Македонско фудбалско првенство 2012/2013

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    325
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.775
Поени од реакции
23

2Да му честитам на тетекс за освоениот куп до пред да ја прочитав веста за кои се судии и контролор и делегат имав некакви надежи дека работнички ќе го освие купот а сега веќе не и за жал морам да му честитам на теткс


zosto? sto e fintata so ovoj sudija? ako moze pojasni malku, zos stvarno ne mi teknuva na koi utakmici ovoj mu sudese na teteks i eventualno mu ima pomognato.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.873
Поени од реакции
7.257
zosto? sto e fintata so ovoj sudija? ako moze pojasni malku, zos stvarno ne mi teknuva na koi utakmici ovoj mu sudese na teteks i eventualno mu ima pomognato.
Не е финтата само со судијата тој е послушник на хари ако некој требаше да го суди ова финале тоа беше крцулот од битола или охриѓанецот заборајв како се викаше само тие се фер судии во нашето првенство после имаш најголемиот местач како судија беким баута за контролор и делегат пратеникот иван кој еден ден нема играно фудбал и гледал само на тв
ама ај нема врска да не го тупам многу уште еднаш честики за купот :salut:
 
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.775
Поени од реакции
23
Не е финтата само со судијата тој е послушник на хари ако некој требаше да го суди ова финале тоа беше крцулот од битола или охриѓанецот заборајв како се викаше само тие се фер судии во нашето првенство после имаш најголемиот местач како судија беким баута за контролор и делегат пратеникот иван кој еден ден нема играно фудбал и гледал само на тв
ама ај нема врска да не го тупам многу уште еднаш честики за купот :salut:
pa dvete ekipi imaat ist gazda, kako znaes za kogo ke mu naredat da sudi. i ja sakam teteks da go osvoi kupot, samo muabetov ne mi ide nekako. inaku za krcul si u pravo, ama toa ohriganite ne mozem da gi smislim. samo stavrev e pojke od niv protiv teteks. suleski, markoski, eckoski, toa sve e katastrofa, mnogu bodovi teteks zagubi zaradi niv, a za stavrev i da ne zborim. za stavrev i denesnata pretstava u stip kazuva sve.
inaku spored mene najdobar sudija momentalno e meckarovski, pa posle nego e krcul. ama bas ke vidimo na 26ti dali si bil u pravo ili ne.
za bauta i za ivan sosem si u pravo, nema sto da se komentira za niv.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.873
Поени од реакции
7.257
БЛАГОДАРЕНИЕ НА ФФМ САМО ВО МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧУВААТ ЦИРКУЗИ, ДА СЕ БРИШАТ ЕКИПИ, БОДОВИ.... ДА СЕ КРОЈАТ ТАБЕЛИ НА ЗЕЛЕНА МАСА
Диво и нерегуларно првенство!
*Сезоната 2009/2010 може да се поништи затоа што екипите немаат доволен број натпревари. Секое првенство со помалку од 28 средби е аматерско и таквите земји даваат помалку претставници во евро-куповите
"Првенството е регуларно затоа што ќе има повеќе од 30 кола...", изјави Миле Спиркоски, комесарот за натпревари на ФФМ, на 30 ноември 2009 година кога го пренесе ставот на ФФМ дека шампионатот може да продолжи без Слога Југомагнат и Македонија Ѓ.П. Во тоа време кога беа избришани двата клуба со тие зборови врвот на ФФМ ја убедуваше јавноста дека првенството е нормално иако во фудбалот се случуваат многу ненормални нешта. Во првиот бран на откажувања од лигата од 33 кола лигата се намали на 31. И тоа според ФФМ беше в ред.
И што сега!? Првенството во Македонија нема повеќе од 28 кола. Со бришењето на Победа и резултатите на оваа екипа во досегашниот шампинат првенството се крати на 26 кола. Тоа не е професионална лига според меѓународните фудбалски институции. Според бројот на одиграните натпревари лигата ни е аматерска, а со самото тоа може да следи и нов удар за нашиот фудбал од УЕФА која би можела да го скрати бројот на нашите екипи кои би играле на евро-сцената или да го поништи комплетното првенство кое би добило префикс аматерско место професионално. Општ хаос владее во нашиот фудбал затоа што во невидена паника се и службите на ФФМ. Дури сега се гледа нивната неспособност и незнаење затоа што секој ден имаме нови моменти. Имаме бришење на Победа едно па потоа други одлуки со поништување на сите досегашни резултати на клубот од Прилеп. Голема "турлитава" во нашиот фудбал кој е доказ дека во овој спорт благодарение на ФФМ дојдовме до самото дно и до вратата на аматерските земји.
Како сега Миле Спиркоски ќе го пере образот на ФФМ!? Хаџи-Ристески и Климпер се скриени под перница и молчат затоа што сега нема што да излажат. А пред неколку дена ги "згасна" и оние кои се тепаа за да го правдаат овој убиствен режим во нашиот фудбал. Сега нема каде да кажуваат приказни затоа што сите видоа колку е часот.
Дали сега со 26 кола нашето првенство е регуларно!? Се знае дека сезоната која завршува е пример како не треба да се води фудбал во една земја. Во овие денови кога во прашање е ставена иднината на фудбалот и клубовите овие од ФФМ сами излегуваат на крај со проблемите. Не ги консултираат, а ниту ги известуват оние кои даваат пари и во овој гнил фудбал. Оние кои на Хаџи-Ристески му прават фудбал, а тој владее со истиот. Каде се сега клубовите кои с$ уште се живи да го кренат својот глас!? Еве им доказ дека ФИФА и УЕФА не го тангираат Харалампие Хаџи-Ристески и дека одредени личности залудно фрлаат финансии во ваков нерегуларен фудбал. Можеби некои ќе се задоволат со ситна пара од 80.000 евра или 200.000 евран, но тие пари треба да ги даде УЕФА. Што ако "утре" од Нион стигне факс со известување дека лигата е нерегуларна и дека од Македонија на меѓународната сцена ќе играт само една или две екипи!? Сите клубови, фудбалери и фудбалски работници се "лузери" благодарение на незнаењето во ФФМ и службите на оваа институција. Што сега....!? Каков е овој фудбал за кој многумина се бореа, а треба да се знае дека во сегашниот УО на ФФМ има многу функционери од партијата на власт кои исто така имат одговорност за ваквите случувања. Ако сега не се спаси фудбалот "утре" можеби ќе биде доцна...

Молчеа за да ја спасат Ренова
Во петокот стигна веста од УЕФА и ФИФА за бришењето на ФК Победа. И тогаш ФФМ требаше да знае дека мора да се бришат и бодовите. Тоа е така според ФФМ затоа што од нивната "куќа" излегоа таквите најави. А во петокот се играше првенство во Македонија. Фудбалскиот врв во средата во Нион дозна за "хаваријата" која ја подготвуваат меѓународните институции. Но ФФМ мудро молчеше. Зошто!? Одговорот е јасен и едноставен без разлика на тоа дека од ФФМ утре ќе "се вадат" со своите препознатливи лаги. Ако се знаеше за Победа и бришењето на резултатите Работнички сигурно немаше да игра со втор тим во Битола и немаше да игра во петок. Со победа на скопјани на "Тумбе кафе" разликата меѓу водечките на табелата ќе беше само 2 бода и меѓусебна пресметка во последните 3 кола. Ако се објавеа вестите на ФИФА и УЕФА во петокот ќе беше загрозена титулата на Ренова. Вака с$ е чисто според партнерот на Хаџи-Ристески од Тетово. Потпретседателот на ФФМ и прв човек на Ренова, Кенан Идризи, си доби нов подарок од ФФМ иако таквиот став на "куќата на фудбалот" е уште една од причините поради кои активниот шампионат е нерегуларен. ФФМ не успеа да си направи шема со обидот да им ги смета бодовите на Победа. Некој одозгора гледа с$ што се случува и веднаш прави корекции.

ФФМ да ги исплати клубовите!!!
Пред да почне сезоната клубовите се подготвуваа за регуларен шампионат за фер битка и за 33 натпревари. Затоа ангажираа повеќе играчи, собираа повеќе финансии и имаа повеќе обврски. Но сега благодарение на ФФМ се случува хаос. Место 33 натпревари се случуваат 26. Победа замина во историја, но кој ќе им ги плати трошоците на клубовите за службените лица, за играчите, за патувањата кон Прилеп и карантини. Тоа се големи цифри и некој треба да ги плати. Ако можеа да им кинат бодови сега ФФМ ќе треба да ги отштети оние кои фрлаа финансии во ветер.
 

OdMitico

Rajko Mitic
Член од
4 мај 2008
Мислења
1.290
Поени од реакции
231
1 Гледам прилепчани во нивниот фан клуб ќе се береле утре за време на утакмицата на младинци на победа и пелистер демек за нешто да штрјаковаат сигурно против хари и ацуле а тој денес во хотел кај нив Прилеп курот си го прчеши и никој не му текна да одат таму и да го задават :tapp:
Vo praco si za ova brat,za zal mora da konstatiram..Imase obid da se napraj eden protest pred Salida,pottiknat od mene,ali dodjoa duri 6 dusi,taka da se se zavrsi na verbalni provociranja.Taka da sto se odnesuva do pobeda toa e zavrsena prikazna.Ako se pravese nesto do sega veke trebase da bide napraveno....
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Котизација можеби треба да има, но тоа нема да реши ниту еден проблем од нашиот фудбал. Со котизација само ќе се обезбедат таксите за официјалните лица. Ако некоја екипа решила да се откаже, сигурно нема да се премисли заради котизацијата. Со сила никого не можеш да натераш да игра фудбал. Треба да го мотивираш да игра.
Треба лигата да добие спонзор и да се вика според спонзорот. Пример Јелен Супер Лига во Србија. Не знам како е таму, ама тој спонзор кај нас доволно е да обезбеди буџет на лигата, да речеме од 200.000 евра, за добра реклама тоа не се многу пари. На крајот од првенството сите клубови ќе си добијат парична награда во зависност од пласманот. Можеби за почеток тоа ќе бидат симболични суми, ама ако се зголеми тоа спонзорство на 1.000.000 евра, сумите и нема да се баш симнолични.
На тој начин на екипите нема да им е сеедно дали ќе се 9-ти или 5-ти. Десетици илјади евра ќе биде разликата и ќе нема немотивирани екипи во последните првенствени кола.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
2.164
Поени од реакции
134
Состојбата во Македонскиот фудбал можи да се опиши со едно прашање - зарем сеуште има Македонски фудбал?
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Дома > Спорт


Алексов:Не припаѓам во федерација која ги мести натпреварите
Влатко Арсов



10.05.2010



Во некоја друга фудбалска година ваквиот понеделник ќе беше посветен на домашното првенство и новиот шампион на Македонија.

Но бидејќи сезонава фудбалот кај нас крвари од гревови, за некои е мајтап, а за некои пресилна мака да се спомнуваат матните игри во крпениот шампионат.

Челниците на федерацијата по своја мерка ги скроија судбините на неколку прволигаши, не дај боже и на фудбалската иднина во земјава.

Но групната совест не е имуна како индивидуалната, порано или подоцна ќе се појави дупка во договорот.

Градоначалникот на Штип, доктор Зоран Алексов, поднесе неотповиклива оставка во управниот одбор на ФФМ, објаснувајќи дека не сака да биде дел од федерација во која се местат работите и резултатите.

За оставката со СМС го информирал претседателот Харалампие Хаџиристески, а телефонски разговарал со генералниот секретар Игор Климпер.

„Наместо да се вложува и инвестира на секаков начин и кадровски и материјално во развој на спортовите во центрите повеќе се разговара за тоа кој натпревар да се намести, кој судија каде да се делегира. Едноставно тоа е стил на работа кој што јас како човек неможам да го прифатам“ изјави д-р. Зоран Алексов

Чашата ја преполниле случувањата на натпреварот во Штип од втората лига овој викенд, меѓу Брегалница и Напредок, на кој домаќините загубија со 3:2, а според Алексов биле видно оштетени.

„Не тврдам дека некаде се земани, се купувани утакмици и такви работи бидејќи за тоа едноставно нема доказ. Меѓутоа самата атмосфера на некакви должничко-доверителски односи помеѓу судии и помеѓу функционери и помеѓу клубови едноставно кажува дека во првенството има голема нерегуларност. Нека им е на оние кои што остануваат таму ако продолжат да работат на овој начин не му се пишува добро на фудбалот во Македонија“ додаде д-р. Зоран Алексов.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Дома > Спорт

„Не тврдам дека некаде се земани, се купувани утакмици и такви работи бидејќи за тоа едноставно нема доказ. Меѓутоа самата атмосфера на некакви должничко-доверителски односи помеѓу судии и помеѓу функционери и помеѓу клубови едноставно кажува дека во првенството има голема нерегуларност. Нека им е на оние кои што остануваат таму ако продолжат да работат на овој начин не му се пишува добро на фудбалот во Македонија“ додаде д-р. Зоран Алексов.
Ова е црвот што го јаде нашиот фудбал.
Мала држава сме и многу луѓе меѓу себе се исповрзани на ралични начини. Скоро сите судии си имаат некоја друга работа, судењето им е хоби, па многу лесно може да се поврзани во некои бизнис интереси со одредени газди, спонзори, директори на фудбалски клубови. И кога ќе дојде ред за фудбал, ќе си се почастат со по некој пенал или офсајд.

--- надополнето ---

Состојбата во Македонскиот фудбал можи да се опиши со едно прашање - зарем сеуште има Македонски фудбал?
Да, има фудбал во Македонија. Каков таков, уште се лажеме да одвоиме некој саат за на утакмица. А состојбата е лоша затоа што никого не го боли QR за фудбалот. Сите си траат, по некој новинар ќе отвори некоја тема и толку. А Хари и компанија си лапаат на големо.
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
hari si lapa i ke lapa uste mnogu godini ako nego smeni vlasta bidejki nie nisto ne mozeme protiv nego

--- надополнето ---

30 kolo 12.5. 16:30casot
Milano-Vardar
Metalurg-Renova
Pelister-Teteks
Sileks-Turnovo
Rabotnicki e sloboden

31 kolo 15.5. 16:30casot
Vardar-Sileks
Renova-Rabotnicki
Teteks-Metalurg
Turnovo-Pelister
Milano e sloboden

Tabela
1.Renova 55
2.Rabotnicki 47
3.Metalurg 43
4.Pelister 35
5.Sileks 31
6.Teteks 28
7.Turnovo 25
8.Vardar 24
9.Milano 6
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
За играње во Прва лига по 25.000 евра

Второлигашкото фудбалско друштво во новата сезона наместо со 12, ќе стартува со 16 екипи. Проширувањето, наместо скусувањето, станува се' пореално. „Фудбалската влада“ ја прифати подадената рака од незадоволните клубови, второлигашки и третолигашки, да се надмине незадоволството од годинашниот турбулентен шампионат со нов компромис. Формира работна група која ќе треба да подготви конкретен предлог за освежување на лигите од првата до третите. За сите рангови на натпреварување од прва до трета лига новина треба да биде котизацијата што ќе треба да се уплати однапред, пред стартот на сезоната, а ќе се користи за подмирување на службените лица.

Во прволигашката конкуренција таа би требало да изнесува околу 25.000 евра, кај второлигашите 12.000 евра. И за третолигашите, кои треба да поминат под капата на ФФМ, се прават калкулации колку треба да платат однапред за да играат во регионите.

Предлогот е напишан, работната група ќе го разработува и шминка забрзано за да може да се примени во новата сезона. За Втората лига во сила е одлука за скусување на 12 екипи и стартување со трикружен систем како кај прволигашите. УО како вонредна околност најавува дека можно е истата да ја измени, откако поради прволигашките дисквалификации дури на три екипи, Македонија ЃП, Слога ј и Победа, системот на влегување и испаѓање е нарушен.

За да ги стабилизира турбуленциите, на крајот од тековнава вторлигашка сезона првите три екипи директно ќе обезбедат прволигашки статус, само една екипа треба да испадне и една да игра бараж. За да бидат сите рамноправни во новонастанатата ситуација, предлог е никој да не испадне, а во втората лига да бидат вклучени без баражи петте победници од регионите и лигата да брои 16 екипи. Во ваква лига, со 16 второлигаши, предлог е наместо досегашните двајца играчи до 21 година, да има во записникот петмина, а да играат тројца.

Третолигашката конкуренција наместо со три, да продолжи со пет региони, но контролата да ја преземе ФФМ. (Д.Н.)

www.dnevnik.com.mk
 
B

Beck's

Гостин
znaci verojatno Metalurg ke se iskaci na 2 pozicija.ako izdvoi 2 pobedi,Rabotnicki gubi sigurno na poslednoto kolo
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
Харалампие останува без власта!
*Заминувањето на Зоран Алексов од УО на ФФМ е најава дека политичките функционери бегаат од бродот кој тоне. Кој ли сега ќе го спасува прилепчанецот кој е "сардисан" од сите, и од ФИФА и УЕФА!?
Скандали, поделби, раскол - хаос! Тоа е овој наш фудбал кој го диктира режимот на Харалампие Хаџи- Ристески. Од самото негово доаѓање на власт па с$ до денеска се повторуваат сликите, се бројат жртвите и луѓето кои биле користени како кондоми (за една употреба). С$ се менува, а тој останува на власт. Мора веднаш да се стави крај на фудбалскиот срам. Мора затоа што надминати се сите граници, испукаа сите аларми и црвени линии. Хаџи-Ристески е главниот виновник за тоталниот хаос кој ни се случува во земјава. Мора да се стави крај сега затоа што ФФМ има проблем и со меѓународните фудбалски институции. Случајот со "Победа" беше добар сигнал кон сите во Македонија дека и во Цирих, а и во Нион повеќе не му веруваат на човекот чии роднини "местеа" натпревари по Европа за финансиски ќар од обложувалниците.
Сега на ред е и рушење и повторување на ноемвриското Собрание на кое Хаџи-Ристески доби трет мандат. Тој собир беше комичен, нестатутарен... Но по само шест месеци се урива и новата влада на Хаџи-Ристески. Прв повлекува нога штипскиот градоначалник Зоран Алексов. На членот на владејачката ВМРО - ДПМНЕ му беше потребна половина година за да види со кого си има работа, со какви глупости е окупиран нашиот фудбал, и какви шеми се прават за да се задоволат апетитите на оние кои се најблиски сојузници на прилепчот. Ќе има ли нов јунак кој ќе го следи патот на Алексов. Можеби Илија Китановски!? И тој е од ВМРО - ДПМНЕ, партија која пред неколку дена беше обвинета од опозицијата дека заедно со Хаџи-Ристески го уништуваат фудбалот во земјава. Дали по овој напад владејачката партија нареди повлекување на нејзините пратеници и градоначалници од функциите во ФФМ!?
А за Китановски. Малку е за верување дека ќе си оди, но ако му наредат од "горе" и тој ќе мора да го напушти другарот со кој веќе еднаш се скараа во минатото. Алексов - Китановски. Двајцата не се појавија на саботниот состанок на УО, а овој вториот победи во Штип во меѓусебната пресметка па така сега Напредок е на прагот од Првата лига на штета на Бергалница, која обвинува дека ФФМ ги наместила со помош на судиите.
Е ова се вика општ хаос. ФФМ и с$ е можно... Оваа гарнитура на Харалампие е без образ и без способност да го изгасне пожарот кој владее во мак-фудбалот. Секоја недела имаме нови моменти, нови табели, нови скандали.... Тоа е по заслуга на ФФМ и никој друг. Последниве денови и комплетната јавност виде колку е часот и дека одамна поминаа приказните на фудбалскиот врв со кои се залажуваа одредени медиуми. За жал, некои од тие веќе не постојат па така ќе немаме ексклузивна можност за да ги видиме "плачките" на челниците во ФФМ. Сега е поинаку во фудбалот. Сега и политичките партии се "пукаат" затоа што комплетната држава е загрозена и посрамотена од она што го прават луѓето на Харалампие Хаџи-Ристески.
И. Д. Ивановски

Алексов "распука" по режимот!
"Моето место не е во таа федерација каде не бев од политички причини и оваа моја оставка и повлекување исто така не е политички мотивирана. Едноставно за мене нема место во една федерација каде спортистите се во втор план и каде натпреварите не се добиваат на теренот. Во ФФМ ја нема потребната атмосфера каде бев за да помогнам. Сепак, таму нема слух и нема разбирање. Се делегираат судии по нарачки, се одредуваат смешни казни. Резултатите не се предвид и не се почитуваат спортските вредности. Моето место не е повеќе таму. Она што го видов во ФФМ за овој мој престој како член на УО не е како треба за една федерација. Не сакам некој да го користи моето име и не сакам да бидам дел од режии, неспортско однесување и постојани сомнежи за наместени натпревари", вели Алексов, кој и вчера го најави своето повлекување од ФФМ.
Тој најави:
"Брегалница ќе оди на победа на следните два меча и ќе се обиде да направи влез во Првата лига. Ќе бидеме хендикепирани во Прилеп затоа што дел од тактиката на судијата на дуелот со Напредок беше да ни додели што е можно повеќе картони", додаде Алексов околу амбициите на Брегалница.

ФФМ & се спротивстави на СДСМ!!!
Нема крај на глупостите на ФФМ. Вчера смешно и трагично соопштение на "куќата на фудбалот" и тоа со политички цели. ФФМ реагираше на прес-конференцијата на опозицијата на чело со СДСМ. Јавно кажа дека оваа гарнитура на ФФМ има одлична соработка со актуелната влада со која соработуваат на многу проекти. Изградба на стадиони, помошни терени....
Хаџи-Ристески како да заборави кој кого "рушеше" во минатото и кои функционери го спасуваа. Дека тој е првиот кој ги донесе политичарите во ФФМ и во неговиот УО.
ФФМ се фали дека чесно работи и според законите на државата, но наредните денови ќе покажат дали е тоа така. Ќе се отворат картите...
Згора на тоа, во соопштението на веб-страницата на ФФМ е побарано извинување на СДСМ затоа што "куќата на фудбалот" ќе покрене судска постапка за клевета против најголемата опозиционерска партија.

Тристовски во војна со "езерџиите"
Димче Тристовски иако е нов во УО на ФФМ веднаш си зема за право да поставува услови. Имал голема караница човекот кој влезе во владата на Хаџи-Ристески од Свети Николе, а е со битолско "државјанство". Тој имал жестока расправа со двајцата на УО од езерските градови Охрид и Струга. Побарал да ја среди ситуацијата во ОФС Битола, но на штета на оние кои долги години му се сојузници на Хаџи-Ристески. Расправата минала без посакуван крај и проблемот е одложен за решавање во некои други времиња (ако ги има). Тристовски сега е еден од најблиските партнери на Харалампи, кој, пак, за ваквите проблеми се дистанцирал. Нов доказ дека за интерес ќе бидат жртвувани оние за кои е оценето дека се непотребни.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Миленко „јаде бурек“ моментално. Кај Јанко нормално :)
Кажуваше некои детали од судењето на Победа. Адвокатот на Победа го прашал судијата во судот „ како знаете дека е наместена, кога не сте ја гледале“. Судијата рекол: „парите кажуваат се“. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom