Македонско фудбалско првенство 2012/2013

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    325
Статус
Затворена за нови мислења.

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.310
Поени од реакции
8.296
Суспендираниот Ацуле спречи прекин на мечот во Битола

Иако под доживотна суспензија од УЕФА, зборот и авторитетот на довчерашниот потпретседател Александар Забрчанец-Ацуле и натаму се почитуваат како закон во екипата на Победа. Дека тоа е така, покажа и клучниот настан на соседското дерби во Битола помеѓу Пелистер и Победа, кога малку недостасуваше натпреварот во 69. минута да биде прекинат откако гостинските фудбалери, незадоволни од одлуките на главниот судија Александар Ставрев, а на повик од спортскиот директор Марјан Стојкоски, се упатија кон соблекувалната. Тогаш, од службената ложа кон прилепската екипа истрча Ацуле и во манир на искусен олесувач успеа да ги врати фудбалерите на терен. Притоа дојде и до мал, ни малку пријатен дијалог помеѓу него и Стојкоски, но играчите на Победа го прифатија инсистирањето на Ацуле и решија да го продолжат мечот.
Непосреден повод за ваквата реакција на прилепчани беа двата црвени картона за нивните играчи Пресилски и Ристевски во 69. минута, а претходно Ставрев со жолти картони опомена уште четворица нивни соиграчи. До крајот на мечот, главниот арбитер им додели на гостите уште три жолти и еден црвен картон (на Мирчевски во 90. мин.), па Победа го заврши мечот со осуммина играчи.

РЕЗУЛТАТИ, 26. коло

Пелистер - Победа 1-0
Вељановски 60
Силекс - Металург 0-1
Илијоски 56
Милано - Работнички 0-2
Вандеир 66 од пенал, Б. Божиновски 90
Вардар - Ренова 2-0
Силјановски 30, Положани 80
Турново - Тетекс 0-1
Ристевски 82


ТАБЕЛА

1. Ренова 24 18 3 3 49-20 57
2. Работнички 24 15 5 4 43-21 50
3. Металург 24 11 10 3 34-16 43
4. Пелистер 24 11 6 7 27-23 39
5. Силекс 24 8 7 8 31-30 31
6. Победа (-3) 24 8 4 11 29-37 25
7. Вардар (-3) 24 7 6 11 24-28 24
8. Тетекс 24 7 3 14 27-32 24
9. Турново (-3) 24 7 4 13 26-34 22
10. Милано 24 2 3 19 15-75 9

Идно коло (25 април):

Металург - Пелистер, Победа - Турново, Работнички - Силекс, Ренова - Милано, Тетекс - Вардар.
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Брацо е "газда" на три прволигаши!
*Претставникот на "Спорт 5" кој го има ТВ правата со ФФМ е прв човек на Работнички, Тетекс и Победа. Според правилата, еден човек не може да биде во два клуба!

Екипите на Тетекс, Победа и Работнички се под капата на познатиот Слободан Брацо Вујчиќ. Барем така стои во информациите на споменатите екипи на познатата веб-страница "Википедиа", која важи за најкористен извор за информации ширум светот. Правилата на ФИФА и УЕФА говорат дека еден човек не може да биде во два клуба од ист ранг, а според тоа што се случува во земјава "Брацо" газдува речиси со половина од екипите. Вистината е таа и нема бегање од истата која кажува дека Вујичиќ дава пари како главен спонзор во Тетекс, Работнички и Победа без да прочитаме што пишува на споменатата веб-страница. Сепак, ваквиот систем на работа функционира со години и години затоа што нема човек во земјава кој би можел да му каже стоп на Барцо. Кој би му кажал "НЕ" ако се знае дека човекот од Србија кој има живеалиште во Германија е и главен спонзор на ФФМ. Тој барем до 2013 година има договор за ТВ правата од настапите на нашиот национален тим. Тоа се парите кои неопходни за нормално функционирање на ФФМ и репрезентациите и без кои нашата "куќа на фудбалот" не може да преживее. И тука се поставува прашањето дали Хаџи-Ристески има сили да му се спротивстави на човекот кој на еден начин и го одржува во живот фудбалот во Македонија. Без разлика на тоа што некои говорат дека Брацо е ваков, онаков... човекот троши пари за фудбалот во Македонија иако неговиот начин на работа од година во година има с$ послаби и послаби резултати. Не треба да заборавиме дека во минатото беше главен спонзор на Вардар, даваше пари во Цементарница. Сега неофицијално се говори дека има конекции околу финансирањето во Пелистер, Милано. По сите тие вложувања и соработки страната на Брацо секогаш завршува со пораз. Така барем беше во Вардар од каде го отстранија на груб начин иако во постапка се судските процеси околу докажувањето на правдината.
Сепак, ако се анализира работата на Брацо и неговото инвестирање во фудбалот главната карактеристика е таа дека контроверзниот Брацо е човек во чие лице сите гледаат пари, а од друга страна му прават сопки кои одат против интересите на главниот спонзор. Така на пример во ова сезона Брацо најмногу пари дава во Тетекс, па во Работнички и Победа. Трите клуба "се испотепаа" меѓу себе па така едниот по вина на "братските екипи" ја загуби битката за титулата, а Тетекс ќе се бори до крај за да се спаси од битката за бараж. Победа е случај кој Брацо го бранеше во Лозана, но деновиве стигна потврдната вест дека клубот од Прилеп ќе мора да се соочи со санкциите од ФИФА и УЕФА и осумгодишна суспензија од европската сцена. Во превод никој не го слуша човекот што дава пари.
Кога сме веќе кај човекот "газда" на пола лига, треба да напоменеме дека истиот има с$ помалку пари за вложување во нашиот фудбал затоа што и од централата во Хамбург ги кратат парите за Македонија. Парите кои ги добиваат само три клуба во земјава во минатото се делат за сите прволигаши, но кога клубовите се сателити на одреден режим се случува и цепкање на комплетната сума за ТВ правта само на оние екипи кои ја поддржуват работата на Хаџи-Ристески. Но во последниве денови и тука имаме контрасти. Тетекс го крева гласот и бара поддршка од Работички и Милано за бојкот. Од клубовите кои имаат блискост со Брацо!? Дали ова е сигнал за нарушената љубов меѓу Брацо и првиот човек на ФФМ? И нормално е да има нервоза затоа што двете страни имаат проблем - парите! Во квалификациската група за пласман на ЕП 2012 добивме противници од кои нема да се полни касата, е тоа навистина е проблем по кој би можеле да следат многу проблеми и нарушување на пријателските односи на одредени поединци. Во периодот кој следи може да се очекува некој да му каже "НЕ" на Брацо, но во тој случај ќе треба да се прашаме колку екипи од следната сезона ќе имаат финансии за играње во нашето "елитно" друштво.
И. Д. Ивановски

"Спорт 5": Кој е тој Вујчиќ!?
Во месеците наназад во земјава се случија многу скандали. Најгласен беше оној околу "местенката" на Победа со Пјуник во 2004 година. За тој скандал одлучува УЕФА и ФИФА, а сега и судот за спорт во Лозана. Вујчиќ иако не беше споменат низ медиумите во земјава се силеше со интервјуа во кои обвинуваше поединци за кодоши. Таа сила сега ја нема. Откако повиканите покренаа судски спор Брацо не се јавува на закажаните рочишта. Миленко Неделковски од "Канал 5", кој по судски пат ќе се соочи со Брацо, се јави во нашиот медиум и праша за цената на реклама која би одела со содржина: "Се бара Слободан Брацо Вујчиќ".
"На поканите не одговара. Во канцелариите на неговата 'Спорт 5' во Скопје одговараат дека не им е познато името Слободан Брацо Вујичиќ..", вели Неделковски.
Во споменатиот скандал Брацо како спонзор на Победа се појави како единствен сведок во одбраната на Победа пред судот за спорт во Лозана.

Да не беше Брацо ќе немаше више фудбал у Македонија,затоа што тој колку што дава паре никој не дава...:toe:
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Да не беше Брацо ќе немаше више фудбал у Македонија,затоа што тој колку што дава паре никој не дава...:toe:
Не треба така размислуваме. Можеби подобро и да немаме фудбал, како што викаш, отколку да се лажеме дека го имаме.
Јас немам ништо против Брацо, можеби убаво е тоа што дава пари, ама не е во ред еден ист човек да биде финансиер во повеќе клубови. Ако толку сака да помага во Мак фудбал, нека си одбере еден клуб и нека спонзорира само таму, таман со повеќе пари.
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Не треба така размислуваме. Можеби подобро и да немаме фудбал, како што викаш, отколку да се лажеме дека го имаме.
Јас немам ништо против Брацо, можеби убаво е тоа што дава пари, ама не е во ред еден ист човек да биде финансиер во повеќе клубови. Ако толку сака да помага во Мак фудбал, нека си одбере еден клуб и нека спонзорира само таму, таман со повеќе пари.

Да да ако дава у еден само кој ќе опстои?? И ја сум против тоа Брацо да вложуе у све клубојве(Тетекс,Работнички,Милано,Победа,се збори и Пелистер,цела лига у пм)ама ако не фрла тој паре у лигава само Работнички,Турново,Ренова и Силекс ќе играа у прва лига?? Дур не се појава појќе спонзори(со самото бркање на Хари би требало да се смени тоа) таке ќе биде:toe:
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА Х. ТУРНОВО ГИ ЗАГУБИ НЕРВИТЕ
Орце Тодоров се повлекува од фудбалот

Водечкиот човек на прволигашот Хоризонт Турново, Орце Тодоров, се повлекува од функцијата претседател на клубот и воопшто од македонскиот фудбал. По 20 години активно учество во домашниот фудбал, од кои дел поминати и како член на УО на ФФМ, Тодоров реши комплетно да се тргне од фудбалските случувања. Клубот Турново ќе продолжи да егзистира, ќе продолжи и да се натпреварува, можеби Тодоров повторно ќе помага со еден мал удел, но тоа дефинитивно нема да биде како во изминатите години. Едноставно, човекот вели дека ги загубил нервите чекајќи македонскиот фудбал да тргне во позитивна насока и борејќи се против неправдите. - Решив да се тргнам од македонскиот фудбал. Немам веќе нерви. Нема да гледам ниту еден првенствен натпревар, а на стадион ќе бидам само на натпреварите на репрезентацијата. Со парите што ги вложувам во Турново, можам секоја недела да гледам кој било натпревар во Европа, да бидам господин, а не да се грижам дали некој судија ме оштетил и која е заднината на една таква лакрдија. Турново го сакам, ниту јас ниту другите што вложуваат нема да дозволиме клубот да пропадне, но нема веќе ефект да се вложуваат големи средства во една ваква поставеност - вели Тодоров. За фудбалот во Македонија, во кој целосно се вложил во изминатите години, Тодоров тврди дека нема перспектива. - Во Македонија нема фудбал. Едноставно не знаеме да го направиме. И јас сум дел од тоа затоа што и јас бев дел од раководните гарнитури. Не сакам да зборувам за поединци иако многу работи знам и ми се совршено јасни. Затоа најпаметно ќе биде да се повлечам - открива Тодоров. Хоризонт Турново важеше за пријатно изненадување во почетокот на сезоната. Стадионот „Кукуш“ долго време беше неосвоива тврдина за останатите прволигашки екипи, но се чини дека откако Турново крена глас против претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески, и беше дел од четирите екипи што решија да го бојкотираат првенството, работите тргнаа надолу. Затоа што во последен момент му се врати на натпреварувањето, клубот беше казнет само со опомена, но се чини дека вистинската казна сега стапува на сцена. Од екипа која беше во горниот дел на табелата, Хоризонт Турново се лизна до претпоследната позиција која води во баражот за опстанок во Првата лига. Уште еден квалитетен спонзор реши да се повлече од македонскиот фудбал. Политиката на раководството на ФФМ очигледно е насочена во спротивна насока од најавуваното унапредување на фудбалот. Затоа нема публика, нема квалитетен фудбал и нема успеси на меѓународната сцена, ниту на клупски ниту на репрезентативен план.

извор: http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2001&ArticleID=139053
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Да не беше Брацо ќе немаше више фудбал у Македонија,затоа што тој колку што дава паре никој не дава...:toe:
А никој не прашува колку зема?:toe:

Да даваше барем 25% од тоа шо зима досеа ке имавме клуб у Лига Шампиони!

ПС: Кој се разбира знае на шо мислам!:kesa:
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
„Скај вингс“ нов спонзор на Работнички
Фудбалерите на Работнички ќе добијат нов спонзор, покрај веќе неколкуте што го имаат. Тоа ќе биде авиокомпанијата „Скајвинг“, чии ознаки на своите дресови ќе ги носат во наредните две години. За утре е закажано потпишување на договорот меѓу еден од нашите најдобри клубови Работнички и „Скајвинг“. Договорот ќе го потпишат претседателот на клубот Драган Поповски и директорот на „Скајвинг“ Ајан Џаферовски.

Според договорот, „Скајвинг“ се обврзува со своите авиони да ги превезува играчите на Работнички во настапите во Евро лигата и на меѓународните натпревари, како и на подготовките во странство без финансиски обврски за „романтичарите“. (М. М.)

извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6D9A03667CB88E4FB57615C30CF792A6
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Не знам кој е Орце Тодоров ниту знам со што се занимава. Од љубов кон клуб може да се даваат пари само за ниво од Трета евентуално и Втора лига. Трошоците за Прва лига се преголеми за да се дава само од љубов.
Некако многу касно сфатил човекот дека оваа ФФМ не ја бива. Нема ништо ново во таа Федерација во последнава година, нешто што би го натерало Орце Тодоров да го промени мислењето. Истите апаши се. Можеби Орце очекувал нешто од ФФМ, некоја награда, а не ја добил, па сега се повлекува.

Од нашиот фудбал моментално не може да се заработи на легален начин. Може само да се прават добри кадетско-младински селекции и да се чека подобро време за неколку години (без Хари), па дури тогаш да им дојдат „5-те минути“ на тие млади селекции.

Металург на пример, ако евентуално избори место во Европа, и да речеме дека ќе помине едно коло (тешко според мене) од парите што би ги земал од УЕФА нема да покрие ни 20% од трошоците за цела сезона. Верувам дека во клубот го знаат тоа, па затоа најголем акцент имаат ставено на реорганизацијата внатре во клубот.
Полека се подмладува тренерскиот кадар за младите категории. Горан Петрески - Чунга дојде пролетва, тој е еден од повеќе познатите. Ставија нови 3 соблекувални со тушеви само за младите категории. Во план е средување на помошното игралиште и уште едно ново ...
Излез во Европа, со овој квалитет (ако не можеш да влезеш во Лигата) може да те збогати само преку кладилница.
Во млади фудбалери се парите.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.555
Па многу јасно дека ќе бидат меѓу последните.Кој гледаше прееска Филе у 1 саат ќе знае зошто е тоа така.Да немаат играчите пари за копачки и за последни неколку месеци да земат само 50 евра срамота е, затоа е и така.
Иначе Работнички што напраи ова коло?:helou:
 
B

Beck's

Гостин
Па многу јасно дека ќе бидат меѓу последните.Кој гледаше прееска Филе у 1 саат ќе знае зошто е тоа така.Да немаат играчите пари за копачки и за последни неколку месеци да земат само 50 евра срамота е, затоа е и така.
Иначе Работнички што напраи ова коло?:helou:
1-2 izgubi od Sileks :smir:
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
25 kolo
Renova-Milano 1:0
Rabotnicki-Sileks 1:2
Vardar-Teteks 1:1
Metalurg-Pelister 1:0
Pobeda-H.Turnovo 0:1

Tabela
1.Renova 60
2.Rabotnicki 50
3.Metalurg 46
4.Pelister 39
5.Sileks 34
6.Vardar 25
7.Teteks 25
8.Turnovo 25
9.Pobeda 25
10.Milano 9
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom