Монопол во сервисирањето на владините луксузни возила

Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Монопол во сервисирањето на владините луксузни возила. Владата на Груевски оваа година реши тендерот за одржување на возниот парк да го додели само на една фирма - сервисот „Скендеровски“.
Одбиени се сите други кои конкурирале, и „Мерцедес“ и „Ауди“, иако во владините гаражи најбројни, се токму овие возила.
Сервисерите обвинуваат дека тендерот е наместен, затоа што сервисот „Скендеровски“ е специјализиран за возилата „Пежо“.
Досега тендерот за одржување на 150-те владини автомобили никогаш не бил доделен на една фирма. Го делеле речиси сите сервисери специјализирани за одредени типови автомобили.
Колачот од овој тендер вреди меѓу 300 и 350 илјади евра на годишно ниво.
Сопствениците на сервисот, браќата Скендеровски, не беа достапни за коментар. Оттаму ни рекоа дека тие заминале на скијање.
Зошто е фаворизирана фирмата „Скендеровски“, не добивме одговор ниту од владината служба за општи и заеднички работи. Директорот Васе Доневски беше зафатен, образложение за изборот најави утре.
Добро информирани извори за А1 тврдат дека чести муштерии на „Скендеровски“ се луѓе од првите ешалони на владеачките ВМРО-ДПМНЕ и ДПА.
На веб сајтот на Министерството за финансии тендерот се води како затворен. Значи ли тоа дека одбиените кои се жалеле нема да ја сменат одлуката на Владата? Рокот за жалби истече денеска.
Дел од сервисерите велат дека не се само парите во прашање, туку и безбедноста. Токму затоа досега возилата се одржувале во овластените сервиси.
Посебен проблем сега е како ќе се сервисираат блиндираните возила, во кои освен државниот врв, често се возат и високи меѓународни претставници.
 
P

Princ

Гостин
Фала богу, што сакавте вие? Братучед ми да им ги сервисира колите? (Зборам за монополот).
 
Член од
27 февруари 2006
Мислења
1.356
Поени од реакции
9
А бе нема гајле, па време беше и овие да им дадат на некого на наместен тендер, па ке издржеа скоро цела година без да наместат нешто, па и не е толку страшно, секако ние не се возиме во тие автомобили
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Јас да бев сигурно возилата немаше да се сервисираат така, ама нели не сум јас одговорен за таа работа...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom