Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
- Не ја знаат вистината, ни оние кои се наводно виновни за убиствата во овој процес, и оние кои што ги изгубија животите, односно сега нивните семејства не веруваат дека е така како што е претставено во јавноста, и тие ја сакаат вистината. Тоа што ќе го обелоденам се телефонски разговори и смс пораки, нема јас да го толкувам тоа, јавноста ќе го протолкува сама како и досегашниот процес. Таа вистина ќе даде одговори на многу прашања. Може овој процес нема да ги даде сите одговори, но ќе даде огромен процент одговори и ќе расчисти многу облаци кои сеуште надвиснуваат над овој процес. Тоа не може да предизвика меѓуетнички конфликт, тоа може само да ги обедини сите кон општоприфатените вредности , кон човечноста, рече Заев.

http://a1on.mk/wordpress/archives/473527
 
M

mar30

Гостин
So snimkite koi navodno gi poseduva Zaev ima dve mozni scenarija koi se deshavale od koi prvoto e deka gi osudile bez crvsti dokazi na dozivotna kazna i vtoro pokatastrofalno i kobno e ako se obelodeni deka nekoj podmetnuval dokazi ili vlijanie na sudii so cel dosuduvanje na dozivotni kazni so podmetnati dokazi.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.279
Поени од реакции
84.395
Помен за убиството кај Смилковско езеро
11.04.2015 | 16:58
Македонија
Прочитано: 112

Во плач и траор осамна утрото на петок 13-ти пред три години, по веста дека петмина млади луѓе се свирепо убиени.

Четворицата другари – Александар, Филип, Кире и Цветанчо, сите на возраст од 18 до 21 година, и 45 годишниот рибар Борче од Црешово, кои претходната вечер заминале на риболов, никогаш не се вратија.

Семејствата низ солзи и со неверување ја примија веста дека нивните најблиски, брутално биле убиени неколку километри од своите домови. Барајќи утеха, пријателите, соседите и роднините, револтот го изразија на улица.

Патот што води кон Радишани беше блокиран, а на барикадите свеќи и слики од петтемина чии животи прерано згаснаа кај Смилковското езеро.

Три години по петкратното убиство, Смилковци е навидум мирно. На патот кој води кон селото, се наѕира само црква и езерото.

Доволно е еден поглед, и како што велат мештаните „морници полазуват.“ Никој не сака да се сеќава на кобната вечер. Од време на време поминува по некој автомобил, но без задржување.

Црквата „Свети четириесет маченици - Младенци“, кај местото викано Кршиколе или Крст, беше изградена една година по убиството. Изградбата на храмот ја иницираа месните заедници Стајковци, Смилковци, Црешево и Виниче во општина Гази Баба.

Но што точно се случило таа вечер и денес нема одговори. Еден месец по убиствата, полицијата ги приведе осомничените, а по две години беа донесени и пресудите – шест доживотни казни затвор.

За планирање и извршување доживотен затвор добија Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута, и Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ како директни извршители на масакрот, од кои за двајца се уште се чека екстрадиција од Косово.

Роднините на осудените со неверување ја прифатија пресудата, која предизивика бурни реакции и низа протести. Од друга страна, семејствата на загинатите се уште трагаат по вистината - зошто нивните деца беа убиени?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.279
Поени од реакции
84.395
арасната трева и над еден метар. Водата надојдена, езерото полно поради силните дождови што се слеваа низ Скопје изминатите недели. Првиот сончев пролетен ден донесе и рибари на Смилковското езеро. Чувари нема.



Пред 3 години, ова беше најтажното место на светот. Петмина луѓе беа грозоморно убиени без никаков повод и причина. Наредени на земја и брутално егзекутирани. Петтата жртва, според полициската истрага, беше очевидец. Мораше да плати со живот за тоа што го видел.

Четворицата другари постеа, беше неделата пред Велигден. На Велики четврток, околу 15 часот појдоа да ловат риба на таканареченото „Железарското езеро“ кај Смилковци, оддалечено неколку километри од нивните домови. Седум часа подоцна, нивните тела наредени едно до друго беа најдени на земјениот пат кај малото езеро.

Според вештаците, причина за смртта на Цветанчо Ацевски било задушување откако белите дробови му се наполниле со крв по проектилот што го погодил во главата.

Филип Славковски починал поради оштетување на срцето од проектил што влегол од градната страна.

Четири прострелни рани биле забележани на телото на Кире Тричковски, од кои три прострелни и една застрелан.



Александар Наќески бил погоден со најголем број на куршуми – осум. Три завршиле во градите кои смртоносно му ги оштетиле срцето и белите дробови.

На Борче Стефковски му било пукано во главата. Тој, како што објаснија вештаците, бил погоден со четири проектили.

Македонија занеме од тага. Малку фалеше гневот да ја фрли земјава во граѓанска војна. Полицијата реагираше бргу. Три недели по масакрот, беа уапсени дваесетина лица, следбеници на радикалниот ислам, кои според МВР, се одговорни за убиствата.

Прашањата што ги мачат се истите веќе 3 години: зошто се убиени?
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Што е ова што објавиу алмакос?


Адеми: Уште сте на состанок?

Ќ: Да

Адеми: Ќими, разговарај со некого таму, нека има повеќе објаснување за јавноста, фактографски зашто вака многу дилеми излегуваат. А?

Ќими: Добро. Јас му реков да ги одделат, овие пет кој се обвинети директно за делото, другите немаат врска со делото, впечатокот жените со марами зел учество во организирање на убиството, каде што нема врска, тоа.

Адеми: Има многу дилеми, дури странците искажуваат за многу места дилемите, со можност да се дадат повеќе објаснувања, по можности тие кои немаат врска со делото да се пуштата патао да се држат да нефозволено поседување на оружје. Ова работа да се ограничи на еден број што помал.

6 мај 2012 година

Шефиќ му кажа на Абдилаќим дека се во Косово и во моментот се кај фамилијата Хајрадиновци. Абдилаќим ми кажа кога ќе се ослободи да му се јави малку на Бујар бидејќи сака да го консултира нешто за синоќешниот состанок.

Н.Б. (Невзат Бејта?) – А.А.

Н: Јас само што излегов од џамија. Во центар се собраа едно 30 лица. Организатори се едно семејство од ДПА кои се обидуваат и со нас и со ДПА. Они беа едно 15 години, тоа е семејството Фиданоски. Имаат еден аџија затворен за соработка.

А: Аха

Н: Собрани се неколку од тие со брада. Викаат, се направија едно 150 лица, сега треба да се разотидат. Долу Влада, долу ДУИ, долу НГ и така. Нема некоја организација вака.

А: Долу НБ викаат или не?

Н: Не и „Алаху акбар“. Јас во џамија бев, кај џамијата од која разбрав дека ќе почнат тие, јас отидов кај таа џамија. Ме извадија напред луѓето. Ме прашуваа, затоа им застанав по групи реков не, нема организација, нема ништо, во ред? Тука во Гостивар нема некој проблем.

А: Добро

Н: Во Тетово?

А: Во Тетово не знам, тука по маало шетаат.

Н: Јас ќе дојдам таму, сега уште малку.

А: Добро дојди.

http://almakos.com/index.php?news=77136
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Транскрипти од разговори, очигледно.
Кога се објавени овие разговори не пратев?

го преведов на транслет албанскиот дел

Меѓу конверзациите објавени од страна на СДСМ, за прв пат го претстави препис на првата што има врска со случајот "чудовиште". Разговорот се одвива меѓу Abduilaqim Адам и лице за кое постои како "Тал".

Подолу предлагаат целосна разговор, кој е на македонски јазик. Подоцна на разговор ќе бидат преведени на албански јазик.

Ништо не ми е јасно.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.317
Поени од реакции
26.245
Кога се објавени овие разговори не пратев?

го преведов на транслет албанскиот дел

Меѓу конверзациите објавени од страна на СДСМ, за прв пат го претстави препис на првата што има врска со случајот "чудовиште". Разговорот се одвива меѓу Abduilaqim Адам и лице за кое постои како "Тал".

Подолу предлагаат целосна разговор, кој е на македонски јазик. Подоцна на разговор ќе бидат преведени на албански јазик.

Ништо не ми е јасно.
Сите документи што Заев ги поседуваше, од пред некој ден ги предаде во обвинителство. Ова веројатно е протечено од таму.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Сите документи што Заев ги поседуваше, од пред некој ден ги предаде во обвинителство. Ова веројатно е протечено од таму.
Гледам сите спијат од медиумите никој не реагира, ќе видиме утре да не го добиле новинариве као транскрипт. Ако протекло пак од судот онда каша попара целава работа.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Гледам сите спијат од медиумите никој не реагира, ќе видиме утре да не го добиле новинариве као транскрипт. Ако протекло пак од судот онда каша попара целава работа.
Не покажуваат нешто овие разговори, сигурно ги пуштиле како увод за тоа што следува.

Се ближи денот кога ќе биде објавено главното.

А некој веќе отсега најавува протести за Монструм и Сопот.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Според Заев сите разговори ќе бидат објавени во текот на другата недела или за две недели пред да почнат најавуваните протести. Значи не е толку нерална претпоставката дека БЕСА, Заев и Стојанко ќе се обидат да прават насилни протести.
За потсетување, Ангелов нон стоп се спрдачи и најавува МИРНИ и СО ЉУБОВ полни протести на кои се заканува ама му фалат луѓе за да направи нешто. Сега ќе видиме што ќе прави кога ќе се соберат 10.000 - 20.000 луѓе.
Интересно за спомнување е дека и Десен Сектор од Украина своите протести пред да почне т.н. револуција ги најавуваше како МИРНИ.
The night before the clashes, Right Sector issued an announcement, calling for all members to ready themselves for a "peace offensive" on 18 February. The Maidan People's Union also called on all concerned citizens to take place in the "peace offensive,"
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
А зошто се претпоставува дека ќе бидат насилни ?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
и ме мрзи упте да барам статуси на фејсбук имаше еден куп периодов. Сега само на Едмонд Адеми од СДС од централниот одбор иако тој тоа го објави на фејсбук во Јануари.

Ај здравје ќе видиме што ќе биде, ама не ми личи на нешто добро знаејќи дека и другата страна може да се служи со таа тактика.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Кога ќе се објави атомската бомба за Монструм ова влада ќе се руши како кула од карти, после обичните бомби веќе на ред се нуклеарките, а тие нуклеарки се Монструм,Младенов и Нешкоски.
А инаку после тоа ниту маринците на САД не ќе можат да ја контролираат ситуацијата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom