Метали во Моноатомска Состојба

macaparket

Oфицијализиран Паркет!
Член од
16 јуни 2009
Мислења
281
Поени од реакции
14
Овие метали не се мистерија! Напротив постојат и се добро познати на денешната научна заедница!
Тоа е состојба на преодните метали која настанува со дезинтегрирање. Металите ја губат состојбата да реагираат, ја губат цврстата форма и се претвораат во прав. Атомите имаат високо енергетска состојба бидејќи целата енергија која ја користеле за реакција со соседните атоми сега ја свртеле навнатре кон себеси. Енергијата го деформирала јадрото истегнувајќи го во издолжен облик познат како асиметрична брзовртечка состојба. Поради тоа тие се суперкондуктори.
Имав уште податоци за овие метали во книгава (Мапа од Коски - Џејмс Ролинс) ама неможам да ги најдам ептен е голема 400 страни.
Мистеријата кај нив е нивната историја.
Спомнувани на различни места по различно име се чини дека овие метали им биле многу повеќе познати на минатите народи отколку на овие денес.
Се започнува во Египет каде фараонот Тутмес во 1450 г. п.н.е. го формира така нареченото Големо бело братство познато по проувањето на мистериозниот бел прав, кој бил опишан како искован од злато а од него се правел бел леб. Него го конзумирале само фараоните за да ја зголеми нивната свесност. Покрај бел леб било нарекувано и бела храна и mfkzt. Сепак неговото најстаро име е во Книгата на мртвите и се нарекува Што е тоа.
На хебрејски Што е тоа значи manna или светиот леб на израелците. Таа мана од небото Мојсеј му наредил да ја направи на Безалел кој бил златар. Маната се чувала во Ковчегот на Заветот, а можно е и тој самиот да бил направен од тоа.
Еврејската кабала зборува директно за бел прав од злато, прогласувајќи го за магичен, но може да се користи за добро или зло.
Тука некаде се спомнува и Алексданар Македонски кој се интересирал за егзотично знаење. Во Александирската библиотека има текстови во кој се спомнува Рајски камен кој кога е тврд ја надминува сопствената тежина во злато, а сепак кога ќше се здроби во прав тежжи помалку од перце и може да плови т.е. левитира.
Маната се спомнува и во Новиот завет. Пр.:”Благословен да биде ловекот кој ќе го надвладее зошто ќе му биде дадена скриената мана, белиот камен од најчист вид.”
Марко Поло пак раскажува прикзана за тоа дека Магите добиле подарок од Хрисотос. Тој поклон бил обичен бел камен, Свет камен. Во текот на патувањето кон дома каменот пламнал во огин што не може да се изгаси.
Понатаму се спомнуваат и Децата на Соломон т.е. Темплари и калуѓери од Систерканскиот ред кои се поврзани со готската архитектура која оддавала впечаток на бестежинство, како и многу познати физичари како Роберт Бојл кој го истражувал ова злато но го прекинал истражувањето тврдејќи дека е опасно. Во тој период ова злато најверојатно било именувано како Филозофски камен.
 
T

Tetro

Гостин
Спомнувани на различни места по различно име се чини дека овие метали им биле многу повеќе познати на минатите народи отколку на овие денес.
не би се сложил со вашето мислење. :хехе:

Се започнува во Египет каде фараонот Тутмес во 1450 г. п.н.е. го формира така нареченото Големо бело братство познато по проувањето на мистериозниот бел прав, кој бил опишан како искован од злато а од него се правел бел леб. Него го конзумирале само фараоните за да ја зголеми нивната свесност. Покрај бел леб било нарекувано и бела храна и mfkzt. Сепак неговото најстаро име е во Книгата на мртвите и се нарекува Што е тоа.
поврзано е со
повеќе за ова можеш да прочиташ на линковите
http://whitepowdergold.com/
http://whitepowdergold.com/framewhatis.html
http://mystery.wyrdweb.eu/en/mfkzt
http://www.gold-eagle.com/editorials_05/srobbins011806.html

http://www.livevideo.com/media/tag/mfkzt.aspx -видео
 

macaparket

Oфицијализиран Паркет!
Член од
16 јуни 2009
Мислења
281
Поени од реакции
14
не би се сложил со вашето мислење. :хехе:
Хаха.:kesa:
Грешка во изразување извини. Нив им биле познати тие ги користеле, но немале такво разбирање како сега. :smir: А тоа се однесува на поголем дел од нив.
Сега јас пак со книгата. Тука е спомнато конкретно за едно друштво на Маги кое имало бајаги поголемо разбирање од сите и можеби знаело повеќе за нив отколку денес што се знае.:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom