Spaski
Vita - Amore - Riso
- Член од
- 31 јануари 2009
- Мислења
- 263
- Поени од реакции
- 11
Немора да значи. Да, сите овие услови важат за да може да постои живот, ама живот каков ние што го познаваме, што ако постои живот кој не е врзан за овие услови?Хемиските елементи ги има насекаде, тие се произведуваат во ѕвездите, и по нивната експлозија тие се распространуваат низ универзумот и се таложат на планетите. Засега, од 500 откриени планети Земјата е нешто посебно. Ги има сите потребни услови за живот.
Земјата се наоѓа на најдобра оддалеченост од центарот на галаксијата и само на таа оддалеченост може да има живот. На таа оддалеченост има уште милиони ѕвезди со планети околу нив. Тие планети за да подржуваат живот треба да бидат речиси исти со Земјата.
Ако се помали ке немаат доволно гравитација да си ја држата атмосферата, ако се поголеми пак ке се наполнат со водород и ке станат гасни џинови и пак ништо. Ѕвездата исто така би требало да биде речиси иста големина со Сонцето.
Ако брзината на движење на таа планета е помала тогаш планетата ке се судри со ѕвездата, ако е поголема тогаш ке залута некаде. Исто така и е потребна месечина како нашата за да и ја управува насоката. Ако бавно ротира би било пекол, ако е брзо ке има страшни ветрови. Исто така треба да има и силно магнетно поле која ке ја штити од соларните ветрови.
Ако се најде ваква планета, тогаш не гледам причина зошто не би имало и живот на неа.
Немора да значи дека само нашата форма на живот може да опстои во целата Вселена.