ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
TpH_Bo_OkO напиша:Реков - имам слушнато ане дека знам имиња презимиња и матични броеви на кои биле и шо биле...Често одам во Прилеп, имам многу пријатели таму, сите се горди Македонци...ти си единствениот бугар што виртуелно го познавам од таму...
Е, сега...
Ако со ова целиш на Мијалков уште сега ќе те ппресечам. Не куди таму каде што немаш блага врска! Татко му на Сашо, Јордан умре т.е. му беше извршен атентат на пат кон Белград токму од српските тајни служби а по вина на шпиунот кој го возеше...Зошто? Затоа што е еден од оние кои ги имаше сите податоци за фаци кои правеа злодела кон Македонскиот народ како што се Киро...Гошев...Колишевски, и еден куп други „агенти“ кои мамата им ја расплакуваа на Македонските лавовски срца по подрумите на куќите на Водно...Но ова е сосема друга тема на дискусија...Мијалков е идеалист на ВМРО, поради истото и го погребаа и не чепкај работи кои очигледно не ги знаеш воопшто.
Не целам на никого конкретно додека сам не се намести,само се сеќавам дека 84 во Битолскиот окружен суд од истражниот затвор Црн Мост не спроведуваа џандари колеги на покојниот Мијалков,подоцна тие исти џандари станаа командири па и началници на полиција.Благодарение на адвокатот(дедо на Веле Самак) и огромните суми на пари што ги издвоија нашите фамилии за адвокати како "Самако" поминавме со по 3 години Идриз,максималната беше 12,а тортурата за политички затвореници во Идризово беше и полоша од онаа на Голиот Остров,се лежеше заедно со најголемите криминалци во тоа време кој го имаа истетовирано Тито на градите мислеќи дека џандарите нема да ги тепаат токму на тоа место каде што стои ликот на нивниот идол и можеби беа во право.
А провокациите слични на оваа од Тарзан (кој викал од баџа урааа) или братот (кој мисли на Македонците да им продава Бугарски мадиња) се дел од Македонското секојдневие.Учителот на Интел со иницијали Н.С. не го познавам иако на сите осудени во тој процес ни беже забранет секаков контакт во и по излегувањето од затвор се до 94 збор не прозборевме,ги вртевме погледите еден од друг како да сме на крвна омраза,ама таков човек немаше осудено на тој процес.
Што пак се однесува до восочните фигури ставени во агендата на нашиот премиер можам да кажам дека овојпат Гвујо малку повеќе ја претера па дури и некои негови слепи следбеници имаат забелешки на таквата идеја.