Мајами 2012 (АТП Мастерс 1000)

Статус
Затворена за нови мислења.

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Здраво,
Еве се одлучив да ја отворам темата за Мајами. :D

Втор турнир од серијата Masters 1000 оваа година, тоа е мастерсот во Мајами, Флорида. Овој мастерс се смета како петти грен слем и заедно со Индијан Велс се играат по 2 недели за разлика од останатите мастерси кои се играат само по една недела.

Турнирот го создал поранешниот тенисер Butch Buchholz чија намера била ова да биде прв голем турнир во сезоната бидејќи грен слемот во Австралија се одржувал во декември. На турнирот учествуваат по 96 играчи во сингл конкуренција, и мажи, и жени.
За прв пат овај турнир се одржал во 1985 година во Delray Beach, во 1986 во Boca Raton и во третата година од одржувањето конечно во Мајами каде се одржува и ден денес. Од 2007 се вика Sony Ericsson Open.
Централниот терен на Крандон паркот во Мајами е еден од најголемите со капацитет од 13300 гледачи. Има 12 натпреварувачки терени и 6 терени за тренинг.
Од година во година посетеноста расте. Минатата година мечевите ги гледале вкупно 316,267 луѓе.

Победници од минатата година


Квалификациите се одржуваат во понеделник и вторник, женските мечеви од првото коло почнуваат во вторник, а машките во среда.
Ќе биде многу интересно дали Ѓоковиќ ќе одигра во 6. брзина бидејќи беше елиминиран во полуфиналето на минатиот мастерс, од него се очекува да ја одбрани титулата, но формата на Федерер станува се' поголема и поголема со што се зголемува опасноста за Новак познавајќи го жребот кој им го сечи патот во полуфиналето. Ѓоковиќ ја брани тука титулата победувајќи го Надал минатата година во 3 сета ( 4-6,6-3,7-6(4) ). Толку беа изморени овие двајца што едвај вдишуваа воздух после таков епски меч, гемот познат како лотарија, т.е. тај-брејкот одлучуваше за еден ваков важен тениски турнир.
Надал би требало да дојде до самата завршница на турнирот, а што ќе направи... сето тоа зависи од неговата игра која ќе ја прикаже на овај турнир. Никогаш не го освоил овој мастерс иако на 3 пати беше само на една победа од титулата во 2005,2008 и 2011. година.
Федерер како што спомнав погоре, тој е во страшна форма, бекхендот никогаш не го служел подобро и сигурно ќе сака да дојде до титула и тука, а шансите за тоа му се многу големи со оглед брзината на подлогата оваа година, таа е многу побрза од 2011 што е неспецифично за Мајами. Веројатно многу луѓе го сметаат за прв фаворит тука, има 2 титули овде(2005,2006). Со евентуално освојување ќе стане нов рекордер по број на освоени Мастерс титули (моментално има 19 исто како Надал, и тој има шанса да се најде повторно на врвот каде што беше пред Индијан Велс).
Мареј е доста непредвидлив. Ова му е многу убава прилика да собере доста бодови, но едноставно не мислам дека би можел да се замеша во трката за титулата. Во 2011 катастрофално ја започна турнејата на мастерсите на тврда подлога. Оваа година повторно рано губеше во Индијан Велс. Ќе видиме дали може психички да се прибере, бидејќи вакви турнири него му одговараат и е еден од малкуте тенисери кои можат да се пофалат дека имаат титула од овој мастерс, Мареј ја освојуваше во 2009 кога го совлада Ѓоковиќ со 6-2 и 7-5.
Од останатите конкуренти не верувам дека било кој може поозбилно да и се закани на "големата четворка". Тсонга слабо игра оваа година, Дел Потро не е во доволно добра форма и психички јак да забележи победа над најдобрите 4, Иснер тешко дека би можел да го повтори маестралниот успех од минатата седмица, Раониќ и Томиќ моментално ги немаат потребните удари за такво нешто.
Што се однесува на жените, убедливо најголем фаворит е Азаренка која ја брани титулата од 2011. Моментално има 23-0 скор оваа година и е несопирлива, не гледам кој би можел да ја сопре, реално..... исто така веќе има 2 титули во Мајами.

Распределба на бодови кај мажи/жени
Победник = 1000/1000
Финалист =600/700
Полуфиналист=360/360
Четвртфиналист=180/180
Пораз во 4. коло = 90/90
Пораз во 3. коло = 45/45
Пораз во 2. коло = 25(10)/25(10)*
Пораз во 1. коло = 10/10

* 10 поени по пораз во 2. коло се добиваат доколку некој играч биде поразен што бил слободен во првото коло, т.е. носител (ги има 32 на турнирот).


Специјална покана организаторот (Wild-Card [WC]) им поклони на :

-Давид Налбандијан од Аргентина, тој веќе изгуби од Типсаревиќ денеска.
-Фернандо Гонзалез од Чиле, легендарниот играч кој ја заврши својата кариера после поразот од Махут тука во Мајами, во првото коло.
-Рајан Херисон од Америка
-Денис Кудла од Америка
-Маринко Матошевиќ од Австралија
-Венус Вилијамс од Америка
-Александра Вознијак од Канада
-Оливија Роговска од Австралија
-Алиса Клејбанова од Русија, иначе оваа тенисерка имаше проблеми со рак, не знам точно за каков тип и на кој дел од телото.
-Бојана Јовановски од Србија
-Хитер Ватсон од Велика Британија
-Гарбин Мугуруца Бланко од Шпанија, денеска ја изненади Вера Звонарева која важеше за голем фаворит во тој меч.
-Жанг Шуаи од Кина

Многу е убаво што ќе ја видиме повторно на терените Алиса Клејбанова после нешто помалку од една година после големата борба со ракот. Да се надеваме дека сето тоа е зад неа и дека ќе може да го продолжи својот пат кон врвот што го започна со 2 титули во 2010.
Ќе имаме прилика да ја видиме и една од познатите сестри, Вилијамс и тоа Венус, за прв пат после САД Опен. Беше шампионка 3 пати тука, но сигурно не е навикната толку рано во првата недела да го започне учеството тука.
Како што споменав погоре, најбитниот WC отиде за Гонзалез кој најави дека ќе ја заврши кариерата после овај турнир, тоа веќе го стори после поразот од Махут и останува да жалиме што тенисот загуби таква личност како него, мене веќе ми недостасува неговиот форхенд што тешко дека некој ќе го повтори, тоа беше нешто феноменално :)
Херисон сосема очекувано доби вајлд карта, со оглед на тоа дека е Американец, игра добро, млад е, голема надеж на Американците и всушност не се очекуваше нешто друго од организаторот. Последна прилика да забележи победа на мастерс турнирите како тинејџер бидејќи за многу брзо веќе ќе наполни 20 години.

Од турнирот своето учество во последен момент го откажаа :
Вавринка, Содерлинг, Јужни, Фереро, Фоњини, Монтањес.

Кај мажите најмногу титули има Андре Агаси, дури 6. Кај жените тоа е Штефи Граф и Серена со по 5 титули. Агаси има најмногу победи во низа на овај турнир (20), најмногу финалиња (8) и тој е најмлад и најстар шампион на овој турнир.

3 пати финалето не било одиграно или завршено :
1989 - Томас Мустер е удрен од некој пијан возач, ноќта пред финалето.
1996 - Иванишевиќ го предава мечот поради проблеми со вратот (лошо спиење)
2004 - Корија, го предава мечот во четвртиот сет поради болки во грбот, покасно се испитало и се открило дека болките биле поради камен во бубрегот.

Во 2007 е одржано последното финале во рамки на Best of 5 систем (на 3 добиени сетови). Тогаш Новак Ѓоковиќ славеше над Кањас во финалето во 3 сета (6-3 6-2 6-4)

Интересно е тоа што ова е првиот турнир што го употребил Hawk-eye системот (попознат како челинџ систем кај народот)

Сингл жреб мажи
Сингл жреб жени

За некои информации кои би можеле повеќе да ве интересираат, посетете го официјалниот сајт на турнирот.

Финалните средби на мастерсот во Мајами, од 1985 до 2011.

1985 Tim Mayotte vs Scott Davis 4–6 4–6 6–3 6–2 6–4
1986 Ivan Lendl vs Mats Wilander 3–6 6–1 7–6(5) 6–4
1987 Miloslav Mečíř vs Ivan Lendl 7–5 6–2 7–5
1988 Mats Wilander vs Jimmy Connors 6–4 4–6 6–4 6–4
1989 Ivan Lendl vs Thomas Muster W/O
1990 Andre Agassi vs Stefan Edberg 6–1 6–4 0–6 6–2
1991 Jim Courier vs David Wheaton 4–6 6–3 6–4
1992 Michael Chang vs Alberto Mancini 7–5 7–5
1993 Pete Sampras vs MaliVai Washington 6–3 6–2
1994 Pete Sampras vs Andre Agassi 5–7 6–3 6–3
1995 Andre Agassi vs Pete Sampras 3–6 6–2 7–6(7–3)
1996 Andre Agassi vs Goran Ivanišević 3–0 retired
1997 Thomas Muster vs Sergi Bruguera 7–6(6) 6–3 6–1
1998 Marcelo Ríos vs Andre Agassi 7–5 6–3 6–4
1999 Richard Krajicek vs Sébastien Grosjean 4–6 6–1 6–2 7–5
2000 Pete Sampras vs Gustavo Kuerten 6–1 6–7(2) 7–6(5) 7–6(8)
2001 Andre Agassi vs Jan-Michael Gambill 7–6(4) 6–1 6–0
2002 Andre Agassi vs Roger Federer 6–3 6–3 3–6 6–4
2003 Andre Agassi vs Carlos Moyà 6–3 6–3
2004 Andy Roddick vs Guillermo Coria 6–7(2) 6–3 6–1 retired
2005 Roger Federer vs Rafael Nadal 2–6 6–7(4) 7–6(5) 6–3 6–1
2006 Roger Federer vs Ivan Ljubičić 7–6(5) 7–6(4) 7–6(6)
2007 Novak Djokovic vs Guillermo Cañas 6–3 6–2 6–4
2008 Nikolay Davydenko vs Rafael Nadal 6–4 6–2
2009 Andy Murray vs Novak Djokovic 6–2 7–5
2010 Andy Roddick vs Tomáš Berdych 7–5 6–4
2011 Novak Djokovic vs Rafael Nadal 4–6 6–3 7–6(4)

Се надевам дека ви се допадна отворањето на темата за овој мастерс и очекувам квалитетни дискусии. :)

За крај, уживајте во highlightsот од финалниот меч во сингл (мажи и жени) од 2011.

 
L

Löwe

Гостин
Игор, да те надополнам, и Серена игра на турниров... Денеска ќе го игра мечот од 3то коло против Роберта Винчи. Можен е дуел Серена Возниацки во 1/4 финалето, Серена Шарапова во 1/2 финале, и Серена Азаренка во финале, се разбира доколку Серена игра во добра форма, значително можи да ја загрози Азаренка, па и да и ја прекине серијата.
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
619
Поени од реакции
947
Браво, одличен вовед во темата!:)
Венус почна со победа, ја победи 3та носителка Квитова, која во САД не ја покажува формата по која ја памтиме од минатата сезона, а мислам и дека има астма.Би требало на Спорт Клуб програмата денес во 16ч. да започне со еден многу интересен дуел Томиќ-Ферер. И двајцата не се прославија многу на Индијан Велс, но знаеме дека станува збор за многу талетирани и добри играчи.Други дуели што ги сметам за интересни се Федерер-Харисон, овде очекувам победа на Федерер но Харисон игра на домашен терер и би требало да пружи солиден отпор, Дел Потро-Карлович, дуел на два одлични сервери но сепак Дел Потро е фаворит, сезонава игра добро и последниот дуел за денес во машка категорија Ѓоковиќ- Багдатис.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Игор, да те надополнам, и Серена игра на турниров... Денеска ќе го игра мечот од 3то коло против Роберта Винчи. Можен е дуел Серена Возниацки во 1/4 финалето, Серена Шарапова во 1/2 финале, и Серена Азаренка во финале, се разбира доколку Серена игра во добра форма, значително можи да ја загрози Азаренка, па и да и ја прекине серијата.
Ја спомнав само Венус затоа што таа доби WC, а Серена не :)
--- надополнето: 24 март 2012 во 19:03 ---
Сингл мечеви кај мажите (Петок 23.03.2012)
[4] A Murray (GBR) d A Falla (COL) 62 63
[6] J Tsonga (FRA) d X Malisse (BEL) 75 75
[7] T Berdych (CZE) d N Mahut (FRA) 75 61
[9] J Tipsarevic (SRB) d D Nalbandian (ARG) 75 63
[10] J Isner (USA) d N Davydenko (RUS) 26 63 64
[13] G Simon (FRA) d [Q] R Bautista-Agut (ESP) 64 62
[16] K Nishikori (JPN) d L Lacko (SVK) 63 63
[18] A Dolgopolov (UKR) d [Q] A Veic (CRO) 64 75
[19] F Mayer (GER) d I Dodig (CRO) 64 75
[22] J Melzer (AUT) d R Haase (NED) 76(2) 36 64
L Rosol (CZE) d [24] M Granollers (ESP) 26 63 61
[25] R Stepanek (CZE) d T Haas (GER) 76(4) 61
[26] M Raonic (CAN) d [Q] A Clement (FRA) 76(7) 62
[32] P Kohlschreiber (GER) d F Gil (POR) 62 75

__________________________________________
Сингл мечеви кај жените (Петок 23.03.2012)
[1] V Azarenka (BLR) d M Krajicek (NED) 63 75
[5] A Radwanska (POL) d [Q] M Keys (USA) 61 61
[WC] G Muguruza Blanco (ESP) d [9] V Zvonareva (RUS) 64 63
K Pervak (KAZ) d [11] F Schiavone (ITA) 64 46 75
[15] A Ivanovic (SRB) d V King (USA) 64 75
[16] D Cibulkova (SVK) d A Tatishvili (GEO) 75 61
J Zheng (CHN) d [18] A Kerber (GER) 76(4) 61
[20] D Hantuchova (SVK) d [Q] K Bondarenko (UKR) 67(4) 62 76(4)
[22] M Kirilenko (RUS) d [WC] A Kleybanova (RUS) 76(1) 63
[24] F Pennetta (ITA) d L Dominguez Lino (ESP) 64 26 60
[WC] H Watson (GBR) d [27] L Safarova (CZE) 62 61
[WC] A Wozniak (CAN) d [28] M Niculescu (ROU) 46 63 64
S Soler-Espinosa (ESP) d [31] K Kanepi (EST) 75 63
S Halep (ROU) d [32] N Petrova (RUS) 63 62
__________________________________________

Вчера сите носители обезбедија пласман во третото коло, едиствен исклучок е Шпанецот Марсел Гранолес, иначе дубл партнер на Надал на овој турнир. Гранолерс имаше 1-0 во сетови, но не беше доволно добар да освои уште еден сет и да се случеше скоро неверојатно сценарио, да помине еден ден без изненадувања во една конкуренција, барем според ранг листата.

Кај жените беше поинтересно, доста изненадувања, речиси повеќе носителки беа елиминирани во однос на оние кои се пласираа во третото коло. Најголемо изненадување беше поразот на Русинката Вера Звонарева која имаше 4-1 во првиот сет и на крајот го загуби со 4-6. Други неочекувани порази претрпеа Шиавоне, Кербер, Сафарова, Никулеску, Канепи и Петрова.

САБОТА (24.03.2012)

Пласман во следното коло обезбедија Ферер, Монако и Гаске кај мажите, кај жените Макарова, Лисицки и Серена.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Федекс иде понатаму. Ако не грешам вкрстува со Родик така?
 
L

Löwe

Гостин
Интересно ќе е со Родик, само ако Родик малце од малце потсети на оној стариот, да го погаѓа првиот сервис и да не прави аматерски грешки..
 
С

сашенко

Гостин
Интересно ќе е со Родик, само ако Родик малце од малце потсети на оној стариот, да го погаѓа првиот сервис и да не прави аматерски грешки..
Тешко, се изгуби одамна тој Родик :(
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Убав натпреваров помеѓу Дел Потро и Карлович. Дел Потро се препоти дур го зеде првиов сет. Навивам за Иво да го земе вториов. Туку ќе ви го оставам стримов на кој што го гледам натпреваров да се посмеете малку. Коментаториве се цареви, прават некои безвезни муабети да се изнасмее човек. Прееска едниов му вика на другиов:
- Се прашувам како тоа на Карлович брадава е иста со годините.
- Па веројатно така се бричи - му одговара другиов:pos:

Стрим.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Дел Потро сепак го совлада Иво Карловиќ во 2 сета (7-5 6-4)

Еве еден доста интересен момент од мечот :


Алмагро исто така го совлада Гофин во 2 сета (6-4 6-2)

Ѓоковиќ на стартот солиден против Багдатис, нема некои посериозни проблеми на свој сервис кај играчите. Моментално е 1-1 во гемови, сервира Багдатис и има 40-15.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.937
Поени од реакции
16.228
Се осеќа малце побрзата подлога во Мајами во играта на Новак, многу подобар тенис прикажува од тој во ИВ, барем моментално што можам да видам ..
Или пак Багдатис и не е нешто којзнае што на овој меч. Како и да е, барем слоумоушн нема да гледам:)
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Овој Алмагро многу одвратен тенисер станал и на ИВ беше таков, повеќе провоцира и вика на теренот отколку што игра.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Се осеќа малце побрзата подлога во Мајами во играта на Новак, многу подобар тенис прикажува од тој во ИВ, барем моментално што можам да видам ..
Или пак Багдатис и не е нешто којзнае што на овој меч. Како и да е, барем слоумоушн нема да гледам:)
Добар е Багдатис, мислам дека би можел да дојде до тај брејк во вториот сет, ништо чудно и да направи брејк па да земе и сет :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom