- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
Jaс имам многу мали познавања од економијата и финансиите. Подобро стојам со познавања од историјатаПроблемот е дека сите тие пари шо се должат не се реални, барем поголемиот дел од нив. Јесте дека еден дел од парите се на штедачи, оти кога ти штедиш пари у оваа банка, добар дел од банките штедат у поголеми банки, и тие банки нели ги даваат кредитите, ама добар дел од тие кредитирани пари се испечатени од нигде никаде.
Тоа и е причината оти не лажат дека контролираната ниска инфлација е добра. А у секоја една држава се дешава тоа.
Монетарната политика вика дека печатењето пари не е проблем, само и само ако тоа значи дека се повеќе луѓе испаѓаат од сиромаштија, и тоа би било да се олесни размената на добра.
Ама кога се печатат пари без да бидат покриени со излегување од сиромаштија и зголемување на БДП, настануваат проблемите. Како шо нели не лажат со контролираната инфлација.
И кога тие пари немаат покритие идеме до економски кризи.
Пошто денес се печатат пари без покритие и се даваат како кредити, идеме до дереџето до кое идеме. А последните неколку економски кризи, биле од толкав размер шо просто ниедна држава не останала незасегната.
Колку што ги следам твоите постови, ти си заговорник на ставовите на Хајек, слободен пазар, високи камати, без интервенции на државата, ....
Но никој па ни Хајек ( да е жив ) не може да предвиди што ќе се случува во иднината.
Во 107 година пред новата ера, тетин му на Цезар, Гај Марие, направил боени реформи, според кои во Стариот Рим е воведена платена војска. Од тогаш датираа постоењето на легиите. Тие реформи се направени, бидејќи не можел да собере војска од побогатите римски граѓани. Претходно Рим имал неколку воени порази, каде изгинале голем број граѓани и морал да регрутира сиромашни кои добивале плата а по одреден број години, биле отпуштани како ветерани при тоа добивајќи отпремнина и земја.
Формирањето на професионална војска, барало пари за нивните плати и пензии, Тоа довело до појава на воени команданти, кои воделе војни за да обезбедат пари. Такви биле Сула, Помпеј и Цезар. А на крај довело до пропаст на републиката и воспоставување монархија
Марие немал да ја укине републиката, тој сакал да обезбеди војска, а ете неговите реформи довеле до пропаст на републиката
Така и денес... Никој не е „ пророк “