Музички вести од македонската сцена

Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
"Леб и сол" во Антички театар



На Илинедн "Лаб и сол" како во старите добри времиња ќе има гала концерт во Античкиот театар.
Концертот почнува во 21 часот, а "Леб и сол" како и во "хераклеа" во Битола најавува одлична свирка во која постарите гемнерации ќе се сеќаваат на младите денови, а младите во живо ќе ги слушнат песните што од снимки ги слушаат од "Леб и сол".
"Леб и сол" ќе ги пее сите свои хитови.[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] [/FONT]
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
По концертот во Охрид, Леб и сол се подготвуваат за ex-YU турнеја


По триумфалниот илинденски концерт во Охрид, на локацијата позната како Антички театар, легендарните Леб и сол најавуваат дека со настапи по големите градови на поранешна Југославија ќе започнат во октомври или ноември. Планирано е да одржат вкупно 12 концерти, а, иако желбата на бендот беше да стартуваат од Сараево, заради верските празници во Босна во тој период, првиот концерт најверојатно ќе биде во Белград. Секако, финалниот настап ќе биде во Скопје, во втората или третата недела од декември, и тоа најверојатно во првата сала на Сајмиште...
А, што се однесува до концертот во Охрид, работите стојат вака: По извонредниот настап во Хераклеја на 6. јули, фантастичната четворка и овој пат со својата уникатна музика допре до најзатскриените душевни дамари на секој Македонец. Но, не само на Македонците, туку и на повеќето странци, кои решија една вечер од својот годишен одмор на Охридското Крајбрежје да уживаат во музиката на Леб и сол. Изостанаа битните личности од македонската политичка сцена, но можеби тоа беше поради пладневното прославување на празникот Илинден во Крушево и во Пелинце. Единствено Лилјана Поповска присуствуваше на чествувањето на празникот на еден поинаков начин, со музиката на Леб и сол. Но, нејсе. Повеќеилјадната публиката, која беше дојдена во Античкиот театар, беше сведок на уште еден историски момент, концерт на Леб и сол. Интересно е тоа дека покрај луѓето што генерациски се поврзани со музиката на Леб и сол, имаше голем број помлада генерација што израснале само слушајќи ги нивните плочи, а никогаш досега ги немаат видено во живо.
Концертот на Леб и сол почна со темата Абер дојде, Донке, и во наредните два часа тензијата се повеќе се зголемуваше. Едноставно атмосферата беше на највисоко ниво, а традиционални македонски песни како Јовано, Јованке, Учи ме, мајко, карај ме, А бре, Македонче влијаеја многу емотивно, не само кај публиката туку и кај самите музичари. Понатаму се редеа Бистра вода, Жива рана, Чувам ноќ од будних, Носим твој жиг, Таласна дужина, Деветка, Дикиева игра, Како какао, Мамурни људи, Скопје, Чукни во дрво, теми што во изминативе години секојдневно одѕвонуваа во ушите на народот. И, конечно, по толку години преслушувања приврзаниците и почитувачите на музиката на Леб и сол успеаја да ги чујат и да ги видат големите мајстори во живо.
Со тоа што го отсвиреа Стефановски, Арсовски, Димушевски и Тавитјан уште еднаш се покажа дека реоформувањето на Леб и сол не е случајно и залудно. Се вратија во вистински момент кога секојдневно сме бомбардирани од разни квази-музичари. Повторно се почувствува онаа неверојатна енергија и специфичен звук на Леб и сол, што го врати загубениот дух, но и моралните вредности на секој македонски музичар и човек – пишува во извештајот на Време...




Тоше во Античкиот театар во Охрид



Следната среда (9. август), во Античкиот театар во Охрид, најголемата македонска ѕвезда Тоше Проески ќе одржи целовечерен концерт. Концертот ќе започне во 21.30 часот, а влезниците по цена од 300 денари се веќе во продажба во Охрид, и тоа на градскиот Плоштад и во продавницата на Космофон. Како специјален гостин на охридскиот концерт на Тоше ќе настапи украинскиот поп-идол Виталиј Козловскиј, за кого менаџментот го работи тимот на Руслана.
Но, тоа не е се! Цедето Божилак на Тоше Проески на пазарот е присатно одвај две недели, но и во тој кус период успеа да стане убедливо најпродавано музичко издание во Македонија за овој период. На албумот, кој може да се купи за 600 денари, се наоѓаат 14 македонски традиционални песни, во нови аранжмански рува, и отпеани на начин како што само Тоше знае и умее. За темата Јовано, Јованке, која Тоше ја испеа во дует со Биља Крстиќ, веќе се подготвува видео-спот, за кој ќе бидат искористени кадрите од неодамнешниот концерт во Скопје. Во улога на режисер се јавува белграѓанецот Дејан Милиќевиќ.
Освен тоа, Тоше, кој неодамна престојуваше на Јамајка, открива дека македонската јавност наскоро ќе може да го види документарниот филм за него, снимен во таа егзотична земја.
Камерата ме следеше каде и да одев, вели Тоше, и додава. Документарецот ќе раскажува за почетокот на мојата интернационална кариера. Дел од снимките ќе бидат искористени за видео спот...
Во доменот на концертните активности, на 11. август Тоше ќе има настап во Сплит, а на 18. овој месец ќе го посети Ровињ. Во меѓувреме ќе биде на релација Скопје – Лондон, каде го подготвува својот прв албум за светскиот пазар!
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Аднан ја ремиксува Елена


Во своето студио Rock Star Аднан неодамна го заврши ремиксот на евровизиската Нинанајна, на Елена Ристеска, со што стана прв кој ја ремиксувал оваа песна.
Јас не би кажал дека се работи за класичен ремикс, бидејќи сметам дека посоодветниот израз е rearagment, иако и ремикс не е грешен збор. Станува збор за мешавина на поп музика, со примеси на R&B и андерграунд. Во секој случај, кој и да се обиде да направи нешто во овој фазон, ќе биде само бледа копија на Аднан и на неговата рекорд-продукција Rock Star
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Тања Б. на MTV Adria


Деби видео-спотот на Тања Б. за песната Сила, изработен од Telemitt & Strez за продукцијата Massive Sky, веќе се емитува на MTV Adria, во блокот Pure Adria. Оценките на одговорните за избор на спотови на MTV Adria се многу високи, што покажува и фактот дека веднаш по добивањето на спотот, истиот е пуштен во етерот. Според нашиве сознанија, критиките се одлични - како за песната, така и за младата изведувачка, како и за самиот спот. Одговорните на MTV Adria велат дека целиот пакет е урбан проект кој ги прати западноевропските трендови. Во истовреме ги зачудува фактот дека 15-годишната Тања Б, како и Telemitt & Strez се дебитанти на македонската сцена, секој во својата бранша...
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Во Хрватска Тоше ќе промовира нов сингл!

По синоќешниот концерт во Охрид, мегапопуларниот Тоше Проески утре ќе ја забавува публиката во дискотеката Аурора во Примоштен. Според пишувањето на угледниот загребски Вечерњи листнајпопуларниот македонски пејач, чија што омиленост межу публиката ги урива сите рекорди, конечно ќе го одржи својот прв самостоен концерт на хрватското крајбрежје. На концертот закажан за 11. август во дискотеката Аурора Тоше пред хрватската публика ќе го промовира својот најнов сингл на англиски јазик

Калиопи го ангажира Принц за својот нов спот


По успехот на спотот за ремиксот на Силна, Калиопи веќе се договори со Александар Принц да го ангажира и за нејзиното најново видео-издание – за темата Животот е џабе, која е снимена во неговото студио.
Соработката со Принц продолжува, бидејќи тимот што победува не се менува – вели Калиопи за МММ, дополнувајќи дека деновиве ќе ги прецизираат сите детали врзани за спотот за Животот е џабе, која е веќе хит во македонскиот радиски етер.
Освен тоа, Калиопи и Васил Зафирчев деновиве во Охрид интензивно се дружеа со украинскиот поп-идол Виталиј Козловскиј и со неговата менаџерка Јана, а како што ни се довери нашата музичка дива, таа неодамна компонираше и песна за неговиот следен проект.

Адриан во Струга со концерт на плажа!



Под покровителство на општина Струга и градоначалникот Рамиз Мерко, вечерва на градска плажа во Струга мегамузички хепенинг ќе одржат Адриан Гаџа и неговите концертни гости Сони, Биг Мама, Агим Пошка и диџеј Електрон. Концертот ќе почне во 21 часот и ќе трае до полноќ. Стружани и туристите кои во моментов летуваат на струшката ривиера ќе имаат можност да уживаат во песните, танчерските точки и кореографско-музичките изведби на познатите естрадни уметници, предводени од атрактивниот и популарниот Адриан Гаџа.
Со неодамнешниот спот Брилијанти, кој беше снимен во Албанија, и со овој концерт во Струга, кој се одржува во рамките на Струшко лето 2006, Адриан ја започнува новата фаза во својата музичка кариера. Влезот за концертот ќе биде бесплатен. Всушност, овој концерт е продолжение на напорната турнеја што Адриан ја има во Македонија, Косово и во Албанија. Адриан продолжува на 12. август, со концерт во Саранда и на 13. во Велепоја, Албанија. Синоќа, пак, настапуваше во Кичево.
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Паркети на турнеја низ Македонија


Битолчаните Паркети продолжуваат таму каде што ПМГ Колективот и Мугер Фугер застанаа. Овој месец тие ќе крстосуваат по нашата мала, но раскошна Македонија. Распоредот на нивната турнеја е следен:
11.08 Струга (Калабалак)
12.08 Кочани (Културен дом)
13.08 Гевгелија (Ex-Liberty)
14.08 Охрид (Дом на култура)
16.08 Велес (Ноктурно)
17.08 Штип (Дом на млади)
18.08 Неготино (Ex-Dallas)
19.08 Тетово (Рок кафе)
26.08 Битола (во склоп на фестивалот Битола отворен град + Skate contest)
Задолжително дојдете на концерт! Дотогаш, посетете го официјалниот сајт на Паркети, научете ги текстовите и спремете се за циркусот кој доаѓа во вашиот град.




Почнува шестиот Балкански музички плоштад



Викендов во Античкиот театар во Охрид, ќе се одржи шестото издание на фестивалот Балкански музички плоштад. Почетокот на концертите е во 21 часот а влезот за фестивалот е бесплатен. Вечерва (петок, 11. август) ќе настапат групата Икадем од Бугарија, и групата на Лизета Калимери и Марта Фринзила од Грција, додека утре (сабота 12. август) ќе настапат групата Earth Wheel Sky Band од Србија, дуото Мај-Јо од Швајцарија и во моментов најкреативната македонска формација групата Љубојна (на фотосот).
Организатор на Фестивалот е продуцентската куќа Трето уво.



Бојана и Ноу нејм заедно на Охрид-фест



Дуетот на поп-пејачката Бојана и црногорската група Ноу нејм, Моја мала, ќе биде промовиран на фестивалот Охрид фест. Бојана и Ноу нејм ќе настапат на третата, интернационална вечер, на 26. август, но не во натпреварувачкиот, туку во ревијалниот дел. Новата дуетска песна е од композиторот Григор Копров. Минатата недела Бојана се врати од Будва, каде што со групата го снимаше спотот за Моја мала. Атрактивната пејачка снимала на плажите на црногорското приморје, облечена само во жешки бикини…
За жал, немам ниту една фотографија за да ви покажам колку убаво си поминав. Си споив работа со одмор и по снимањето останав уште неколку дена во Црна Гора. Со мене беше и сестра ми, а "Ноу нејм" беа прекрасни домаќини – вели Бојана за Вест.

 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Tехно во Битола


На Олимпискиот стадион во Битола вечерва ќе се одржи голема техно-забава. Битолските технаџии ќе ги забавуваат еден куп диџеи, меѓу кои ќе бидат и: Васо, Фајархаус Кру, А.С.А.Н.Г, Мачки, Дејан Тевдо, Магнетизам шедоус, Флодер... Влезните билети чинат 100 денари, а поканети се сите!
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Суперхикси на Пиво-фест во Белград!


Почитувани пивопијци и фанови на бандата инструментале! Знаеме дека се наближува речиси една година како не сте ги виделе вашите Хиксовци на концерт во Македонија. Тоа ќе потрае уште малку, па затоа ви препорачуваме да скокнете до Белград на 19. август и ги израдувате вашите сетила. Таа вечер Суперхикс настапуваат на популарниот Пиво-фест, а нивниот live act е во терминот од 21 до 22 часот. Истата вечер на сцената во Белград ќе бидат и Рамбо Амадеус и Забрањено пушење.
Гости на настапот на Пеце и Бандата ќе бидат: скреч мајсторот Славе Ман и на перкусионистот Гоце Навахо.

 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Леб и сол влегуваат во студио!?


Според Кокан Димушевски, Леб и сол деновиве влегуваат во студио, каде ќе снимат една нова песна. Меѓутоа, Леб и сол немаше да биде тоа што е, доколку и во процесот на создавањето на новата песна не примени нешто поинакво од вообичаеното. Планот е ваков: Овој месец ќе влеземе во студио и ќе снимиме една нова композиција. Тоа ќе биде - на што би личел материјалот на Леб и сол. Тоа го чекаат и помладите и постарите наши почитувачи – открива Коко, и додава: Интересно ќе се работи. Имено, познато е дека сите четворица имаме тонски студија и еден од нас (дополнително ќе видиме кој) ќе започне со снимањето. Потоа метрајалот го дава на другиот и овој во своето студио го наснимува својот дел, па оди понатаму, ја проследува на третиот и конечно одраканарака кога и последниот ќе ги сними своите делници заеднички ќе седнеме во едно студио и ќе направиме дефинитивна верзија, односно ќе решиме што ќе отпадне од снимениот материјал што ќе треба да се додаде... Потоа ќе следува стандардна процедура на постигнување на саканиот саунд... Се работи за обработка на народната песна Распукала Шар планина,но и овој избор на песната не е дефинитивен. Понатаму таа песна ќе се најде како бонус-трак на живиот албум (компакт диск) на кој ќе се најде избор од материјалот од двата концерти во Битола и Охрид. Плус, ќе се појави и ДВД материјал од истите концерти. Тие ќе се појават кон крајот на септември, односно непосредно пред турнејата за која пред малку говоревме и во извесна смисла ќе бидат пилот-материјал за истите...
Во интервјуто за неделникот Денес, Димушевски понатаму вели: Договорени се вкупно четиринаесет концерти, од кои два веќе се одработени. Останува точно една дузина концерти кои треба Леб и сол да ги реализира. Настапите се закажани од крајот на октомври и ќе завршат некаде во декември со финален концерт во Скопје.На оваа турнеја ќе настапиме во некогашните југословенски центри и поголеми градови - Загреб, Белград, Мостар, Нови Сад, Сараево, Сплит, Љубљана, Бања Лука, Пула... Овие концерти ќе се случат во две сесии, а времето до почетокот ќе се искористи за подгревање на атмосферата и сеона што значи рекламна кампања
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
четврток, 17. август 2006.
DJ во Колосеум, денс-журка во Охрид...




Британскиот диџеј Паоло Моџо денес ќе гостува во летната дискотека Колосеум. Журката ќе стартува во 23 часот. Билетите во предпродажба чинат 150 денари, а на влезот на дискотеката 200 денари. Диџеј Моџо е познат по мешањето на стиловите хаус, диско и фанк. Често настапува заедно со познатиот диџеј Саша.
Но, тоа не е се! Во дискотеката Парк во Охрид в сабота ќе се одржи летен денс-фестивал, на кој ќе настапат диџеите Мун Сан од Британија, Дарк Елф и Н.О.М. од Грција. Како домашна поддршка ќе настапат Зиш и Дејан од Охрид и Бабси од Скопје. Журката е во организација на Сан оф д сан.

Pet Shop Boys во Скопје, во чест на T-Mobile


Планетарно популарните Pet Shop Boys ќе бидат главните музички ѕвезди на претстојниот T-Mobile денот, настан што во чест на ребрендирањето на Мобимак во T-Mobile ќе се случи на 7. септември 2006. на Плоштадот Македонија во Скопје. Тоа вчера на конференција за печат го најавија Мајкл Лоренс, Барт Вајермарс и Миле Бошњаковски од Мобимак, потенцирајќи дека спектакуларниот настап на британскиот поп-состав во чест на доаѓањето на брендот на T-Mobile во Македонија ќе биде бесплатен концерт за сите граѓани на нашата земја. Ако се земе в предвид дека во долгата кариера Pet Shop Boys реализираа најмалку 20-ина ултимативни хита, и дека нивниот актуелен, последен албум Fundamental предизвика лавина извонредни критики во светот, несомнено е дека Плоштадот Македонија на 7. септември 2006-та, во 21 часот ќе собере многу почитувачи на добрата музика, оти станува збор за шоу од прва класа – своевиден музички, културен и уметнички перформанс.
Секако, за ваков настан е резервиран најдобар стејџ, и за наши прилики невидена бинска опрема – озвучување и осветлување, а самото шоу ќе биде со времетраење од најмалку 90 минути, додека, пак, перформансот е идентичен на она што Pet Shop Boys го презентираа на нивната светска турнеја, а малкумина среќници од Македонија имаа прилика годинава да го видат на Егзит во Нови Сад. Одговорните во Мобимак за Pet Shop Boys се одлучија меѓу уште три опции – Симпли Ред, Блек Ај Пис и Перл Џем, бидејќи овој состав е совршен избор за повеќе генерации – семејство од над 900.000 корисници на услугите на Мобимак.
Но, тука не завршуват активностите на T-Mobile во Македонија. Напротив!Од таму најавуваат уште многу квалитетни настани што ќе се случуваат во иднина.
 

Sinisa

libertad o muerte
Член од
27 август 2005
Мислења
661
Поени од реакции
52
mRnO напиша:
Суперхикси на Пиво-фест во Белград!


Почитувани пивопијци и фанови на бандата инструментале! Знаеме дека се наближува речиси една година како не сте ги виделе вашите Хиксовци на концерт во Македонија. Тоа ќе потрае уште малку, па затоа ви препорачуваме да скокнете до Белград на 19. август и ги израдувате вашите сетила. Таа вечер Суперхикс настапуваат на популарниот Пиво-фест, а нивниот live act е во терминот од 21 до 22 часот. Истата вечер на сцената во Белград ќе бидат и Рамбо Амадеус и Забрањено пушење.
Гости на настапот на Пеце и Бандата ќе бидат: скреч мајсторот Славе Ман и на перкусионистот Гоце Навахо.

To je danas, biću tamo i izvestiću Kajganu o koncertu :)
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Бени со нов сингл Ништо од нас


Фронтменот на Нон- Стоп, Арбен Шаќири – Бени, по летниот одмор се зафати за работа. Деновиве во студиото на Тоше Поп-Симонов е завршена новата песна која како и претходната Ај, ма пиши ми ќе биде дел од албумот. Песната носи наслов Ништо од нас и зад неа комплетно авторски стои Тоше. За оваа песна Бени планира спот со Чедо Поповски. Освен тоа, од неодамна Бени има нов автомобил марка опел астра, за кој, како што вели Бени, е презадоволен од перформансите.
Пресреќен сум оти имам автомобил кој многу ми одговара. Песната, пак, апсолутно е класична рокерска нумера со одличен текст и гитари, ама љути гитари, какви што досега на овие простори не се слушнати, вели Бени.
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Синтезис и Борис Трајанов заедно и во спот


Утре (петок, 25. август), во Дал Мет Фу во Скопје, точно на пладне ќе биде промовиран заедничкиот спот на нашиот реномиран етно-состав Синтезис и маестрото Борис Трајанов, за нивниот прв заеднички сингл Божја невеста. Песната премиерно беше изведена на скопскиот концерт на Трајанов, во чест на неговиот 20-годишен јубилеј, одржан пролетоска во Универзалната сала. Продукциски, зад спотот застанаа Баги комуникации, менаџерската куќа на Синтезис и Аворд ентертеимент. Истиот во телевизискиот етер ќе биде дистрибуиран веднаш по официјалната промоција во Скопје.



четврток, 24. август 2006.
Почнува Охрид-фест 2006




Со фолк-програмата, вечерва во Охрид, на сцената во Долни Сарај, стартува уште едно издание на Интернационалниот фестивал Охрид-фест. Она што нас најмногу не интересира е поп-вечерта, закажана за утре, додека во саботата на програмата е Интернационалната вечер.
Инаку, во улога на Уметничкиот раководител на поп-вечерта се издвојува името на реномираниот композитор Младен Марковиќ. Таа вечер на сцената во Долни Сарај ќе бидат изведени 24 нови песни, а од познати домашни имиња ќе настапат Игор Шарески, Џокси, Даскал и Сања, Маја Вукиќевиќ, Славиша Ќиброски, Андријана Јаневска, Мартина, Куку Леле (на фотосот), Фани, Дексо и Елена Петреска. Дирекцијата на фестивалот за најдобриот на Поп-вечерта обезбеди парична награда од 1.000 евра, додека на Интернационалната вечер (закажана за 26. август), носителот на Гран При-то ќе добие 3.000 евра. Награда за животно дело годинава е резервирана за легендарниот македонски композитор Димитар Масевски. Во улога на водители на трите вечери, кои ќе ги пренесува А1 телевизија, и уште неколку балкански ТВ-станици, ќе ги видиме: Сузана Турунџиева, Тања Грујовска, Александар Блажевски и Един Хајдерпашиќ.
На Интернационалната вечер својот камбек ќе го има Аријан Крлиу, кој потекнува од нашите простори, и кој во Америка изгради сериозна музичка кариера. Освен него, Интернационалната вечер ќе ја збогатат и: Зорица Андријашевиќ, Нено Муриќ, Тропико, Миќа и Сања...
Ревијалната програма ќе понуди поголеми музички имиња од оние кои ќе настапат на интернационалната вечер, а меѓу другите на охридската публика ќе и се претстават: Александра Бучевац, Бојан Бјелиќ, Зана, Зорица Конџа, Бајага, АББА шоу од Хрватска, No Name, Рајко Дујмиќ...
Еве го комплетниот список на сите изведувачи и песни кои ќе настапат на поп-вечерта:
1. ОрнелаТакви како ти
2. Амир ИбраимовскиКолку зборови
3. СараОва не е крај
4. Марјан КрстескиМојот град
5. Јасмина ДимитровскаЗеми ме
6. Браво бендЛесно ти е тебе
7. Тони шоуДоцна е
8. ЖарменаДен без тебе
9. Игор ШарескиЗеми се
10. Марија ЈовановскаЉубовта ѕвони
11. Џина Папас ЏоксиЛетно танго
12. Сања и ДаскалДежа ву
13. ДаркоУмирам тивко
14. СањаШто ќе биде утре
15. Дарко НиколовскиСонувам
16. Маја ВукиќевиќЈас без тебе
17. Славиша ЌиброскиНајмила моја
18. Андријана ЈаневскаСонце
19. ДимитарТи ми требаш до крај
20. МартинаДа си мој
21. Куку ЛелеМилион причини
22. ФаниЧовек без име
23. ДексоЧија си сега
24. Елена Петреска - Галебе
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Тоше Проески со нови албум во септември

Тоше Проески денеска во Битола изјави дека е при крај комплетирањето на новиот албум, чија промоција ќе биде во септември годинава.

- Готови и снимени се седум песни. Се миксаат во Лондон. Би требало да имам уште едно патување, за отприлика месец дена, со цел да ги снимам останатите нумери. На албумот ќе има 11 композиции кои се совршени. Сите песни ги знам и тие ме отсликуваат на некој начин. Мора да признам, на мое задоволство, дека се е во еден рок фазон, рок музика која ја сакам уште кога воопшто почнав да слушам музика и тоа ми причинува посебно задоволство, рече Проески.

Поголемо задоволство, според него, е да се работи со такви мајстори како што се текстописците, композиторите, аранжерите и сите останати ангажирани околу албумот.

- Првата промоција ќе биде во септември. Тогаш ќе биде и промоцијата на првиот сингл. Албумот се уште нема работна верзија на своето име, нема наслов, но скоро ќе има, додаде Проески, кој денеска присуствуваше на промоција на проектот на УСАИД за основно образование во битолското училиште „Крсте Мисирков“.
Извор: МИА
 

Kajgana Shop

На врв Bottom