ДОбар потег... да се надеваме дека ќе се реализира и нема да остане само празен муабет:
Граѓаните задоволни од најавата на Владата дека е можно да се дозволи увоз на автомобили стари и до13 години.
Во ова гледаат шанса, конечно да купат автомобил подобар од тој што го имаат.
Увозниците на нови возила пак тврдат дека идејата не е добра затоа што и потоа возниот парк ќе остане стар, а за таквите возила немало да има резревни делови.
За Владата пак дозволата за увоз на постари возила не значи дека автомобилскиот отпад од Европа ќе дојде во земјава.
- Дали „Голф 4“ стар 10 години е крш. Јас не мислам така. Ако за некого е крш, за некого не е - вели премиерот Груевски. (браво г-дине Груевски)
Владата се уште прави анализи за колку ќе се помести старосната граница за увоз на автомобили.
Се бара решение е за големиот број возила со странски таблички кои се возат во земјава. Премиерот најави дека сопствениците ќе добијат можност во одреден период да ги пререгистрираат.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/gragjanite-zadovolni-od-najavata-za-uvoz-na-postari-vozila
-Едно е важно, да се донесе асален закон, начинот на пресметување на акцизите е уште поважен од старосната граница. Купувањето старо-нов автомобил да биде реалност, не само бајка која ќе се чита во Македонскиот законик.
...Сопствениците пак на авто-салони велат дека измената на овој закон нема да го обнови возниот парк на Македонија !!! СИ веруваат ли барем тие самите на овие зборови ?!
Премиерот Никола Груевски потврди дека Владата се уште не донела одлука за увоз на постари возила од 10 години.
- Вчера не донесовме одлука за тоа, само кажавме дека ќе се прави анализа. За некој можеби десетгодишен голф 44 е крш, за мене не е, изјави премиерот Груевски по работниот појадок со претставниците на Сојузот на стопанските комори на Македонија.
Претседателот на ССК Златко Калеников нагласи дека Македонија има стар возен парк, но додаде дека претставниците на ССК ќе дадат контра аргументи за предложената мерка за увоз на постари возила.
- Владата е таа што треба да ги задоволи барањата на граѓаните и на трговците. Ние ќе ги дадеме нашите аргументи, па ќе видиме како ќе одлучи Владата, рече Калеников.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=22EDF45234F71E49AA0B3C3D7EFC7CCF
Но Комент!
Знаеме сите ние добро што е нов а што половен автомобил, но и покрај нашето знаење многумина од нас не можат да си дозволат нов автомобил,многумина неможат веќе ниту половен да си дозволат,така да не се плашете за вашите салони, оние кои имаа досега за нов и утре ќе сакаат повторно нов автомобил, нема да одат во Германија за половен. Ова е само конкуренција, мал напредок во демократијата. Бидете реални, заради вас луѓето возат кршови и плаќаат 2000 евра за Југо на старо!
...И за крај:
Крнтиите може да го придвижат стопанството за да се намали загадувањето
Ако се искористи дел од парите од зелените фондови и ако се направи рециклажен центар за возила во Македонија, тоа ќе донесе евтини суровини за индустријата, нови вработувања и многу помало загадување од автомобилите.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12510104068&id=101&setIzdanie=21892