Напиј се вода од изворот

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Кога изборот на твојот внатрешен пат е филозофија која нејзиното појавување го смета за отпочнување на некаков нов еон и сите ги пикне во него против нивна волја, а стариот еон го прогласува за минато, тогаш е во ред?

WOW, каков критериум за универзална и апсолутна вистина.:confused:
Извини, секташкото толкување твое на Христос и христијанството е апсолутната вистина, сето друго што постоело и постои (тајно или јавно) е глупост и безделничење. Аман со тие фрази „универзална“ и „апсолутна“ па одозгора и „вистина“.

Не го избрав јас овој пат... Тао не се избира :)
Никој не пикнуваме насилно никаде - тоа е дадено во самиот закон на Телема дека не може никој никаде насилно да поставиш во системот, инаку бесцелно би зборувале за чиста волја и се останато. Но може да зборуваме и да покажеме дека е ново време, а кој не сака да биде сонце, негов проблем. Кои сме ние насилно да создаваме ѕвезди? Насилството не се исплаќа.

Ти смета критикувањето на старите религии бидејќи преку нив бараш да си некој и нешто, а гледаш дека има друго кое е попримамливо но бара повеќе труд, нели...
Тоа што можеме да бираме патеки и да критикуваме секој што се обидува свесно или несвесно да ни застане на тие патеки - доволно кажува дека е ново време за човештвото, полно со искуство и игра.
Затоа и имаме нови и интересни толкувања на старите религии - далеку од вековните хиерархии кои се обидуваат да го држат светот за уздите и да управуваат.
Друг бог седи на истокот - не знам колку пати го имам ова кажано (и тоа е единственото што го зборувам за боговите). ;)

„Тој што е праведен и ќе остане праведен; тој што е гнасен и ќе остане гнасен.
Да! не верувајте во промена: ќе бидете тоа што сте, а не друго.“
- Книга на Законот, II:57-58

Зарем не гледаме дека старите религии не иницираат и не водат кон ништо во однос на духовното освен што само погласно зборуваат како сите се зло?

Но ти не читаш книги и не знаеш ништо освен она што јас ќе ти кажам и за тебе тоа е вистината за Телема, а јас упорно и постојано велам дека многу повеќе има надвор од моето зборување за нештата. Јас не го имам целото искуство во универзумот, посебно ако мојот и нечиј универзум не се подудараат и немаат допирни точки многу е веројатно да не се разбираме и да се одминеме :)

Јас не сум мудрец, пророк итн итн за кој што треба да се закачите и преку мене да судите за Телема и новиот еон - туку преку спознавање и искуство да пресудите што е што и како оди работата :)

Ете пример од две свети книги на Телема, A∴A∴ издание во класа А!

„Успех е твојот доказ: не расправај; не преобратувај; не зборувај премногу!“
- Liber AL, III:42

А вие мислите дека зборувам премногу... вие не знаете колку може да претерам со зборување во однос на Телема и иницијацијата во новиот еон - но тоа не води кон ништо полезно.

И нормално:
"I am not come to rebuke you, or to enslave you.
I bid you not turn from your voluptuous ways, from your idleness, from your follies.
But I bring you joy to your pleasure, peace to your languor, wisdom to your folly.
All that ye do is right, if so be that ye enjoy it."
- Liber Tzaddi vel Hamus Hermeticus sub figurâ XC
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Апостолки пост!!??
Не сум јас битен туку ти/вие.

Дали ли ти апостол?
Со да/не одговори.
Ако нашкрабаш долг пост, подобро отфрли го прашањето како премногу лично.
Не разбирам што значи апостолски, ако може да образложиш? Вака не знам дали можам или не да одговорам кратко :)
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Не разбирам што значи апостолски, ако може да образложиш? Вака не знам дали можам или не да одговорам кратко :)
Остај го тоа што го видов во постот.
Одговори на прашањето.
Дали си ти апостол?
Да/Не
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Остај го тоа што го видов во постот.
Одговори на прашањето.
Дали си ти апостол?
Да/Не
Old English apostol "messenger," especially the twelve witnesses sent forth by Jesus to preach his Gospel (Luke vi.13), from Late Latin apostolus, from Greek apostolos "messenger, envoy," literally "person sent forth," from apostellein "send away, send forth," from apo "off, away from" (see apo-) + stellein in its secondary sense of "to send," from PIE *stel-yo-, suffixed form of root *stel- "to put, stand, put in order," with derivatives referring to a standing object or place. Compare epistle.

Да знаеш што значи апостол не би ме прашувал ова, ама ајде, кога веќе праша и е лесно да одговорам, ќе одговорам.

Реков претходно, ќе се цитирам за да ти одговорам:

Но ти не читаш книги и не знаеш ништо освен она што јас ќе ти кажам и за тебе тоа е вистината за Телема, а јас упорно и постојано велам дека многу повеќе има надвор од моето зборување за нештата. Јас не го имам целото искуство во универзумот, посебно ако мојот и нечиј универзум не се подудараат и немаат допирни точки многу е веројатно да не се разбираме и да се одминеме :)

Јас не сум мудрец, пророк итн итн за кој што треба да се закачите и преку мене да судите за Телема и новиот еон - туку преку спознавање и искуство да пресудите што е што и како оди работата :)
Ако ова не ти дава одговор, не знам што би ти дало одговор. Јас сум гласноговорник, не апостол - учител или што и да е, тоа се христијански фрази, мавни го тоа од мене :)
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Old English apostol "messenger," especially the twelve witnesses sent forth by Jesus to preach his Gospel (Luke vi.13), from Late Latin apostolus, from Greek apostolos "messenger, envoy," literally "person sent forth," from apostellein "send away, send forth," from apo "off, away from" (see apo-) + stellein in its secondary sense of "to send," from PIE *stel-yo-, suffixed form of root *stel- "to put, stand, put in order," with derivatives referring to a standing object or place. Compare epistle.

Да знаеш што значи апостол не би ме прашувал ова, ама ајде, кога веќе праша и е лесно да одговорам, ќе одговорам.

Реков претходно, ќе се цитирам за да ти одговорам:

Ако ова не ти дава одговор, не знам што би ти дало одговор. Јас сум гласноговорник, не апостол - учител или што и да е, тоа се христијански фрази, мавни го тоа од мене :)
Што не одговори само со НЕ?

Во ред, ти благодарам.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Што не одговори само со НЕ?

Во ред, ти благодарам.
Бидејќи тогаш некој друг што ќе дојде да прочита и се заинтересира за прашањата и одговорите нема да знае што некој прашал, зошто е така одговорено како што е одговорено.
Јас не ти одговарам само на тебе, мојот универзум се проширува надвор од овие виртуелни граници на еден форум.
Многу од овие мисли тука (цели есеи) ги споделувам со други луѓе за да ја видат нишката на самите идеи и со што се поврзани. :)
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Бидејќи тогаш некој друг што ќе дојде да прочита и се заинтересира за прашањата и одговорите нема да знае што некој прашал, зошто е така одговорено како што е одговорено.
Јас не ти одговарам само на тебе, мојот универзум се проширува надвор од овие виртуелни граници на еден форум.
Многу од овие мисли тука (цели есеи) ги споделувам со други луѓе за да ја видат нишката на самите идеи и со што се поврзани. :)
Браво за тебе.
Но,не знаеше дека споделување мисли како други би имале идеа со што да поврзат е одлика на стариот еон?
Ај ,пред да напишам нешто друго,едно прашање!
Позади тој универум кој го збориш ,..машко и женско,како едно сте?
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Прашај сине, можеби и книга ќе фатиш за да видиш за машко женско, суштински едно. Ептен како едно... дури кон ниедно оди. Како Тао.
И Детето. Еонот на Детето.

Види ја Гностичка Миса или Liber XV на EGC, за почеток
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Прашај сине, можеби и книга ќе фатиш за да видиш за машко женско, суштински едно. Ептен како едно... дури кон ниедно оди. Како Тао.
И Детето. Еонот на Детето.

Види ја Гностичка Миса или Liber XV на EGC, за почеток
Сеуште си со амбиции да ме посиниш.:(

Одговорот ќе го разбрам како ДА.
Иако изврти околу дете, маж, жена, тао и празно-ништо.

Ако не си знаел, човековото соединување треба да биде со водата, која има второ име смрт. Тој универзум со смртта не пишува зборови и есеи за да предизвика идеи како расипан телефон ,туку зборови кој активираат доживување на јаве.Живи зборови.

Така никој на никого нема да му биде гласноговорник, ниту брат ќе учи брат кој е бог, туку сите од мало до големо ќе го знаат.

Затоа се вели дека телесен човек не го разбира духовниот, бидејќи духовниот човек се обраќа преку смртта на смртта во човек, а бидејќи смртта не му е позната на тој што слуша , тоа за него е безумство.
Но, кога зборот ќе стане јаве и смртта ќе го соголи човека доведувајќи го чист поим на гол човек, тој ќе го разбере значењето.

Вака како што правиш, маж и жена во униерзумот без смртта само сте сенка од новиот еон.И колку и да пишуваш зборови само за да предизвика спој на идеи од оној што ќе прочита и истото го практикува, и ти и тој што чита сте од стариот еон.
Бидејќи одлика на стариот еон е да се шири збор,мисла, филозофија или верување во пишана форма , а тие зборови да не се живи туку само сведочат за нешто.

П.с. Сенката е неплодна и навистина ми е жал што не можеш да ме имаш за син, но со зборови кој ќе си ги пишуваш можеш да се тешиш.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
@Хептаграм XI Што мислиш дека ќе се случи со тебе кога ќе ти умре физичкото тело?
Прво те разбрав каде со моето тело после смртта... на брзина го прочитав прашањето :)

Не знам што ќе се случи „со мене“ и што е тоа што можам да се дефинира како „мене“. Телото не е... иако некои проповедаат дека ќе излезат сите од гробовите - е каде ќе одат такви? Walking dead?

Ако на пример ете знам дека после смртта мојата свест, дух, себство, повисоко постоење опстои и јас се сеќавам на моите претходни животи - „јас“ собрано на Земјата пред последната смрт е глупост, премало парче од огромна бесконечност на искуства.

Од она што сум читал, ако не е силна врската на повисоките нивоа со пониските кај човекот - смртта предизвикува заборав дека си бил на Земјата, тоа e страшно и огромно искуство. Источните философии имаат пракси за овие ствари за да може да се разбере самиот процес, да се проба да се задржи свесноста... треба да побараш по нет.
 
Последно уредено:
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629

Која е според тебе смислата на постоењето?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Која е според тебе смислата на постоењето?
Тоа е премногу лично прашање, тешко да ти го одговорам на форум, бидејќи сметам дека секој треба да ја најде сопствената смисла на моменталното постоење и најбитно: зошто е тоа токму таа смисла, а не друга... :)

Зошто јас, а не ти сум побарал иницијација во новиот еон? Пример... ако и ти си побарал иницијација и си стапнал на патеката, зошто јас не се откажувам од патеката, а ете ти на пример, си се откажал? Има некоја разлика од моето и твоето чекорење, различен чекор или различна патека и патокази? :)

Затоа вакви прашања не се поставуваат на други... бесцелни се, не за друго.

P.S. Насловов на темава вреска со его... „Напиј се од изворот“, „аман дојди да ти кажам вистината“, „јас знам за каде си“, „дојди прашај ме, ќе ти кажам вистината“ итн итн :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom