Награда за сребрен медал во Европската лига - ВИВА сокови

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Ако кошаркарите и ракометарите тренирале/играле натпревари на бетонските терени од некое основно или средно училиште и на меѓународни натпревари одат со автобус без клима, тогаш што и да постигнат т.е макар и квалификација на ЕП/СП може да се рамни со успехот на одбојкарите
 
Член од
15 септември 2012
Мислења
112
Поени од реакции
123
За злато ќе добиеја Витаминка производи. ^_^
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.389
Не знам дали знаете, ама Европска лига = Втора лига во одбојка.
Европска лига не е Европско првенство. Европска лига во одбојка не е исто како Европско првенство во кошарка или ракомет.
Европските првенства во кошарка, ракомет, фудбал се собир на најдобрите репрезентации од Европа. Европската лига во одбојка е всушност Б дивизија, додека најсилните репрезентации од светот (вкучувајќи ги и тие од Европа) играат во Светската лига.

Не знам дали ги гледавте натпреварите од Final 4 (еј, најдобрите 4 репрезентации во најслабата лига!), ама 100-тината гледачи во салата кажуваат најмногу за квалитетот на натпреварувањето. И сега, вие сакате да добијат спортски пензии или парични награди од Агенција за млади и спорт затоа што постигнале што? Успеале да го издржат патот со автобусот? Ја израдувале нацијата освојувајќи второ место во втора лига? Не знам какви им биле очекувањата, ама - мало морген.

Не велам дека успехот не е за почитување, туку дека плачењето со изјави од типот „како награда добивме само ВИВА сокчиња“ е за сеир.
Награди или бонуси за успехот треба да им обезбеди федерацијата. Исто како што требаше и превозот. Агенцијата може само да им се заблагодари и да се заложи да вложува повеќе во овој спорт.

Па замислете да се делеа награди секој пат кога каратист ќе освоеше злато на „Светско првенство“ во една од илјадниците дивизии и светски федерации кои постојат... Стандардите и условите за државни награди се знаат, тоа што некој им напумпал лажна надеж на момциве е друга работа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom