Направи сам

L

.Lost Angel.

Гостин
Тема за која ќе постираме работи кои самите ги имаме направено ( може и од нет да постирате ).
кои ќе ни бидат од корист на сите. :)


Еве една идеја која ќе ви помогне да не го трошите слободното време залудно. Прочитајте како сами да си направите соларна светилка за вашиот велосипед.
За овој мини проект потребно е да набавите светилки, привезок со соларен панел, прекинувач и обична светилка за велосипед. Секако, ќе ви требаат некои основни алатки како ножички, лепак и жица.

Најпрво ќе треба да ја расклопите велосипедската сијаличка и од нејзе да ги зачувате само пластичниот дел, во кој подоцна ќе го вметнете соларниот систем за осветлување.
Потоа, треба да го расклопите привезокот со соларен панел и убаво да ги проучите неговите делови. За проектот ќе ви биде потребен само соларниот механизам и многу е важно да ги запаметите (или сликате) сите поврзувања.
Следниот чекор е круцијален за вашиот проект. Треба непотребните делови од соларниот систем да се отстранат, а вашите сијалички да ги поврзете со соларниот панел и со батериите. На сликата подоле се гледа како тоа треба да изгледа, а за помош ви нудиме слика од тоа како колото би требало да биде поврзано.
Наредно, во празната велосипедска светилка ќе треба со супер лепак да ги залепите батериите и прекинувачот, а низ отворот да ги вметнете сијаличките. Потоа сијаличките ќе ги залепите на горниот поклопувач од велосипедската светилка.

Последниот чекор е да го залепите соларниот панел на страничниот поклопувач од светилката, со тоа што механизмот за примање на светлината ќе треба да биде свртен кон затварачот. Пред да ја склопите целата светилка, не заборавајте да ја прицврстите за тркалото со штрафот.
На крај, целосно склопената светилка ќе изгледа како на сликата лево и вашата eco-friendly светилка ќе биде готова и спремна за користење.
Доколку си возите велосипед на кеј или на планина и ненадејно ви се дупне гумата, секако дека ќе бидете во незавидна ситуација. Сепак, нема да биде ништо толку трагично доколку ја прочитате финтата што ја најдовме за средување на дупната гума без никакви алатки.

Доколку не можете да ја извадиде гумата, на помош може да ви се најде било каква пластична картичка (можеби кредитна :D ). Откако ќе успеете да ја отстраните гумата, внимателно најдете ја причината за дупнувањето (парче стакло, шајка, било што) и отстранете го. Потоа извадете ја оштетената внатрешна гума.


Следно е да го пронајдете проблематичното место. Каде што е веќе оштетена внатрешната гума засечете ја и внимателно одвојте како на сликата.
Краевите врзете ги во два чвора и затегнувајте додека гумата не изгледа како да е напумпана. Секако, треба да внимавате краевите од чворовите да не се одврзат и целата работа да ви биде залудна.
Уште ви останува да ја вратите внатрешната гума на место и гумата да ја вратите во првобитната позиција.
На местото кадешто е чворот ќе има мала нерамнина, но тоа нема да пречи на тркалото.





И еве го крајниот резултат и спремнисте за возење (y)


Велосипед санка :D

Секако, ова е комплициран процес и за да го направите овој проект треба да вложите многу труд, а и ви требаат алатки и умешност. Во зависност од вашиот велосипед ќе треба да направите две мини скии коишто ќе ги прикачите на местата на тркалата. Се препорачува предната скија да е подолга од задната, но тоа главно зависи од вас и вашата желба. Во принцип, треба да направите направа на којашто од едната страна ќе ја прикачите скијата, а од другата страна ќе направите спојка што ќе одговара на тркалата од вашиот велосипед.
Откако ќе успеете да ја направите направата, само ќе треба тркалата да ги замените со скиите и вашата велосипед-санка ќе биде готова. Мора да нагласиме дека како и минатата санка од скии што ви ја препорачавме и оваа нема кочници и доколку се нафатите да ја направите и возите ќе мора да бидете многу внимателни.

За љубителите на сноуборд, ќе понудиме друга опција велосипед-санка, кадешто наместо скии се користи даска. :D


Торбичка

За љубителите на планинарење и качување по вештачки карпи торбичката за креда е многу битна работа. Затоа, ние денеска решивме да ви понудиме еден начин како да си направите сопствена торбичка по ваш вкус користејќи стари фармерки. Ви го претставуваме проектот - Направи сам: Торбичка за креда.
За овој проект потребни ви се стари фармерки, било каков материјал, врвка, држач за врвка и окце. Секако, потребни ќе ви бидат и ножици за сечење, како и машиња за шиење (доколку не се нафатите да шиете рачно

Пред да започнете со кроење и шиење, еве еден план за тоа како ќе треба да изгледа торбичката. Добро разгледајте го и имајте го на ум планов за да не згрешите нешто па да мора некои чекори да ги правите повеќе пати.

Почнуваме! Најпрво треба да се исечат фармерките онолку колку што сакате да ви биде долга торбичката. Потоа, треба да ги сошиете во вид на цилиндер. На останатиот тексас материјал обележете кругче кое ќе одговара на обемот на цилиндерот од тексас и исечете.

Откако ќе исечете кругче, ќе треба да го превртите цилиндерот и од внатрешната страна да го сошиете тексас кругот за да изгледа како на сликата подолу.

http://sportport.mk/napravi-sam-torbicka-za-kreda/%d1%82%d0%be%d1%80%d0%b1%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b0-9/Важен дел што не треба да го заборавите е да го вметнете окцето така што ќе направите дупче во тексатот, а потоа ќе го прицврстите окцето на негово место.
Со тоа надворешниот дел од торбичката е готов и треба да преминете на внатрешниот дел кој ќе го направите од материјалот што сте го одбрале. Внатрешната торбичка се прави по ист принцип како и надворешната, со таа разлика што на неа ќе треба да сошиете и една гајка низ која ќе поминува врвката.

Последните неколку чекори се многу важни и за да не згрешите нешто ги наведовме на самата слика. Треба да ги правите точно по тој редослед и никако да не заборавите да ја вметнете врвката и држачот за истата.

Вашата торбичка е готова и можете да ја користите. Секако, за правење на торбичка можете да користите и друг вид на панталони, а можете и да вметнете џебови во кои ќе ставите клучеви, пари или мобилен телефон. Искористете ја имагинацијата и бидете уникатни со торбичка по ваша мерка.

И
наку извор од овие интересни работи кои ги најдов на нет извор клик тука


Па повелете со вашите дела :) ( може и од нет ако веќе имате најдено )
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113




--- надополнето: 21 октомври 2012 во 00:01 ---



--- надополнето: 21 октомври 2012 во 00:03 ---







--- надополнето: 21 октомври 2012 во 00:06 ---





--- надополнето: 21 октомври 2012 во 00:15 ---
 
Член од
15 август 2012
Мислења
5
Поени од реакции
0
Кул тркалца за скејтборд.

Доколку имате малку слободно време и многу љубов за вашиот скејтборд, тогаш овој проект сигурно е за вас! Четири пивски капачиња, супер лепак и црево ќе дадат екстра уникатен и кул изглед на вашиот скејборд.




Вашиот кул и уникатен скејтборд е готов благодарение на проектот – направи сам: Кул тркалца за скејтборд!
За повеќе интересни „направи сам“ проекти, кои ќе го исполнат вашето слободно време, притиснететука.
 

Velix

Kirk Hammett
Член од
18 мај 2012
Мислења
674
Поени од реакции
207
Навистина од Art Attack нема подобар.И јас си правев до скоро време вакви интересни работи уште си ги чувам изработките.До скоро време престанав.Фала што ме потсетивте.Еве и од мене доста интересни идеи.Finger Tips.Доста интересни работи.Ги даваат сеуште.Може да ги најдете на мојата најдобра програма Da Vinci learning.Кој има Макс ТВ може да ги гледа.На канал 107 се наога.Поздрав :icon_mrgr:.
 

Velix

Kirk Hammett
Член од
18 мај 2012
Мислења
674
Поени од реакции
207
А може ли да ми дадете нешто Арт Аттацк.Многу ми се допаѓа па имам нешто направено но ми треба уште идеи.:)
--- надополнето: 7 мај 2013 во 21:05 ---
Фала
Фала за идеите ќе пробам нешто однив.;)
 
Член од
10 февруари 2013
Мислења
30
Поени од реакции
8
А може ли да ми дадете нешто Арт Аттацк.Многу ми се допаѓа па имам нешто направено но ми треба уште идеи.:)
--- надополнето: 7 мај 2013 во 21:05 ---
Фала
Фала за идеите ќе пробам нешто однив.;)
Мислам дека имаш погоре линкови со Art Attack.. :pipi:
 

Velix

Kirk Hammett
Член од
18 мај 2012
Мислења
674
Поени од реакции
207
Мислам дека имаш погоре линкови со Art Attack.. :pipi:
Ок фала ќе пробевар бидејќи вака ја видов темава и пишав без да ги прочитам погорните пораки.Поздрав :icon_mrgr:.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom