Настани: Форум Скопје

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
ИЗЛАГАЊЕ НА АРХИТЕКТ БОГДАН БОГДАНОВИЌ НА ТРИБИНАТА „ФОРУМ СКОПЈЕ“
Изградете театар поради кој сите ќе се чукнат по глава

Скопје е живописен град зашто неговата архитектура не е еднолична, истакна реномираниот професор и архитект Богдан Богдановиќ во своето излагање на завчерашната трибина „ Форум Скопје 2008“. Трибината ќе трае неколку дена, а целта е да даде критичка анализа за денешната состојба со архитектурата во главниот град. Богдановиќ (86), кој живее во Виена, своето излагање го презентираше преку видеобим, бидејќи поради проблеми со здравјето не можел да допатува во Скопје. Професорот, кој од 1982 до 1986 година бил градоначалник на Белград, смета дека Скопје е на повисоко ниво од главниот град на Србија. Скопје е личност, град-личност, исто како Белград. Само што Белград е личност што се распаѓа - рече Богдановиќ. Според него, градот Скопје имал среќа бидејќи при неговата изградба по земјотресот во 1963 година биле спроведени многу домашни и меѓународни конкурси, кои влијаеле тој да не биде безличен. Еден од организаторите на трибината, Иван Мирковски објасни дека Богдановиќ бил избран да даде свое мислење затоа што е реномиран експерт, многу ценет во Виена и неутрален, односно не учествувал во изградбата на постземјотресно Скопје.

ПОТРЕБНИ СЕ СМЕЛИ АРХИТЕКТОНСКИ ПРОЕКТИ На прашањето од организаторите што мисли за денешната идеја на државните власти за повторна изградба на Стариот театар, Богдановиќ рече дека доколку тоа навистина го сакаат скопјани, тогаш е во ред. Но, сепак, неговото мислење е дека ни стариот објект не бил нешто особено. Тој се залага да им се даде шанса на младите архитекти да изградат нови грандиозни проекти.Не знам зошто би се градел Стариот театар. Треба да направите нешто смело, нешто поради што сите ќе се чукнат по глава - вели Богдановиќ.На трибината беше кажано дека професорот не бил одамна во Скопје, односно две децении. Тој истакна дека секогаш ќе биде сентиментално врзан за градот и додаде дека вечерта пред земјотресот не спиел бидејќи чувствувал дека нешто ќе се случи.Во неговата биографија и интервјуа на интернет може да се прочита дека станува збор за контроверзна личност. Од 1993 година живее во Виена поради политички проблеми со тогашниот претседател на СР Југославија, Слободан Милошевиќ. Познат е по градењето на многу монументални споменици на жртвите од фашизмот на просторите на бивша Југославија. Бакнете го Скопје од мене - рече Богдановиќ на крајот од своето излагање.

ДА СЕ ЗБОРУВА ЗА ТОА ШТО СЕ СЛУЧУВА
Трибината„Форум Скопје“ ќе трае до 7 јуни, а на неа ќе учествуваат многу домашни и странски експерти од Австрија, Италија и Хрватска. Станува збор за културен и мултидисциплинарен проект што го организира архитектот Иван Мирковски во соработка со Техничкиот универзитет од Виена, австриската амбасада, Музејот на град Скопје, Кинотеката на Македонија, Републичкиот архив, како и индивидуалните архитекти и уметници Ерих Рајт, Сергеј Никуљски и други. Идејата е да се организира дебата за архитектурата во Скопје по земјотресот и да соберат мислења од релевантни личности за денешната состојба со урбанистичките активности во Скопје. Предмет на интерес ќе бидат и последните проекти за централното градско подрачје.Крајно време е да почне да се зборува гласно за тоа што се случува со архитектурата во Скопје - се вели во манифестот по повод трибината. На форумот ќе биде изложена и макетата и фотографиите од проектите што учествуваа на Интернационалниот архитектонски конкурс за централното градско подрачје на Скопје во 1965 година. Во рамките на форумот ќе се одржи проекција на арт-документарниот филм „Име без град“ на авторот Иван Мирковски, инспириран од решението на Кензо Танге.



Извор.



Форум Скопје.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom