Што би било подобро:
- Да сте згодни,убави,дотерани и привлечни, а лично психички неисполнети.
или
- Да сте психички/внатрешно задоволни и исполнети, а да не обрнувате внимание на тоа дали сте дебели,преслаби,недотерани и непривлечни?
Троа нелогично. Ако си згоден, убав, дотеран и привлечен, нема шанси да си кој знае колку психички неисполнет. Ќе имаш љубов зошто си привлечен, имаш пари пошто си нели, ете, дотеран. Непишано правило е тоа дека ако си привлечен полесно ќе си поминуваш во животот. Ќе имаш повеќе пријатели зошто луѓето им се понаклонети на привлечни луѓе. Голема е веројатноста дека полесно ќе поминуваш на испити, при вработување исл. Ем си имаш и пари (штом убаво се облекуваш), така да, мирна глава.
Може звучи малку материјалистички, ама факт е дека луѓето стварно ги вреднуваат дури и премногу овие два квалитети, убавина и пари.
Поентата е, тешко е да си психички неисполнет ако имаш скоро се што е услов на психичка исполнетост.
Ама има случаи, секако. Душевен немир од икс причини може човек да чувствува и кога се навидум му е под конец.
Од друга страна... Ако си предебел/преслаб, недотеран и грд, ептен е тешко да постигнеш внатрешна исполнетост. Зошто? Епа исто ко погоре: веројатно ќе имаш проблеми при остварување на потребата за љубов (и секс), што бај д веј е една од водечките причини за депресија. Поради комплексите кои се неизбежни, можно е да станеш интровертен и со тоа уште повеќе да ја отежниш комуникацијата со другите. Ќе се нанижат низа проблеми, со кои малку е возможно сепак да доживее човек внатрешен мир и исполнетост.
Сега јас овде одев малку во екстремности, ама тоа само колку да доловам.
Се разбира, во светот луѓето не се поделени на среќни (убави) и тажни (грди)
Ништо не би било подобро од двеве опции. Сакам да сум и привлечна и дотерана и финансиски добро поткрепена и психички урамнотежена и исполнета и среќна.
Знам де, малку високо „циљам“...
Сепак свесна сум дека не можеш да имаш се у животот.