Михајло Пупин - голем научник и хуманитарец, но и борец за независна Македонија

Член од
20 април 2013
Мислења
29
Поени од реакции
15
Ексклузивни сознанија за Мировната конференција во Париз (1)


„Пупин сака да се најде овде во времето кога ќе се решава за исправките на нашата граница спрема Бугарија, бидејќи сега има силна пропаганда во корист на Бугарија, а мисионерите и професорите на Роберт-колеџот водат жестока кампања за автономија на Македонија“.

На одвоена консултативна седница на југословенската делегација во Париз, одржана на 2 мај 1919 г., се дискутирало за Вилсоновиот план за Балканот и на крајот биле усвоени неколку заклучоци по кои треба делегацијата да решава. Во заклучоците, во шестата точка, се зборува за македонското прашање:

„...г. Бошковиќ соопштува дека според информациите што ги има, барем до извесна мера во Америка, таму се шири идеја за автономија на Македонија. Ако Вилсон ја прифати таа идеја и со неа излезе во јавност, ќе биде многу тешко состојбата да се врати назад. Затоа би било потребно на некој начин да се спречи Вилсон во тоа, зашто нашето кралство никогаш не би се сложило со таа комбинација. Би требало за ова да му се каже на Пупин, кој се интересира за ова прашање“.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31314712442&id=9&prilog=0&setIzdanie=23124
13.03.2014

Како Пупин беше личен пријател на Вилсон " автономија" на Македонија (бугарска работа) не се случи ...

Да се извинам однапред за грешки во постов. Јас не живеам во Македонија и македонски научив од весниците. Пупин се несомнено чувствуваше како Србин. Поради тоа, како млад имаше проблем со Австро-унгарската власт. Тој активно учествуваше во работата на неколку српски емигрантски организации и беше основач на некои од нив. Прочитате неговите мемоари кои добиле престижна книжевна Пулицерова награда , а потоа судите . Тој беше силен поддржувач на југословенската идеја. Постојат неколку детали кои индиректно имаат врски со Македонија. На себе има дадено презиме Идворски по селото каде што беше роден (како Јован Цветковиќ - Долгач , Глигор Соколовиќ - Небреговски , Јован Станојковиќ - Довезенски , Јован Стојковиќ - Бабунски и.т.н.). Во Србија тоа не е обичај. Тој беше голем добротвор на охридскиот регион и даваше помоќ на сиромашните деца. Уште во 1930 година една улица во Охрид доби неговото име во благодарност за тоа.
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
611
Поени од реакции
493
Научникот Михајло Пупин и САД сакале автономна Македонија уште во Версај
Научникот Михајло Пупин е Србин, а корените му се од Македонија, тврди историчарот Павле Митрески. Пупин, на Версајската мировна конференција се залагал Македонија да добие автономија и финансиски ја помагал.


Деновиве во Охрид фондацијата „Младен Селак “ од Белград, Србија на професор д-р Павле Митрески му врачи „Пупинов медал“ за неговите долгогодишни истражувања и расветлувањето на животот, научната и општествена ангажираност на светски познатиот Михајло Идворски Пупин. Пупиновиот медал е востановен со одлука на Владата на САД во 1958 година.

„За Михајло Пупин започнав да се интересирам пред околу 40 години. Тоа време за нас научниците беше царство за пишување, бидејќи како историчари и истражувачи бевме помагани. Од секогаш сум се залагал, секое истражување да биде поткрепено со документи и факти. Тоа го потврдував на сите собири од областа на историските и правни науки. На една јубилејна годишнина на универзитетот во Белград еден од тогашните дипломати Кочо Јончиќ и добар познавач на историските и правни науки ми се обрати и ми рече: „Ти треба да докажеш дека Михајло Пупин потекнува од Македонија. Но, му реков:- како тоа? Тој е Србин од Идвор.“ Професорот Јончиќ ми рече дека имал сознание дека потеклото на семејството Пупин е од охридско – струшкиот крај. Дури по една година започнав со истражувањето на библиографијата на Пупин напишана на српски и англиски и веднаш се појавија факти, како поткрепа на тезата дека семејството Пупин потекнува од Македонија.


Д-р Павле Митрески

Предците на Пупин се Власи од Скочена, кај Ресен

Пет години „заглавив“ во архивите во: Панчево, во Идвор родното село на Михајло Пупин, Белград, до Њујорк. До доказите можеби немаше да стигнам толку брзо,ако ја немав поткрепата од тогашниот декан на Електро- техничкиот факултет во Скопје, сега академик Томе Бошески. Факултетот ги помогна моите истражувања и дури кон крајот на 1994 година, визијата ја имав пред себе. Пронајдов оригинални турски документи од 1568 година во врска со даноци. Во нив пишува дека во селото Скочена, ресенско живеел Никола Пупин, пра, прадедо на научникот Михајло. Ова влашко семејството, тука се задржало долго, но болеста колера ги натерала да се преселат. Дел од нив заминале кон Корча и Поградец, односно Моско Поле. Со истражувањето, тргнав од селото Нича, преку селото Морја до православниот храм од 14 век и најдов гробници на семејството Пупинови. На крајот од 17 век во времето на Али Паша Јанински и неговите зулуми, семејството Пупин кое живеело од сточарство и било навикнато на преселби заминало кон Струга, во селата Горна и Долна Белица и Вевчани. Подоцна од четворицата браќа, двајца останале во Вевчани, а двајца меѓу кои и дедото на Михајло Пупин, се преселиле во Србија. Научникот Михајло Пупин е роден во Идвор во 1854 година. Татко му се викал Константин, мајка му Олимпијада, доказ повеќе дека морала да е од овие јужни краишта блиски до Византија.Таа била неписмена, ама мудра, го терала да учи бидејќи забележала дека е бистро дете. Пупин заминува во Чешка, а оттаму во САД, завршил факултет и се занимавал со наука и истражувања. Пронајдоците од областа на електро- магнетните бранови, радиотелеграфијата..., му донесле слава и богатство. Тој е добитник и на Пулицеровата награда во 1924 година , за своето автобиографско дело: „Од пасиштата до научник “. Пупин по смртта на мајка му во 1914 го формира фондот „Помош за јужните српски краишта „Олимпијада Пупин“.

Пупин финансиски помагал, училишта и цркви во Македонија


Камбана - подарок на Михајло Пупин за црквата Св. Богородица Перивлепта

Д-р Митрески истражувајќи стигнал и до документи во кои пишува за помошта која Пупин ја давал за Македонија. „Во почетокот Пупин испратил 100 илјади динари и помогнал 12 средни училишта меѓу кои и гимназиите во Скопје, Битола и Охрид, особено ги помагал бедните деца кои сакале да се образуваат. Со пари од фондацијата помогната е изградбата на женското – занаетчиско училиште во Струга и „Радничка“ во Охрид, денешната административна зграда на Завод и Музеј, а во спомен на борците од Првата светска војна кои се бореле на Кајмакчалан, во селото Брод – Мариово подарил камбана Пупин во Америка бил близок пријател со владиката Николај Велимировиќ и во разговор со него дошол на идеја да помогне директно во Охрид, поточно една од црквите. Така, Пупин во 1923 година во негов спомен ја помогнал изградбата на камбанаријата и ја подарил скоро три тони тешката камбана која и денес е во употреба во црквата „Света Богордица – Перивлепта“. Камбаната е лиена во Љубљана и на неа пишува: „Поклон од Михајло Пупин – Да ѕвони за славјанските народи – обединети“. Токму, деновиве со грант од американската амбасада во Скопје, преку Управата за заштита на културното наследство на РМ, се реставрираат камбанаријата, манастирскиот конак и фрескоживописот на црквата во Охрид.

Автономија за Македонија, предлагал Пупин, како дипломат

Како научник Михајло Пупин членувал во 25 академии, но како голем пријател на тогашниот американски претседател Томас Вудро Вилсон влегол во дипломатијата. Во тој бурен период од почетокот на 20 век втурнат е во балканските збиднувања,а со тоа и во решавањето на судбината на земјите на Балканот меѓу кои и Македонија.


Камбанаријата во Охрид се обновува

Д-р Митрески вели: „Пупин во 1919 година е дел од Версајскиот мировен договор. Од една страна ја претставувал САД ,а ја застапувал и Владата на Србија заедно со нејзиниот премиер Никола Пашиќ. Во тие дипломатски активности за давање право на малите народи во Европа, особено на Балканот, Пупин од страна на претседателот Вилсон бил задолжен да подготви програма за автономија на сите мали народи меѓу кои и за Македонија. Со тоа, тој го признал и македонскиот народ како посебен. Програмата на Пупин од 14 точки била прифатена од Владата на Америка. Србите разбрале и не сакале да слушнат за таа идеја, бидејќи со Лондонскиот мировен договор, претходно дел од Македонија им припаднал нив на владеење. Тогаш Пупин и Пашиќ се скарале и Пашиќ го отстранува од листата на соработници. Во Белград против Пупин, Пашиќ организира демонстрации на студентите кои дури барале негов линч. Тоа врз него делувало разочарувачки, заминал за САД ама не се откажал од ставот за автономија на Македонија, “ вели Митрески. Тој признава дека со децении истражувајќи ја оваа тема наидувал на препреки, негодувања од српски,ама и македонски колеги историчари. Но дека најголем дел од нив врз основа на документите успеал и да ги увери во вистинитоста на неговите тврдења. Познато е дека многу земји од Балканот сакале да го присвојат Пупин и се обидувале да докажат дека корените му се од Србија, Бугарија, па и од Русија. „ Истражував,ама никогаш не тврдев дека Михајло е Македонец, тој се декларирал како Србин, но потврдив дека неговите корени потекнуваат од Македонија,“заклучува Митрески. Зад д-р Митрески се три книги напишани за Михајло Пупин, од кои последната е за Вевчани каде е изградена и реконструирана Музеј - куќата на Пупиновци. Неговите документирани факти доведоа до блиска соработка меѓу Вевчани и родното место на Михајло, Идвор. Тој вели дека ако го послужи здравјето ќе продолжи да ја истражува приватната кореспонденција на Пупин со институциите и пријателите, која е документирана во Белград,а бара начин како да дојде до неа.

извор: http://www.dw.com/mk/научникот-михајло-пупин-и-сад-сакале-автономна-македонија-уште-во-версај/a-18561344
 

Kajgana Shop

На врв Bottom