Математичка мистерија

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување
Во едно буре се помешани вода и оцет во однос 2 : 1
( два дела вода и еден дел оцет )
Во друго буре кое има два пати поголем волумен се помешани вода и оцет во однос 3 : 1
( три дела вода и еден дел оцет )
Содржината на двете буриња е префрлена во трето поголемо буре.
Колкав е односот на водата према оцетот во третото буре

вода : оцет = ?
 
Еве помош за задачата #662
На пример:
Некое буре има 250 литри...
Во него има вода : оцет = 2 : 3
Сакам да пресметам колку има вода, колку оцет...
Најнапред воочете дека вкупно има пет дела - 2 дела вода и 3 дела оцет
Затоа 250 поделете го 5
250 : 5 = 50
Сега е лесно
вода има два дела 2 * 50 = 100
оцет има три дела 3 * 50 = 150
Така постапете и со задачата #662
Во односот 2 : 1 има три дека, а во односот 3 : 1 има четири дела
Земете дека првото буре има 120 литри. ( 120 е деливо и со 3 и со 4 ), а второто двојно повеќе 240 литри
За секое буре пресметајте колку има оцет а колку вода,
а потоа е лесно....
 
Еве една задача со полнење базени
Базенот се полни со три цевки:
Првата цевка може сама да го наполни целиот базен за 10 часа.
Втората цевка може сама да го наполни целиот базен за 15 часа.
Сите три цевки можат да го наполнат целиот базен за 5 часа

За колку време ќе се наполни целиот базен ако се вклучени само втората и третата цевка?
 
За колку време ќе се наполни целиот базен ако се вклучени само втората и третата цевка?

1/10 + 1/15 + 1/x = 1/5 => x=30 => третата цевка може сама да го наполни за 30 часа

1/15 + 1/30 = 1/y => y=10 => базенот ќе се наполни за 10 часа со втората и третата цевка
 
гуска и половина за ден и половина снесува јајце и половина.шест гуски за шест дена колку јајца снесуваат?

да олеснам-не се ни 6 ни 36


ПС:Ако е имало веќе задачава досега не фрлајте со дрва:)
 
гуска и половина за ден и половина снесува јајце и половина.шест гуски за шест дена колку јајца снесуваат?

да олеснам-не се ни 6 ни 36


ПС:Ако е имало веќе задачава досега не фрлајте со дрва:)


24 јајца?
 
Da,ama koj e nacinot
--- надополнето: 2 август 2013 во 13:43 ---
Da,ama koj e nacinot
 
Da,ama koj e nacinot

Купив шест гуски, им кажав дека секоја од нив може да носи по едно јајце на ден и пол и чекав шест дена. На крај избројав 24 јајца.
Уште нешто нејасно?
 
Купив шест гуски, им кажав дека секоја од нив може да носи по едно јајце на ден и пол и чекав шест дена. На крај избројав 24 јајца.
Уште нешто нејасно?

Да. Дедо ми прашва од кај си ги купил гуските.
 
еве нешто што треба малку логика а не пресметка.овој камен е најден од некои археолози(така ни кажуваше професорот),и каменот во форма на коцка се состои од два споени камења.коцката од сите 4 страни изгледа како од предната страна.археолозите никако неуспеале да ги задвојат двата дела и го скршиле каменот.

како треба да се тргаат двата камена за да се раздвојат составните делови.кој знае нека нацрта.

ПС:критики на рачун на пеинтот не прифаќам:icon_mrgr:


Uploaded with ImageShack.us
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom