Овие два графити се наоѓаат во Пржино, откако конечно беше најдено место за цртање. Ниту еден ѕид да се немало во цела населба, погоден за цртање графити.
Ова е четврт графит нацртан по иницијатива од пржинскиот дел на Комити Ченто. За тие што не знаат, поради дружбата на членови од двете населби уште од самите почетоци на Комити Ченто, секогаш членовите од Пржино оделе со чентовци (многу ретко некои и со Кисела Вода). Никогаш немало обид за правење подгрупа, иако за редовност може да позавидат многу подгрупи кои истакнувале знамиња на западот. Годинава имаше голем собир во Пржино, пред една утакмица, а такви собири имало и во минатото.
Првиот е нацртан летото 2011, од член кој во тие години беше уште во зачетоците, потоа остави траги на западот и исчезна некаде во балканските држави
Нема подобра слика од оваа. За жал, откако се реновираше градинката, општинарите ја менуваа фасадата и графитот замина во историјата.
Вториот графит е локациски во Црниче, но нема многу поврзаност со нив, таму е нацртан поради немање други места.
За мене еден од најубавите графити, а доста слабо објавуван.
Само мал период откако беше нацртан една пијандура од локален партиски штаб го имаше испошкратно со партиски натписи, па работата дојде до тепање ако не се поправи.
Едно 8 години подоцна, графитот е делумно ишкртан со натписи, греота е да стои така и треба да се обнови со боја.
За новиве графити, малку се утна со текстот, личи на украден од група од соседната држава.