Не може било кој и за к**ово здравје да посегне по животот на 4 млади момчиња, кои никому ништо не згрешиле во својот живот. Да имаш искуство, да си ладнокрвен и да знаеш што сакаш и што треба да направиш, а за мотив... Секој се бори за некоја кауза во животот, најчесто каузата се манифестира како личен интерес кон профитот и парите, но сеуште постои и ке постои до крајот на времето она кон кое инстинктивно се потпира човека-потребата за идентитет и препознавање. Да говориме за мотив, не знам од кај да почнам. Само во последниве 20 години на Балканот имало(пишувам вака пошо сум 93то годиште) многу крвави судири, убиства и војни, масовни гробници, измислени и реални меѓуетнички како и верски судири, наликуваме на блискиот исток. За западниот свет сме мање више (НЕ)битни исто као необразованите диви племиња, чак што више они им се при срце ради нафтата(до некаде). Ги заболе нив кој е у право, интересот е секогаш присутен. Додека кај "племињата" има нафта, треба и кај нас да се извлече пара... Како? Дрога? Трговија со луѓе, органи?? Така лесни да се напишат- а тешки да се опишат поими.. Поими со кои секојдневно се разминуваме каде и да поминеме.. Отворете го новчаникот, не за џабе не учеле како мали да си ги измиеме рацете после пипкање, пошо кешот е прљав! ВО СЕКОЈ СМИСОЛ!
Со своите медиуми перат мозок на население, она што врз нас е неправда во очите на другите е правда, затоа се вели DO YOUR OWN RESEARCH..
Територија, надмоќ, лично или его и суета на народ? До утре да се зборува, пишува и чита малку ќе е.. А тој прљав кеш треба да го заработи, на овој или оној начин.. Некој треба да биде на првиот фронт, да биде "војничето" кој ке си ги испрља рацете и душата. Да не бидам далеку од темата-сите сме мање-више свесни низ што се не поминал Балканот во последниве 2 декади, не сме ни самите свесни на што све луѓето се спремни, а има луѓе.. но дали понатака ке се гледаат како ЛУЃЕ-БИТИЈА кога ке се погледнат во огледало? Како ке спијат, имаат ли тие луѓе фамилии и потомство врз кое кармата на еден или друг начин ке се освети? Секој верува во она што му е понудено, а живееме во век на материјални добра, масата верува во истите.
И додека ние седиме тука и дробиме зборови пробувајќи да изнајдеме барем логично решение за ова што се случува, што ни се случува нам, некој го брои прљавиот кеш, друг се дели по религија и националност, а сите сме луѓе, исти. Се е во разумот бил здрав или нездрав.. и повторно она што за еден е добро за друг е лошо, перцепцијата е интересна работа.. 4 млади невини, 5 вкупно.. свеќите горат, ке згаснат.. солзите течат-ке пресушат.. И повторно и повторно се до немајкаде.. Не знам дали генерацииве се мекуши и се плашат од смрт и војна, дали изгубиле сенс и љубов кон татковина,кауза за доброто на сите.. или се е тоа ИЛУЗИЈА? За кого, за кого ако не за сам себе... Кој и да е-некој ке го оправда, зошто и да е-нечија крајна цел и замисла ке го оправда чинот, ама Бога ке ви суди-ако постои..