Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.163
- Поени од реакции
- 12.143
Извини, секташкото толкување твое на Христос и христијанството е апсолутната вистина, сето друго што постоело и постои (тајно или јавно) е глупост и безделничење. Аман со тие фрази „универзална“ и „апсолутна“ па одозгора и „вистина“.Кога изборот на твојот внатрешен пат е филозофија која нејзиното појавување го смета за отпочнување на некаков нов еон и сите ги пикне во него против нивна волја, а стариот еон го прогласува за минато, тогаш е во ред?
WOW, каков критериум за универзална и апсолутна вистина.
Не го избрав јас овој пат... Тао не се избира
Никој не пикнуваме насилно никаде - тоа е дадено во самиот закон на Телема дека не може никој никаде насилно да поставиш во системот, инаку бесцелно би зборувале за чиста волја и се останато. Но може да зборуваме и да покажеме дека е ново време, а кој не сака да биде сонце, негов проблем. Кои сме ние насилно да создаваме ѕвезди? Насилството не се исплаќа.
Ти смета критикувањето на старите религии бидејќи преку нив бараш да си некој и нешто, а гледаш дека има друго кое е попримамливо но бара повеќе труд, нели...
Тоа што можеме да бираме патеки и да критикуваме секој што се обидува свесно или несвесно да ни застане на тие патеки - доволно кажува дека е ново време за човештвото, полно со искуство и игра.
Затоа и имаме нови и интересни толкувања на старите религии - далеку од вековните хиерархии кои се обидуваат да го држат светот за уздите и да управуваат.
Друг бог седи на истокот - не знам колку пати го имам ова кажано (и тоа е единственото што го зборувам за боговите).
„Тој што е праведен и ќе остане праведен; тој што е гнасен и ќе остане гнасен.
Да! не верувајте во промена: ќе бидете тоа што сте, а не друго.“
- Книга на Законот, II:57-58
Зарем не гледаме дека старите религии не иницираат и не водат кон ништо во однос на духовното освен што само погласно зборуваат како сите се зло?
Но ти не читаш книги и не знаеш ништо освен она што јас ќе ти кажам и за тебе тоа е вистината за Телема, а јас упорно и постојано велам дека многу повеќе има надвор од моето зборување за нештата. Јас не го имам целото искуство во универзумот, посебно ако мојот и нечиј универзум не се подудараат и немаат допирни точки многу е веројатно да не се разбираме и да се одминеме
Јас не сум мудрец, пророк итн итн за кој што треба да се закачите и преку мене да судите за Телема и новиот еон - туку преку спознавање и искуство да пресудите што е што и како оди работата
Ете пример од две свети книги на Телема, A∴A∴ издание во класа А!
„Успех е твојот доказ: не расправај; не преобратувај; не зборувај премногу!“
- Liber AL, III:42
А вие мислите дека зборувам премногу... вие не знаете колку може да претерам со зборување во однос на Телема и иницијацијата во новиот еон - но тоа не води кон ништо полезно.
И нормално:
"I am not come to rebuke you, or to enslave you.
I bid you not turn from your voluptuous ways, from your idleness, from your follies.
But I bring you joy to your pleasure, peace to your languor, wisdom to your folly.
All that ye do is right, if so be that ye enjoy it."
- Liber Tzaddi vel Hamus Hermeticus sub figurâ XC
Последно уредено: