Математичка мистерија

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување
М- магаре Џ- момчиња
Џ=М+1
Џ=2М-1
обичен систем на 2 неравенки и искача Џ=3 и М=2
за втората кажи дали овцата продолжила да раѓа секоја година
 
По мои пресметки и чкртања за вторава задача ми испаднаа се на се 39. И сеа по логика 37 офци и 2 јагниња.
Точно е?

Не се 39... Од каде си добил толку малку јагниња?
--- надополнето: 23 август 2012 во 18:25 ---
Џ - магаре М- момчиња
Џ=М+1
Џ=2М-1
обичен систем на 2 неравенки и искача Џ=3 и М=2
за втората кажи дали овцата продолжила да раѓа секоја година

Да и овцата исто така раѓа секоја година.
 
13 овци 28 јагниња по една
34 овци 55јагниња по друга
чекам потврда
 
1. На една полјана паселе неколку магариња. Пристигнале неколку момчиња. Качувајте се по еден на магаре! - наредило најголемото момче. Едно момче останало без магаре. - Слегувајте! Качувајте се двајца на магаре! - повторно наредило најголемото момче. Едно магаре останало без ниту едно момче.

Колку магариња и колку момчиња имало на полјанката?
Џ - магаре М- момчиња
Џ=М+1
Џ=2М-1
обичен систем на 2 неравенки и искача Џ=3 и М=2
за втората кажи дали овцата продолжила да раѓа секоја година
Чекај чекај.
Кога сите момчиња земале по едно магаре тогаш едно момче останало без магаре значи едно момче има повеќе од магариња.
Или...?
--- надополнето: 23 август 2012 во 18:48 ---
Не се 39... Од каде си добил толку малку јагниња?
.
12 офци
28 јагниња

едит: грешка во броењето: 13 офци! (да не менувам)
--- надополнето: 23 август 2012 во 18:50 ---
13 овци 28 јагниња по една
34 овци 55јагниња по друга
чекам потврда
Сеа и мене толку ми испадна. :)
 
Треба да пресметате за уште 1 година, бидејќи според текстот "9 години после раѓањето на првото јагне" иначе пресметката(41) ви е точна :).

Детално решение ќе поставам утре по сугестија на Смрт за зони и пајак воз.
 
Селанец имал млада овца, која родила за прв пат и јагнето било женско. Секое родено јагне, кога ќе наполнело 3 години, исто раѓало по едно женско јагне и потоа продолжувало да раѓа секоја година по 1 женско јагне.

Колку јагниња и овци би имал селанецот 9 години после раѓањето на првото јагне, ако сите се живи?

И јас ќе пробам да пребројам
О - означува овца која мпже да раѓа
О0 - означува сега родено јагне
О1 - означува јагне старо една година
О2 - означува јагне старо две години.
А јагне старо три години е овца која раѓа и е означено со О

Нултата година имал една О и се родило О0
1. година имал 1 О, кое родило О0 и имал О1
2. год имал 1 О кое родило 1- О0, и имал 1- О1 и 1- О2
3. год имал 2 О кои родиле 2 - О0, и имал 1 - О1 и 1 - О2
4, год имал 3 О кои родиле 3 - О0 и имал 2 - О1 и 1 - О2
5 год, имал 4 О кои родиле 4 - О0 и имал 3 - О1 и 2 - О2
6 год имал 6 О кои родиле 6 - О0 и имал 4 - О1 и 3 - О2
7 год имал 9 О кои родиле 9 - О0 и имал 6 - О1 и 4 - О2
8 год имал 13 О кои родиле 13- О0 и имал 9 - О1 и 6 - О2
9 год имал 19 О кои родиле 19- О0 и имал 13- О1 и 9 - О2
значи бараниот одговорот е 60 овци ќе има по 9 години
Но одиме понатаму:
10 год имал 28 О кои родиле 28 - О0 и имал 19 -О1 и 13- О2
11. год. имал 41 О кои родиле 41 - О0 и имал 28 О1 и 19 -О2
12 год имал 60 О кои родиле 60 - О0 и имал 41 - О1 и 28- О2
и така натаму...
Следното прашање само се наметна :
Да се најде колку овци имал овчарот по n - години?
( Да се најде општа формула за пресметување ? )
 
4 деца, 3 магариња
образложение пост пред мене:D
 
М-момчиња Џ-магариња

М=Џ+1
М/2=Џ-1

Џ+1/2 = Џ-1 Џ+1=2Џ-2 Џ=3
М=Џ+1 = 3+1=4

Final edit.
 
Добро е...
Ајде сега помогни да се најде формула за пресметување на вкупниот број овци во зависност n - ( # 98 )
Досега најдов рекурентна формула :

Vn = Vn-1 + Vn - 3

каде што Vn e вкупен број на овци за годината за која пресметува.
V n-1 вкупниот број на овци во претходната година
V n-3 вкупниот број на овци пре 3 години
На пример:
V9 = V8 + V6 =
V9 = 41 + 19 = 60
или
V8 = V7 + V5 = 28 + 13 = 41
 
Бидејќи никој не се јави, еве пак јас поставувам лесна задача

Една дива патка летајќи сретнала јато диви патки и ги поздравила: Добар ден 100 диви патки!
Од јатото и одговориле: Не сме 100, не сме ни приближно 100. Туку: Колку што сме, да сме уште толку и уште половина и уште четвртина и уште ти, е дури тогаш ќе бидеме 100.
Колку диви патки имало во јатото?
Одговор утре во исто време!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom