Македонско - српските односи по заслуга на Јован

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Српскиот претседател Борис Тадиќ се заложи синоќа официјален Белград да остане настрана од случајот Јован, оценувајќи оти во спротивно тоа ќе претставува мешање во внатрешните работи на Македонија.

„Во тоа прашање српската држава не може да се плетка, бидејќи тоа би било мешање во туѓи проблеми, политички и судски процеси“ изјави Тадиќ.

„Во разговорот со Црвенковски постигнавме согласност дека ситуацијата што настана по апсењето на владиката Јован мора да се реши што поскоро“, изјави Тадиќ.

За него е несфатливо да не се уважуваат основните верски слободи и српскиот претседател смета оти проблемот треба да го решат македонската држава и надлежните европски институции за човекови права, како ОБСЕ и Хелсиншкиот комитет.

Според Тадиќ, тоа прашање е важно и за српската и за македонската црква, но има и пошироко регионално значење.

Тадиќ потсети на поддршката што македонскиот народ и ја даде на Србија за време на бомбардирањето од страна на НАТО во 1999 година, и додаде дека се залага за нормализирање и унапредување на меѓудржавните односи и економската соработка меѓу Белград и Скопје.

И сега по последните случувања, мислите дека црковните случувања придонесоа за политизирање на Српско - Македонските односи иако српската влада вели дека несмее да се меша во црковниот спор помеѓу двете држави применувајќи политички средства? Има ли лицемерие во ваквите изјави? Дали навистина стојат на страна или се мешаат?
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Мое лично мислење е дека Македонија и Србија отсекогаш имале гнили односи и случајот со Јован (којшто нема никаква смисла бидејќи е нелегален според сите законски рамки на Република Македонија која се дефинира како секуларистичка земја во којашто правото и црквата според уставот се хетерогени т.е. инстанци коишто не се мешаат) е само изговор за доказ на дело на тие гнили односи. Македонија секогаш служела за територија на бранење на српските интереси и односот на власта придонесува на таквиот заклучок.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Можеби ги фаќа носталгија кон "Вардарската бановина", можеби почнаа повторно да се ставаат во улога на слуги на Грците.

Сепак не верувам дека српскиот народ, барем оние освестените кои не делкаат по цел ден роштиљ и прасиќи и вртат празни муабети за Србија до Токија го делат мислењето на Владиката Пахомије! Водата ја мати тој, а овие другиве полека загњуруваат во "вртлогот".
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Српскиот премиер го одби барањето на Бучковски црковните проблеми да не ги попречуваат пријателските односи меѓу Србија и Македонија.

За Коштуница единствен гарант за добрите односи меѓу Белград и Скопје е ослободување на Вранишковски. Денеска во Салцбург тие не се договориле политиката да остане настрана од црковниот спор меѓу СПЦ и МПЦ.

По средбата со Коштуница, Бучковски не знае како случајот Вранишковски ќе се одрази на односите меѓу Србија и Македонија. Тој вчера на Пелинце рече дека нападите на МПЦ имаат политички и нецрковен карактер.

„Јас го пренесов ставот на Владата дека почитувајќи го принципот на поделба на власта, а тоа г-нот Коштуница многу добро го знае, бидејќи е професор по Право, лимитирани се можностите на Владата“, изјави Владо Бучковски, претседател на Владата на РМ.

„Во овој момент остануваат на располагање правните средства, кои тие ги знаат. Како целиот овој случај ќе се одрази на односите помеѓу Македонија и Србија, во овој момент не би можело да се прогнозира“, додаде Бучковски.

Непопустлив пред барањето за пријателски односи, Коштуница повторно со директна закана - или Зоран на слобода или заладување на односите.

Од Белград денеска и барање од српскиот министер за вера Милош Радуловиќ, кој од Цане Мојановски, претседател на владината Комисија за односи со верските заедници, бара да и укаже на Владата дека судските власти донесле неприфатлива пресуда за Вранишковски.

Додека неговиот премиер директно од Бучковски бара реакција од македонската власт, Радуловиќ најавува потпишување на меморандум за немешање на двете влади во црковниот спор.

За разлика од српската Влада, претседателот на Србија и претставници на заедницата Србија и Црна Гора во обид да ги смират страстите во кабинетот на Коштуница.

Правниот совет на МНР на Србија и Црна Гора денеска со став дека СЦГ не може правно да го штити Вранишковски, затоа што тој е македонски државјанин.

Обид за смирување на состојбата и од претседателот на Србија, Тадиќ, кој во вчерашниот телефонскиот разговор со претседателот Црвенковски се заложил за одржување на добрите односи меѓу Скопје и Белград.

За Тадиќ, мешањето на Србија во случајот Вранишковски е мешање во внатрешните работи на туѓи политички и судски процеси.

Според него, проблемот треба да го решава македонската држава и европските институции за човекови права.


Тадиќ Vs. Коштуница? Заладување на односите? Што значи ова? Ќе им ги гаснеме лесковачките роштиљи во Македонија?
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Коштуница и неговите подржувачи во Србија????
Човек поставен за претседател со багер револуција подржана од Клинтоновата администрација многу сакана од Грчкото лоби.
Имаше на една друга тема линк од Б-92 каде преовладува мислењето на Српскта интелегенција која коренспондира со мислењето на Тадиќ.
Е сега Браќа Кариќ и елитата на власт...нели е се јасно..секогаш во вакви случаи важи официјалната политика а не мислењето на 80% од народот кое течко ќе го дознаеме.
Но за среќа би рекол нивна го имаме случајот:
Тадиќ Vs. Коштуница
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Се надевам дека паметните кај нив ќе зуцнат во јавноста и ќе почнат да резонираат.

Што би се десило ако навистина ја затворат границата? Јас мислам дека самите ќе си се поeбат гадно. А да им ѕвизнеме ние една нафтена криза пак, па да им изреметиме се живо и да почнат повторно да доаѓаат по нашиве пазари за да шиткаат кајмак и прасетина како до пред некоја година?

Само овој пат нека кружат за да влезат преку Албанија, Грција, Бугарија...
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
Мистичен напиша:
Можеби ги фаќа носталгија кон "Вардарската бановина", можеби почнаа повторно да се ставаат во улога на слуги на Грците.
тоа „повторно„ не одговара

во последните неколку стотини години во иста гајда дуваат владеачките структури(српска и грчка), само интезитетот се менува од време на време...

факт е дека поќето од србите не ги мразат македонците, меѓутоа еден мал дел од населението никоаш не се откажа од идејата „србија барем до битола, ако не до токија„

во неколку наврати живеев во србија, и го почуствував и пријателството и омразата на своја кожа.

жално и трагично е нивото на кое размислуваат еден дел од граѓаните на србија. дури и за време на најголемата изолација и најтешкиот период кој го имаа, мегјународните санкции и подоцна Нато-бомбардирањето, слушав такви изјави и муабети, да не веруваш...

ама се надевам дека разумот ќе победи и кај нив кога-тогаш

всушност, треба сите да сватиме дека иста планета делиме...
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Мора да им е многу досадно последниов период. Немаат веќе толку многу фрки со Косово, им се здосади изгледа да го "решаваат" тоа прашање, му турија пепел на Слобо, па сега си бараат нова занимација во владата, а истовремено му ја сервираат и на народот, онака - колку да го размрдаат од политичкиот сон, бидејќи многу мирно почнаа да спијат (невообичаено за нив).
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
44
Владеачката политика во Србија е настроена против Македонија. Некои партии бараат од владата да се дистанцира политиката од црквата.
Повеќето од народот во Србија е против однесувањето на нивната влада. Но сегашната српска владеачка гарнитура е поголем роб на црквата отколку што е тоа случај во Македонија, затоа и заземаат такви ставови. Сепак, Јован е македонски државјанин и Србија нема никакво офцијално право да се меша во работите кои се случуваат околу него. Со самото тоа што го бранат, признаваат дека го подржуваат во неговата расколничка политика.
Смешно е што оваа вест се шири толку брзо и е актуелна насекаде. Медиумите блиски на српската влада толку моќно информираат што страв ми е дека Јован ќе биде ослободен и ќе добие уште толку поголема поддршка, ќе искочи како победник.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Да! И јас навивам да биде ослободен за потоа некој курназ биљбиљ да му го најде крајот.

Или например да му ја остават вратата од ќелијата намерно отклучена, за да се полакоми да праи бегство, па да игра метак.

Инаку, српскиот заменик-министер за економија ја убедува својата влада да не избрзуваат со одлуките и мудро да се повлечат, бидејќи транзитот на стоки минува во најголем дел низ Македонија које воедно е еден од најзначајните нивни стратешки трговски партнери со кои имаат голема трговкса размена, која во случај на санкции кога Македонија би одговорила реципроцитетно и од своја страна би вовела санкции би ја довела СЦГ во загуба и трговски дефицит од најмалку 50 милиони евра.
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
Смешно е што оваа вест се шири толку брзо и е актуелна насекаде. Медиумите блиски на српската влада толку моќно информираат што страв ми е дека Јован ќе биде ослободен и ќе добие уште толку поголема поддршка, ќе искочи како победник.

факт е дека поќето од србите не ги мразат македонците, меѓутоа еден мал дел од населението никоаш не се откажа од идејата „србија барем до битола, ако не до токија„

Човек поставен за претседател со багер револуција подржана од Клинтоновата администрација многу сакана од Грчкото лоби.

Мое лично мислење е дека Македонија и Србија отсекогаш имале гнили односи...
Постојано укажував на тоа дека југоносталгичарството е пропагандна шема за вршење на психолошки операции кои не се во интерес на македонскиот народ. Дека огромниот напливот на југиш музика не е ништо друго освен вршење на културна хегемонија врз населението и некои други слични работи кои излегуваат од кујната, повеќе грчка отколку српска, на нетолку благородни државни институции. Замислете, дури бев нападнат и исмејуван заради моите тврдења, но не само по форуми.
Верувајте дека не се ситам, само ми е тешко што повторно бев во право за грешна работа. Што вреди што ми потврдуваат дека сум бил во право оние истите на кои им велев дека треба да воведиме реципроцитетност: Колку србска музика/ култура да влегува, толку македонска да излегува, спречување на повампирувањето на Јосип Броз како замајување од реалната независна состојба и доказ за македонската неспособност сам да се раководи, поттикот на сеќавањата на нашиот наводен заеднички феноменален (богат) живот и други работи.
Добро, ај да признам дека ми годи кога гледам како се растрчани србите сега да си го повратат угледот кај македонците. Што поради искрени емоции, а повеке поради пропаѓањето на долгогодишните пропагандни дејства.

Со македонското приближување кон статус на кандидат за членство во ЕУ некој станува многу нервозен. Пари се фрлени за тоа да не` доведат до ваква состојба, да имаме ваков политички врв, да имаме вакви испревртени вредности, а сите тие пари набрзо ќе пропаднат во неврат како промашена инвестиција.

Со радост можам повторно да констатирам:
И ПОКРАЈ СЕ` СИЛНО ОПШТЕСТВО СМЕ!!! ДА СИ ИБЕМЕ ВЕКО`!!!

Какви сме, такви сме, сеуште токму сме!!! :msc3:

When push comes to shove... We kick ass!!!
When the going gets tough... most run away, but those who stay are very dangerous creatures!!!
 
Член од
16 јули 2005
Мислења
39
Поени од реакции
1
Србите ке направат сичко што зависи от них да спречат влезот на Р Македониja во ЕУ ..не са ja заборавили Вардарската Бановина
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
petrichanec напиша:
Србите ке направат сичко што зависи от них да спречат влезот на Р Македониja во ЕУ ..не са ja заборавили Вардарската Бановина
АКО НЕШТО ЗАВИСИ ОД НИВ (во што чисто се сомневам) :wink:
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Најновата смешка за во книгата на глупостите: Србите почнале да потпишуваат петиции за ослободување на Јован! :))

Душички, ни еден од нив не знае зошто всушност е осуден Јован.
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
Мистичен напиша:
Најновата смешка за во книгата на глупостите: Србите почнале да потпишуваат петиции за ослободување на Јован! :))

Душички, ни еден од нив не знае зошто всушност е осуден Јован.
за србија до битола?

а србија до битола, само преку мојов... :wink:

мислиш дека знаеја зошо гинеа ко будали низ СЛО, КРО и БиХ?

телиња...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom