Селанец имал млада овца, која родила за прв пат и јагнето било женско. Секое родено јагне, кога ќе наполнело 3 години, исто раѓало по едно женско јагне и потоа продолжувало да раѓа секоја година по 1 женско јагне.
Колку јагниња и овци би имал селанецот 9 години после раѓањето на првото јагне, ако сите се живи?
И јас ќе пробам да пребројам
О - означува овца која мпже да раѓа
О0 - означува сега родено јагне
О1 - означува јагне старо една година
О2 - означува јагне старо две години.
А јагне старо три години е овца која раѓа и е означено со О
Нултата година имал една О и се родило О0
1. година имал 1 О, кое родило О0 и имал О1
2. год имал 1 О кое родило 1- О0, и имал 1- О1 и 1- О2
3. год имал 2 О кои родиле 2 - О0, и имал 1 - О1 и 1 - О2
4, год имал 3 О кои родиле 3 - О0 и имал 2 - О1 и 1 - О2
5 год, имал 4 О кои родиле 4 - О0 и имал 3 - О1 и 2 - О2
6 год имал 6 О кои родиле 6 - О0 и имал 4 - О1 и 3 - О2
7 год имал 9 О кои родиле 9 - О0 и имал 6 - О1 и 4 - О2
8 год имал 13 О кои родиле 13- О0 и имал 9 - О1 и 6 - О2
9 год имал 19 О кои родиле 19- О0 и имал 13- О1 и 9 - О2
значи бараниот одговорот е 60 овци ќе има по 9 години
Но одиме понатаму:
10 год имал 28 О кои родиле 28 - О0 и имал 19 -О1 и 13- О2
11. год. имал 41 О кои родиле 41 - О0 и имал 28 О1 и 19 -О2
12 год имал 60 О кои родиле 60 - О0 и имал 41 - О1 и 28- О2
и така натаму...
Следното прашање само се наметна :
Да се најде колку овци имал овчарот по n - години?
( Да се најде општа формула за пресметување ? )