НОВА РАМПА ЗА ИЗВОЗОТ!!

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
До кога ќе страдаме од нашите соседи? До кога нажата власт незаинтересирано ќе го гледа тоа?

Еве што има во „Вест“, а никакви реакции од актуелните политичари (власт и опозиција)!! па добор мајку му. Ни криви ни должни страдаме.

ЕУ воведува царини за македонскиот шеќер

Европската унија ќе преговара со Македонија за количините шеќер што во иднина ќе влегуваат во земјите на ЕУ без царина. Оваа најава директно ја погодува Битолската шеќерана, која е извозно ориентирана. Поради ниската царина од 15 отсто, во Македонија влегувааат големи количини увозен шеќер, главно од шеќерна трска.
Досега немаше ограничување за извозот на македонски шеќер во ЕУ, а заострувањето на европскиот курс е последица од бројните "шеќерни афери" изминативе неколку години во земјите на Западен Балкан. За да им помогне на земјите од регионот, ЕУ дозволи бесцарински увоз на неограничени количини шеќер, доколку имаат потекло од земјата извозник. Прво се сетија во Хрватска, и во земјите на ЕУ како свој домашен производ извезувале шеќер од шеќерна трска кој е двојно поевтин. Контролите на Унијата утврдиле дека и од Србија во Унијата бил извезуван шеќер што претходнио бил увезен од некоја европска земја, што е многу исплатливо затоа што извозниците добиваат субвенции.
Иако Македонија не влезе во листата земји кои го оштетија ЕУ буџетот, сепак, нашиот преговарачки тим ќе треба да се убедува со ЕУ експертите за количините шеќер што од Битолската шеќерана ќе одат за Европска унија без царина. Европа прифаќа извоз на количините што остануваат над оние кои се пласираат на домашниот пазар.
И со Хрватска ќе се водат преговори, додека за Србија и Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија веќе се определени квотите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom