Леле каков муабет сте разврзале
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Чекајте чекајте, тајм аут, измешавте некои работи
Сега ќе ви одговорам.
@Helex ... мојот Лансер е 1.5 со 109 КС.
Максималната брзина при идеални услови на рамен пат, му е околу 193 - 195 км/ч.
Јас минатиот месец кога се враќав од Гевгелија накај Скопје, имав одлична можност самата да го истестирам и лично да видам до кај му е максималната брзина.
Автопатот беше прав како писта, со минимална удолнина, брзината изнесуваше 198 - 199 км/ч ... стрелката беше милиметар пред 200 км/ч.
А кај што беше автопатот рамен, веќе кажав, 193 - 195 км/ч.
Инаку не е тјуниран.
Овие бројки што веќе ги спомнав се постигнати без никакви модификации на моторот.
Инаку
@kooperativa друже, тоа што имам многу вложено во изгледот на автомобилот ... лајсни, затемнети стакла со клима фолии, ксенон, комплетно променет издув со лонец и грана, за да вади моќен и длабок звук ... сите овие модификации што досега ги имам направено, не спаѓаат во тјунинг.
Тјунинг е модификација - односно зголемување на коњските сили и њутн метрите на моторот на автомобилот.