НАСА и Боинг, заедно во изработка на бесшумни авиони

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.069
Поени од реакции
4.716
По повеќегодишни истражувања, инженерите на НАСА и Боинг (Boeing), се на почеток на нова револуција во авионскиот сообраќај. Бесшумни или подобро кажано, авиони со намален “звучен потпис”, веќе почнуваат да бидат реалност.
Подрачјата на авионските коридори и аеродроми, веќе со децении сé извор на звучни загадувања. Прелетите на патничките и маневрите на воените авиони, знаат да бидат интересни настани, но што кога луѓето по цел ден се изложени на постојана бука?

Боинг 787 на кој се тестират „забите„

Новиот патнички авион Боинг – 787, е прв од генерацијата, кој благодарејќи на аеродинамичните и механички решенија околу моторот, имаат значително намален звучен потпис.

Механизмот на звучен потпис на авионите со години е проучуван од истражувачкиот тим на НАСА. Години на вредна работа на компјутерски модели, воздушни тунели, експериментирања, кои на крај, сепак, дале охрабрувачки резултати. На површината на авионските мотори, поставени се т.н. “заби”, а слично е поставено и во внатрешноста на инсталацијата на моторот. “Чеврони”, како што ги нарекуваат во НАСА и Боинг, овозможуваат полесен премин и мешање на топлиот млаз на воздухот од моторот, со околниот ладен воздух, со што се намалува бучавата.

Иако, поставувањето на “заби” околу површината на моторот, на прв поглед, не изгледа како радикално ново решение, сепак, за неговата имплементација,биле потребни години на истражувачка работа, како и пробни летови, за да се осигури ефикасноста на системот. Само мали варијации во позиционирањето на “забите”, може да предизвикаат контраефект, но сега, според истражувачкиот тим на НАСА, имаат решение и знаат како тоа да го вградат.

Ќе бидат потребно децении, за да можат новите генерации на авиони со намален звучен потпис, во целост да ги заменат постојните. Проблемот со авионската бучава и неговото влијание на луѓето и околината со новиот Боинг – 787, повеќе не е само фикција на еколошки настроени поединци.


http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2173
 

Kajgana Shop

На врв Bottom