Нарачал убиство на мајка му, за девојката да има силикони

Smoke_a_lot

НЕСОПИРЛИВ
Член од
16 март 2008
Мислења
707
Поени од реакции
63
Тинејџер од Колорадо изнајмил платени убијци да ја убијат неговата мајка, за со нејзините пари да и плати операција за зголемување на градите на својата девојка.

Осумнаесетгодишниот Никита Ли Вајс, е уапсен под сомнение дека го планирал убиство на сопствената мајка, рече Мајк Барнет заменик шефот на полицијата во градот Фонтана, САД.

Девојката на Вајс, Софија Никол Алсепт, и двајцата најмени момчиња, 18-годишниот Хуан Антонио Велез Гонзалез и 19-годишниот Брендон Мајкл Сорок, исто така се уапсени и обвинети за истото казнено дело како и Никита.

Мајката на тинејџерот била нападната во четвртокот со дрвена бејзбол палка во својата куќа, но успала да побегне и по пружената лекарска помош во петокот била пуштена од болница.

Според полицијата Вајс сакал да го продаде автомобилот на мајка му и да и земе пари од нејзините банковни сметки, за да и плати платична операција на неговата 21-годишна девојка.

Со истрагата било утврдено дека тинејџерите планирале да го замотаат телото на жената и да се ослободат од него во Њу Мексико или Аризона. Тинејџерите се наоѓаат во притвор, а им е одредена кауција од 50 илјади долари.
 
Член од
9 февруари 2007
Мислења
441
Поени од реакции
61
IZVOR????
Znaci ne mora se da e tocno sto ke se kopira od tocka i se postira na forumov:toe::toe::toe::toe::toe::toe:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Oво нема ни у Београду :pos2::pos2::pos2::pos2:
За вакви луѓе што за пар цицки мајките си ги продавааТ - не треба да има место на овој свет .. па макар тоа било и у Америка.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Teмата е преместена во соодветниот подфорум.
Продолжете тука со дискусијата.
Болна работа инаку...а што всушност може да се очекува од примерок на најморонската нација во светот?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom