Математичка мистерија

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување
Бидејќи никој не се јави, еве пак јас поставувам лесна задача

Една дива патка летајќи сретнала јато диви патки и ги поздравила: Добар ден 100 диви патки!
Од јатото и одговориле: Не сме 100, не сме ни приближно 100. Туку: Колку што сме, да сме уште толку и уште половина и уште четвртина и уште ти, е дури тогаш ќе бидеме 100.
Колку диви патки имало во јатото?
Одговор утре во исто време!

x- број на диви патки

x + x + 1/2x + 1/4x +1= 100

4x + 4x + 2x + x + 4 = 400

11x = 400 - 4

11x = 396

x=36
 
x- број на диви патки

x + x + 1/2x + 1/4x +1= 100

4x + 4x + 2x + x + 4 = 400

11x = 400 - 4

11x = 396

x=36
Точно 36 ... Решението на Мачорка е решение со равенка....
За деца на помала возраст задачава може да се реши и без равенка, на пример на следниов начин.
Најнапред од 100 ќе одземеме 1
100 - 1 = 99
Потоа ќе ги преброиме четвртините, едно цело има четири четвртини, една половина има две четвртини. Бидејќи има две цели, една половина и една четвртина, значи вкупно имаме 11 четвртини
Следи 99 : 11 = 9
Бидејќи една четвртина е 9, тогаш целото јато е 4*9 = 36
Ако имате дете од четврто или пето оделение пробајте, истава задача, да ја решите на овој или сличен начин.

Ајде нека некој друг сега постави задача. Очигледно е дека јас поставувам многу лесни задачи
 
Еве една задача која асоцира на пријатниот годишен одмор кој веќе помина.
На еден прекрасен остров во Полинезија живеат вкупно 1700 возрасни жители.
3/4 од мажите и 2/3 од жените се брак ( еден маж може да биде во брак само со една жена и обратно )
Прашањето е:
Колку возрасни мажи и колку возрасни жени живеат на островот?
 
А дали сите возрасни мажи и жени се во брак?

Ако е така ондак се 600 жени и 600 мажи

x(broj na mashki) + y(broj na zeni)=1700
3/4 x(broj na zeneti mazi)=2/3y(broj na mazeni zeni) (eden na eden)
so izednacuvanja itn... dobivame deka x(brojot na site mazi)=8y/9
8y/9+9y/9=1700....od tuka ravenka so edna nepoznata :)
 
И моето решение е речиси на ист начин:
х - број на сите мажи
У - број на сите жени
Бидејки бројот на мажи и жени е еднаков следи
3х/4 = 2у/3
Ако помножиме накрсно
9х = 8у
од што следи пропорција
х : у = 8 : 9
или
х = 8к
у = 9к
Збирот на мажите и жените е 1700
х + у = 1700
8к + 9к = 1700
к = 100
Што заначи:
мажи има х = 8к = 8*100 = 800
жени има у = 9к = 9*100 = 900
Лесно се добива дека има 600 бракови

Сега е време за нова задача Повелете!
 
иам утре испит по Механика на Машини. Да довршам тоа, па послем ќе побарам некои зезнати покомплексни задачи за решавање, па да се напнеме повеќе !!! :D
 
Кокошка и пол, за ден и пол, неси јајце и пол.
Колку јајца ќе снесат 9 кокошки за 3 дена?

Оф топик.: Математика ич не сакам, ама вакви задачки многу сакам. А откога ги решив гуските и кокошките, петелот беше мој.
 
Зошто не сакаш математика, кога единствена причина и корист од математиката е забава и разонода?
Еве решеније со примена на сложено правило тројно:
................................Кокошки ...............денови.............јајца
условен став............1,5.......................1.5....................1.5
прашален став..........9...........................3.......................х

Сите величини се право пропорционални:
х : 1,5 = ( 9 : 1,5 ) * ( 3 : 1,5 )
х : 1,5 = 6*2
х : 1,5 = 12
х = 12*1.5
х = 18 јајца
Бидејќи сакаш вакви задачи, еве една сега јас ќе поставам, која за тебе, специјално, во моментов ја измислив
4 молера за 8 дена, ќе варосаат 6 стана, со по две соби
За колку дена, 6 молери ќе варосаат 9 стана со по 4 соби
Внимавај овде не се сите величини право пропрорционални !
 
16?
 
Хаххаа!
Сега пак ќе ме тераш да се сеќавам на средно кога решававме задачи со злато и сребро. ЈАс така ја решив со кокошките ;)
Ха,ха ... ова со молериве е од седмо оделение,
а со злато, сребро е од средно
после молери следи задача со злато сребро дијаманти, сафири, рубини и брилијанти
http://www.youtube.com/watch?v=g2T1xD9eGeM
--- надополнето: 9 септември 2012 во 21:12 ---
точно - дај решение
 
:) не ме бива за формули, на памет ја решив.

6/8= 0,75% (што значи за еден ден 4 молера фарбаат 75% од еден стан).
0,75/4=0,187 (еден молер за еден ден фарба 18,7% од еден стан со две соби( што би значело за 4 соби е дупло поспоро 0,18/2 =0,093.
Па така 0,093х6=0,56 што значи 6молери за еден ден фарбаат 56% од еден стан со чети соби. На крај само 0,56 х 16=9. :)
 
:) не ме бива за формули, на памет ја решив.​
6/8= 0,75% (што значи за еден ден 4 молера фарбаат 75% од еден стан).​
0,75/4=0,187 (еден молер за еден ден фарба 18,7% од еден стан со две соби( што би значело за 4 соби е дупло поспоро 0,18/2 =0,093.​
Па така 0,093х6=0,56 што значи 6молери за еден ден фарбаат 56% од еден стан со чети соби. На крај само 0,56 х 16=9. :)
Зошто се подценуваш - супер си. Математика е забава и игра, сите се способни да си играат
Еве истата задача со сложено правило тројно, тоа е исто како што ти ја реши само е прегледно напишана
..................... .....молери......денови.......станови..... соби
условен став....... 4................8...................6.................2
прашален став......6................х...................9..................4
и сега, најнапред одредуваш кои величини се право пропорционални:
повеќе денови - повеќе станови
повеќе денови - повеќе соби
повеќе денови - помалку молери
Величините каде е повеќе - повеќе се право пропорционални
а каде е повеќе - помалку се обратно пропорционални
Сега се пишува равенството. Почнуваш со х . За право пропорционалните земаш ист редослед, а за обратно пропорционалните обратен редослед.
х/8 = (4/2)*(9/6)*(4/6)
сигурно забележа, последното (4/6) е со обратен распоред од другите бидејќи се работи за обратно пропорционални величини
И сега е лесно,
х/8 = 2
х = 16
И то е то
Сега постави ти задача бидејќи јас, Мирјам од Магдала и сите други желно чекаме нова задача
 
Смрт за зони и пајак воз.

Се што научив по математика, научив во средно.
Во основно, т.е. од 5.-8. одд. не научив ништо, ама баш ништо. А во средно имав ѕвер од професор кој никако не можеше да сфати како на задачите запнуваме кога ќе стигнеме до дупла дропка, а не таму каде што треба.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom