој начин да ги исцицат парите на рајата...
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.754
Поени од реакции
4.524
Треба во анкетата да се додаде избор не ми е гајле.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Жими газов најголема на Балканот Курир повторно тресе зелени...
The dome is 70 m (230 ft) high, while the main gold plated cross is another 12 m (39 ft) high, which gives a total of 82 m (269 ft) to the height Cathedral of Saint Sava. The peak is 134 m (440 ft) above the sea level (64 m (210 ft) above the Sava river); therefore the church holds a dominant position in Belgrade's cityscape and is visible from all approaches to the city.
The Cathedral of Saint Sava or Saint Sava Temple (Serbian: Храм светог Саве or Hram svetog Save) in Vračar, Belgrade, is anOrthodox church, the largest in the Balkans, and one of the 10 largest church buildings in the world
http://en.wikipedia.org/wiki/Cathedral_of_Saint_Sava
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.327
Поени од реакции
26.274
колку тоа е точно - најголем на Балканов - не можам да кажам - не сум запознат, а и некако неверно ми звучи - со само 54 метри- па да е најголем?!:unsure: :::- но идејава е ОК
Може да е и сензационалистички наслов на Курир, но секако ќе биде голем. :)
 
V

Vollstandig

Гостин
Зашо бе црква?! Ја сакам џамија!. Повисоки се поубави, посилно се слуша оџата, од вардара до триглава, нема икони, нема оставање пари...и замислете се е бесплатно.
Џамија и точка.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Искрено, боље ова отколку споменици. Си има народ, христијански, кој си сака ова. Ова ќе му биде од корист на некого, повеќе отколку споменици или нешто слично. Го подржувам ова, зашто на многу луѓе ќе им биде убаво, ете.
Не ни требаат ниту нови споменици, ниту пак нови религиозни објекти, доволни се веќе постоечките ширум државава, а ги има премногу !
Повеќе цркви и џамии отколку верници или како што викаат некои: на секој поп по една црква и на секој оџа по една џамија, но од религија не се живее луѓе !
Во земја со 30% сиромашни граѓани и со уште 50% граѓани кои едвај сврзуваат крај со крај во месецот, најмалку ни се потребни вакви објекти, доста се веќе постоечките !
Но сепак за ова нека си одлучат Струмичани !
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Не ни требаат ниту нови споменици, ниту пак нови религиозни објекти, доволни се веќе постоечките ширум државава, а ги има премногу !
Повеќе цркви и џамии отколку верници или како што викаат некои: на секој поп по една црква и на секој оџа по една џамија, но од религија не се живее луѓе !
Во земја со 30% сиромашни граѓани и со уште 50% граѓани кои едвај сврзуваат крај со крај во месецот, најмалку ни се потребни вакви објекти, доста се веќе постоечките !
Но сепак за ова нека си одлучат Струмичани !
Баш напротив - многу се потребни. Народот сака спас од реалноста, сака да избега некаде каде што нема да биде соочен со црната реалност, барем на момент. Зашто да не биде некаде како што они сакаат? Нека биде црква. Нека биде што сака. Народот како што сака.

Ти може ќе кажеш дека е боље стадион да има. Некој ќе каже фабрика. Нема некој што подобро кажал. Некој сака нешто каде што ќе може убаво да гледа спорт, некој сака нешто кое може да заработи пари а некој па сака душевен мир, во место како што тоа може најубаво да го прави.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Сеедно , само нека се гради со парите на верниците.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754


Поголем од овој ? :D

Ај шо е до мене нека градат, нема шо да ми смета, какви све глупости нема па за ова да се мрчи.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Баш напротив - многу се потребни. Народот сака спас од реалноста, сака да избега некаде каде што нема да биде соочен со црната реалност, барем на момент. Зашто да не биде некаде како што они сакаат? Нека биде црква. Нека биде што сака. Народот како што сака.

Ти може ќе кажеш дека е боље стадион да има. Некој ќе каже фабрика. Нема некој што подобро кажал. Некој сака нешто каде што ќе може убаво да гледа спорт, некој сака нешто кое може да заработи пари а некој па сака душевен мир, во место како што тоа може најубаво да го прави.
Да во право си, секој си сака и си ужива на различни работи, баш како што викаш, некој сака стадион, некој сака црква, некој споменици, плоштади, музеи, театри и.т.н.
но мислам дека навистина се претера со овие работи, па доста се веќе постоечките !
Плус стадионот е неутрален објект, исто и на пр. фабриката, плоштадот, улицата и.т.н. но верските објекти не се баш неутрални т.е. не се за сите граѓани, на пр. џамиите се само за муслиманските верници, црквите се само за христијанските верници, а јас како што знам ние сме секуларна држава, а во секуларните држави, државата е одделена од религијата, така да зошто со државни пари(пари на граѓаните) да се градат религиозни објекти, во тој буџет влегуваат пари од сите и од христијани и од муслимани и од атеисти !
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Искрено, боље ова отколку споменици. Си има народ, христијански, кој си сака ова. Ова ќе му биде од корист на некого, повеќе отколку споменици или нешто слично. Го подржувам ова, зашто на многу луѓе ќе им биде убаво, ете.
Ниту спомениците ниту храмот нема да му донесат добро на народот. За народот да биде среќен треба работни места и бизнис но и нови болници, училишта и установи од кои сите би имале корист а не само верниците. Христијанскиот народ најверојатно треба да се запраша дали во време кога нашата економија е меѓу најлошите во светот треба да се аздисува со мега-цркви. Некој горе спомна душевен мир, верникот доколку сака може да си најде душевен мир и во обичен манастир или црква а сигурен сум дека во Струмичкиот регион има многу такви. Од друга страна оној што нема за леб си има други проблеми но за неговите проблеми нема алтернатива како што има верникот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom