не ме бива за формули, на памет ја решив.
6/8= 0,75% (што значи за еден ден 4 молера фарбаат 75% од еден стан).
0,75/4=0,187 (еден молер за еден ден фарба 18,7% од еден стан со две соби( што би значело за 4 соби е дупло поспоро 0,18/2 =0,093.
Па така 0,093х6=0,56 што значи 6молери за еден ден фарбаат 56% од еден стан со чети соби. На крај само 0,56 х 16=9.
Зошто се подценуваш - супер си. Математика е забава и игра, сите се способни да си играат
Еве истата задача со сложено правило тројно, тоа е исто како што ти ја реши само е прегледно напишана
..................... .....молери......денови.......станови..... соби
условен став....... 4................8...................6.................2
прашален став......6................х...................9..................4
и сега, најнапред одредуваш кои величини се право пропорционални:
повеќе денови - повеќе станови
повеќе денови - повеќе соби
повеќе денови - помалку молери
Величините каде е повеќе - повеќе се право пропорционални
а каде е повеќе - помалку се обратно пропорционални
Сега се пишува равенството. Почнуваш со х . За право пропорционалните земаш ист редослед, а за обратно пропорционалните обратен редослед.
х/8 = (4/2)*(9/6)*(4/6)
сигурно забележа, последното (4/6) е со обратен распоред од другите бидејќи се работи за обратно пропорционални величини
И сега е лесно,
х/8 = 2
х = 16
И то е то
Сега постави ти задача бидејќи јас, Мирјам од Магдала и сите други желно чекаме нова задача