Токму затоа ни се случува ова подолу,особено кога се знае дека за отварањето на оваа "детска амбасада" од Прилеп присуствуваше и цел естаблишмент на поранешен СДСМ со едноокиот Киро како неизоставен декор.

:
Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ упати претставка до народниот правобранител Иџет Мемети во врска со политичка и воена злоупотреба на деца за агитирање и кампања од страна на деца (помали од 14 години) за влез на Македонија во НАТО. Организатор на кампањата беше Детската амбасада за сите деца во светот од Прилеп, а покровител министерот за одбрана на Република Македонија, Лазар Еленовски.
Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, се наведува во соопштението до јавноста, поради овој типичен пример на кршење на правата на детето побара министерот Лазар Еленовски да поднесе оставка, а Детската амбасада за сите деца од Прилеп, која треба да се грижи за заштита на правата на детето, да се избрише од Регистарот на здруженија на граѓани и фондации. Според Првата детска амбасада „Меѓаши“, со вклучувањето на децата во политички цели при одбележувањето на Денот на АРМ, повредени се член 3 од Конвенцијата за правото на детето, член 42 од Уставот на Република Македонија, меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон, како и Законот за заштита на децата.