Менување религија

Г

Господ

Гостин
Бесплатни реплики од трозабецот на Посејдон со него лесно можете од вашата обична када да направите вистинско релаксирачко џакузи.
Се што треба да сторите е да ги брцнете во полна када врвовите од трозабецот и на глас да ја пеете грчката химна!
Ако се јавите во наредните петнасет минути бесплатно ќе добиете и додаток за на крајот на дршката респираторче што испушта миризлив арома.
Ако во рок од седум дена не сте задоволни од производот можете да го вратите и ќе ви биде вратен целиот износ што сте го платиле.
Побрзајте количините се ограничени,јавете се на 0800 1 44 44 повикот е бесплатен.
 
Член од
16 февруари 2008
Мислења
27
Поени од реакции
5
Бесплатни реплики од трозабецот на Посејдон со него лесно можете од вашата обична када да направите вистинско релаксирачко џакузи.
Се што треба да сторите е да ги брцнете во полна када врвовите од трозабецот и на глас да ја пеете грчката химна!
Ако се јавите во наредните петнасет минути бесплатно ќе добиете и додаток за на крајот на дршката респираторче што испушта миризлив арома.
Ако во рок од седум дена не сте задоволни од производот можете да го вратите и ќе ви биде вратен целиот износ што сте го платиле.
Побрзајте количините се ограничени,јавете се на 0800 1 44 44 повикот е бесплатен.
lol
od kaj ti e inspiraciava? :D
 
Г

Господ

Гостин
Топ Шоп :pos2:

он топик

Изработка на чергичиња за клањање.Отсега можете да се клањате каде сакате,во џамија,дома,во продавница или на улица.
Чергичињата се дел од програмата дормео така да се заштитени со истиот акти гард слој против бактерии и алергени така да нема да кивате кога ќе се клањате.
По избор со доплата може да нарачате мемори пена во чергичето која во себе ќе меморира каде ви била тинтарата каде колената а каде газот додека сте се молеле и нема да имате проблеми со Алах при вртење на чергичето на погрешна страна.
Чергичињата исто така по избор и со доплата се разбира може да добијат и ресички за да ви ги скокоткаат стапалата за време на молитва.
Јавете се,повикот е бесплатен.
 

ZigZag

Заменик министер
Член од
19 јули 2006
Мислења
347
Поени од реакции
248
НОВО!

Летачки килими во сите бои i текстури. Купи 3 - добиј 5. Кога метлите излагат од мода, се враќа постарата мода.

Сте јаделе чоколаден дедо мраз и чоколадно велигденско зајаче? Сега пробајте го новиот производ на слаткарница Аладин - чоколадиран џин во маслена ламба! Затоа што чоколадираниот дедо мраз не ви исполнува три желби!
 
Г

Господ

Гостин
Продажба на големо на камења за каменување богохулници.
Килограм камења 40 денари најдобра зделка во градот.
За секои десет купени килограми добивате бесплатен крст за распнување од абонос или махагони.
Покажете им на еретиците и верниците во други богови дека вашиот е најсилен и може да ги истепа сите други.
 

ZigZag

Заменик министер
Член од
19 јули 2006
Мислења
347
Поени од реакции
248
Битка на Боговите

Ви здодеа од обичните кечери? Не очајувајте!
Сите ваши омилени божества, митолошки суштества, пророци, јасновидци и месии во рингот. Пресметка во четири и во сто очи.
Лајн ап:

12те исусови апостоли vs 15те тивериополски маченици
Херакле vs Исус
Арес vs Хад
Кербер vs Змијата од едемската градина
Илјада проколнати души vs Светиот Дух
Том Круз vs Ксену
Ностердамус vs Баба Вањѓа
и
Мојсеј vs Одисеј - кој ќе остане со -сеј? Дознајте на Божиќ точно на полноќ.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Боглас

Глумам сексуален бог кај сите напалени и згодни жени без разлика на бојата, годините и општествениот статус.

Задоволувам механички или со разни фетиши. Кога е период на постот задолжително задоволувам со кратка предигра од 10 до 15 минути.

Кога е времето за молитва може да ми се обраќате како "охх мој докторе" или "oх мој професоре", a за време на празниците задолжително е носењето на вашето нај секси парче на облека.

*исполнувањето на вашите желби е 100% гарантирано од Brazers inc. и Hustler TV
 
Г

Господ

Гостин
Осамени сте?
Љубовта ве напуштила?
Немајте гајле ние имаме решение!
Cupid & Cupid ви нуди неверојатна понуда.
Истрелување стрели во газот на вашите сакани за симболична сума од 100 евра од стрела.
Ако нашиот мал стрелец не погоди од прв пат не очајувајте секоја втора стрела е 50 евра а секоја треба бесплатна.
 

ZigZag

Заменик министер
Член од
19 јули 2006
Мислења
347
Поени од реакции
248
1.Модели на титани во природна големина, во продажба сега!

2. Дали вашето дете или вашите деца се непослушни спрема вас? Не веруват во оностраното? Тогаш нашиот бебистиер сервис Баба Јага и Баба Рога инкорпорејтед е створен за вас! Еве едно писмо од задоволните корисници на нашиот сервис:

-Јас и мојот маж забележавме дека нешто не е во ред со нашето дете кога излегуваме од дома, не сакаше воопшто да спие ниту да влезе во својата соба. Седеше до касно во ноќта, а и понекогаш го затекнувавме како гледа филмови непристојни за негова возраст. Повикавме бебистиерка од Баба Јага и Баба Рога инк. и нашето дете до ден денеска не е излегло од собата. Ви благодариме Баба Јага и Баба Рога зашто го направивте нашиот живот поспокоен!

Баба Јага и Баба Рога инкорпорејтед и сите проблеми со вашето дете летат со метла.
 
Г

Господ

Гостин
Сакате да летувате на остров но немате пари да платите превоз со брод?
не очајувајте тука е е Moy-Say најновиот изум на компанијата Yamahahova.
Овој таканаречен сплитер не разделува интернет конекции туку секаков вид на мориња и океани*.
Во вистинските раце ова мало гаџетче може да го раздели и пацификот за да вие слободно го упалите моторот или автомобилот и тргнете на патувањето на вашиот живот.По пат ќе видите пејсажи какви што има само на Дискавери каналот и најдобро од се нема опасност од кинење конци од бодење со ражина опашка во груда.
Не дозволувајте наојбична работа како океан длабок неколку бедни километри да ве спречи да уживате.


*Основниот moy-say разделува само реки и езера,цената е 50% повиска за мориња и 100% за мориња и океани.
 

ZigZag

Заменик министер
Член од
19 јули 2006
Мислења
347
Поени од реакции
248
Изгубена третата глава од Кербер.
За тој што ќе ја најде следува награда Романтично пловење за двајца на гондола во реката Стикс.

Јавете се што е можно побргу на Хад.
 
Г

Господ

Гостин
Се чувствувате како слабак?
Никогаш не сте добиле фер борба?
Сакате да се докажете како алфа мажјак?
Тогаш ние го имаме решението за вас.
Нашиот најнов производ "Марс Напаѓа" е молитвениче кое содржи џедајски холокрони од богот Марс кој ќе стане ваш личен тренер како Рамбо Сталоне во Роки 5*
Верувале или не за помалку од еден месец Марс Напаѓа ќе ве направи боксер** кој не е за потценување.


*Ако Марс не е заоволен од вас исто како Роки 5 ќе ви ја здроби тинтатарата.
**За секоја дополнителна вештина се доплаќа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom