Без потреба драматично...
Мојот заклучок од животот е дека, што и да завршите, што и да учите, на крај ќе работите најверојатно она што ви било хоби т.е. она што од секогаш сте го сакале.
Се додека не дојдете до стадиум кога ќе го работите она што го сакате, нема да ви биде исполнет животот, а ниту пари ќе вадите како што треба.
Значи тезата од Трн да ја преформулирам, како што кажал еден паметен.
ФОРМАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЌЕ ВИ ДОНЕСИ ПЛАТА,
СОПСТВЕНАТА ЕДУКАЦИЈА ЌЕ ВИ ДОНЕСИ БОГАТСТВО!!!
Ефектен наслов, паѓа у очи
Него...Прво, ако збориме за просекот, кога ја прави одлуката за факс, истиот
има околу 18 години. Што, генерално, е сеуште возраст кога си бајаги зелен и често носиш одлуки за кои ќе се каеш после.
Потоа, ретки се случаевите кога потенцијалниот студент има јасна и недосмислена наклоност кон нешто, па може веднаш да направи избор. Почесто факултетите ги бираме од толку споредни причини што е трагикомично.
Така да, на почетокот, ако твоите те усмерат, и не е толку страшно.
И најдобра опција се два факултети (додуше ако ја се прашувам, цел живот само би студирала, али тоа е друга прича). Првиот како опит, вториот како твоја вистинска желба.
Апслоутно се слагам со цитираниве. Главниот проблем е како што кажа Ада тоа што на 18 сме релативно зеленкасти и си имаме, како што викаат "енглезине" delusions.
Јас на 18 год. једино знаев беше дека ме интересира општеството, државата и тн тн. Ништо конкретно. Така си лутав (читај: летав) со паметот да учам секакви работи. Сакав историја, на почеток, па политика, па се мислев за филозофија или социологија. И, на крај решив дека сакам политички науки. Им кажав на моиве и тие отпрвин немаа никаков став, немаа појма што е тоа политички науки. Ама прво што ме прашаа беше: Што ќе работиш со тоа? Гледаш како реално пристапуваат кон "проблемот". Тоа му фали на еден 18-годишник. Мојот план беше, ај ќе завршам па после ќе видиме. Полсе, тие се распрашале ваму таму, што како и беа против зошто мислеа дека нема да можам да се вработам со тоа и предлагаа Правен, зошто со него сум имал повеќе шанси за наоѓање работа, а и не било многу различно од Политички. Ја нејќев да чуам. Ама после многу консултации и ја се сложив. И така, не ми беше многу лошо дур не дојде втор семестар. Тогаш дојдоа некои стриктно (приватно) правни предмети кои воопшто не ме занимаа. И, ја, во криза. Ништо не учев, не ми се ми одеше на предавања, размислував да се откажам и да се презапишам.
Тогаш добро размислив за својата иднина, најреално што можев. И тоа што го сватив беше дека, дипломата е само клуч што отвара некои врати. таа е само потребна човек да се вработи или пак ако не успее во остварувето на соништата да има safety net, нешто на што ќе може да се ослони кога ништо друго нема да успее. А сопствената дополонителна едукација како што кажа тенеке е тоа што ќе ми го донесе она што го сакам. Зошто факултет кроен по моја мерка, што ќе ми одговара совршено на моите желби и потреби не ни постои.
Затоа добро е родител да ти посочи кој пат е подобар, секако не да се наметнува и наложува што да студира детето, ама терање по свое и одење на своја глава и свој ризик е, спрема мене, многу многу опасно нешто. Можеш слободно да завршиш нешто, да неможеш да се вработиш (ова е сепак Македноија каде што живееме не е Запад. Сте слушнале за она: Завршив ликовна академија и сега можам да се сликам) и да бидеш 30 годишен невработен лузер, без перспектива, што живее со неговите како паразит на нивен грб. Да дојдеш до тоа точка да молиш Бога да имаш таква среќа да одиш домазет кај некоја побогата. Реално гледано.
Затоа Трн
Исполнување на таква желба, значи откажување од својата желба, и удобноста во тоа што од утре ќе го работите цел живот!
обезбедувањето на гола егзистенција има приоритет пред остварувањето на твоите животни желби. Реалноста е сурова, нажалост, но мораме да се соочиме со неа.