Математичка мистерија

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување
Најди го 5 цифрениот број, делив со 3, чии што први три цифри формираат број кој е квадрат на некој природен број, а последните три цифри формираат трицифрен број кој е куб на некој природен број.
 
Најди го 5 цифрениот број, делив со 3, чии што први три цифри формираат број кој е квадрат на некој природен број, а последните три цифри формираат трицифрен број кој е куб на некој природен број.

22 512?

Btw, прееска за малку ме претрка за загатката на Branchez, ја таква среќна дека сум го нашла решението, а ти веќе си го пишал. :icon_mrgr:
 
Ахх, ми ја зема пред нос. Треба да почнеш да гледаш фудбал.

Па твојата Луки ми ја зема пред нос. :D
А иначе фудбал глеам, или поточно брат ми има пуштено, а ја чекам Калински да одвали нешто. :D
 
Нова ќе турам.
Најди сите 3 цифрени броеви со различни цифри за кои важе a^2-b^2-c^2 = a-b-c

a^2 значе а на квадрат.
--- надополнето: 7 ноември 2012 во 22:32 ---
22 512?

Btw, прееска за малку ме претрка за загатката на Branchez, ја таква среќна дека сум го нашла решението, а ти веќе си го пишал. :icon_mrgr:

хехе.. таа со комбинациите ја имам решавано у друг контекст и ми текна шо е финтата (inferred rules for SAT checking)...
А оваа со кецо, требе само човек да му текне как да ги репрезентира броевите.
 
Браво за исте на темава...поштено си ја исчитав цела и можам само да ви кажам браво...каква штета шо мозокот ми е насочен кон општествеи науки...буквално ме фасциниравте...
Не се предавај....
Математиката е забава,
Во САД излегуваат илјадници списанија во кои се поставуваат задачи ради забава .. има и награди. Инаку познато е дека правниците се обично добри математичари поради својата особина да рационално размислуваат.
 
Докажи дека збирот на шест последователни природни броеви, од кои ниту еден не е делив со 7, е делив со 21, а не е делив со 42. Определи шест такви броеви чиј збир е четирицифрен број и претставува квадрат на некој природен број.
 
( 7к + 1) + ( 7к + 2 ) + (7к + 3 ) + ( 7к + 4 ) + ( 7к + 5 ) + ( 7к + 6 ) = 42к + 21 = 21 * ( 2к + 1 )
Ова е одговор на првото прашање, а за второто ... нека повели некој друг
 
Определи шест такви броеви чиј збир е четирицифрен број и претставува квадрат на некој природен број.

Едно решение се броевите кои се последователни и ниту еден не е деллив со 7: 659, 660, 661, 662, 663, 664. Збирот им е 3969, што четирицифрен број и е квадрат на 63.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom