Набавувачи на делови за компјутер

Член од
12 ноември 2019
Мислења
6
Поени од реакции
0
Дали е некој информиран, дали набавувачите на делови за анхоч продаваат на идивидуи ? Ако да дали е тоа по цена како краен корисник(истата како на анхоч што ни ја нуди нас по нивниот сајт и продавници) или па по цена како на големо да купуваш(цената за која анхоч ги купува деловите од нив и ни ги препродава нас) ?
 
Член од
25 јуни 2013
Мислења
584
Поени од реакции
247

им даваат ним поевтино бидејќи земаат на големо
 
Член од
12 ноември 2019
Мислења
6
Поени од реакции
0
им даваат ним поевтино бидејќи земаат на големо
Тоа ми е јасно, но бидејќи има случаи каде во други делови од индустријата можеш директно да се обратиш на добавувачот на конкретен продукт и они ти го продаваат по цената за големо иако си индивидуа и земаш мал број работи.Затоа прашувам.
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.403
Поени од реакции
6.024
За да склопиш пц ти е или си заинтересиран да продаваш делови? Ако е за првото Едно време gjirafa имаа делови шо ги даваа и по пониска цена од таа што е на амерички пазар ама сега гледам последно поскапи се во некои случаи и од сетек и анхоч, освен ако начекаш попуст на некој производ како пред некој ден кога продаваа графичка 3070ти за 25 илјади. Штета што кај нас ретко има такви попусти на постари модели дека најверојатно кога треба да спуштат цена ги ставаат деловите во некој прибилд и ги продаваат поскапо.
 
Да си склопам за себе сакам.Некако драстична е разликата во цени помеѓу нашите и останати земји пример во случајов Германија.Што е до мене би земал од странство делови и да ми ги донесе човек, но дали се плаќа царина и прават проблем.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.676
Поени од реакции
7.266
5 % ти е царина за ИТ делови.
 
Член од
12 ноември 2019
Мислења
6
Поени од реакции
0
А Wizzair дозволува да ги носиш со себе во куфер и carry on bag ?
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.676
Поени од реакции
7.266
Да ја си носев графичка со мене горе не ми беше во куфер.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.347
Поени од реакции
4.994
Тоа ми е јасно, но бидејќи има случаи каде во други делови од индустријата можеш директно да се обратиш на добавувачот на конкретен продукт и они ти го продаваат по цената за големо иако си индивидуа и земаш мал број работи.Затоа прашувам.
Во случајов сакаш да го заобиколиш пазарниот систем и да земеш производ/и по повластена цена.
Како прво добавувачите треба и мора да се штитат себеси а потоа и своите клиенти/препродавачи одосно ти како краен конзумент да немаш пристап до директниот увозник. Се знае кој треба да има...
Тоа е само во твој и ничиј друг интерес. И јас не сакам во Тинекс да пазарам Томи Мајонез за160ден. тегла, сакам директно од Колинска Дооел да го земам за 130ден. колку што им го даваат на Тинекс. ама така е воспоставен системот и мора да го почитуваме.

Сметаме дека сме попаметни затоа што за компјутер од 40-50.000ден. во Анхоч сме нашле некој што за 2-3.000 поевтино ќе ни ги земе истите компоненти од Амако.
Тоа е цепидлачење од ситни души што сметаат дека го сјебале пазарниот систем и заштедиле. Скривајќи се зад параванот на "Ама ние сме сиромашен народ и многу снаодливи"
Не тоа е рушење на добро воспоставен пазарен систем, зошто на долгорочен период штетата ќе биде кај тебе.
Да! Се слагам на конкурентен пазар да бараш најдобра понуда каде што сите се еднакви на пазарот, меѓутоа да ги прескокнеш за свој личен бенефит, тоа не се слагам.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Да си склопам за себе сакам.Некако драстична е разликата во цени помеѓу нашите и останати земји пример во случајов Германија.Што е до мене би земал од странство делови и да ми ги донесе човек, но дали се плаќа царина и прават проблем.

Не се мачи, ако веќе си ги гледал цените и мислиш дека е поефтино, и секако ако имаш PayPal акаунт нарачај си што сакаш од Германските ИТ веб сајтови нека стигнат кај мене на адреса во Германија и јас ќе ти ги донесам крајот на Јули кога ќе си доаѓам со кола за Македонија. Единствено што не можам да ти донесам е монитор затоа што за него треба повеќе простор и треба да биде добро спакуван за да не се оштети при возењето и плус на граница обавезно ќе го видат. Друга опција имаш ако сакаш да ти ги пратам по оние комбињата што превозуваат патници и стока два три пати во неделата па да ти стисаат побрзо. Проблемот кај нив малце е што не се замараат многу дали ќе се оштети нешто или не, а иначе за услугата земаат од прилика од 50 до 100 евра и ќе ти ги донесат дома на врата. Трета опција ти е да си нарачаш исто од Германија ама да ти ги прати некој по DHL но тоа ќе те кошта доста скапо па не верувам дека ќе ти се исплати. И четврта опција имаш да одиш до Бугарија или Грција и од таму да си купиш што сакаш, цените се секако пониски од Македонија. Мислам дека можеш да ги поминеш преку граница без да ти ги видат и да плаќаш царина, ако случајно ти ги видат прави се луд дека не си знаел дека за компјутерски делови треба да се плати царина, ќе им платиш царина а може и казна и тоа е тоа. Опции имаш многу, зависи колку си спремен да ризикуваш.
 
Член од
4 ноември 2011
Мислења
51
Поени од реакции
13
Јас планирам да нарачам графичка од Уса а останатото ќе го склопим овде. Можам и повеќе делови да донесам ама разликата е 1000-15000 ден на процесор а за рестото не толку голема. Плус од странство ќе немам гаранција. Прочитав некаде дека на цел билд сетек и попуст може ќе ти даделе.
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.693
Поени од реакции
287
За 1 компјутер не можеш да земеш дилерски цени. Рагледај делови и во Инсомниа и во Нексио или нарачај си од computeruniverse.
 
Член од
12 јануари 2018
Мислења
212
Поени од реакции
121
За 1 компјутер не можеш да земеш дилерски цени. Рагледај делови и во Инсомниа и во Нексио или нарачај си од computeruniverse.
Имаш нарачувано од computeruniverse? Повеќе инфо ако можеш да споделиш, доколку си нарачувал?
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.693
Поени од реакции
287
Имаш нарачувано од computeruniverse? Повеќе инфо ако можеш да споделиш, доколку си нарачувал?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom