- Член од
- 1 мај 2005
- Мислења
- 2.612
- Поени од реакции
- 32
ретко пастирам комплетни вести од останати медии...
ама ова заслужува внимание, барем мене така ми се чини
-------------------------------------------------------------------------
СИРЕЊЕ НАМЕСТО НУКЛЕАРКИ
СИРЕЊЕ НАМЕСТО СЕРЕЊЕ по Форуми
и не само како порака до АБЦ
Македонски Народе, почни да си ораш нивата, оти ќе ти ја ора некој друг, па после ќе кукаш за човечки правдини...
ама ова заслужува внимание, барем мене така ми се чини
Љупчо МургоскиDnevnik напиша:Убаво се живее и од тепано сирење
Марифетот за правење биено сирење, уникатниот мариовски производ, веќе неколку години успешно се применува во малата семејна работилница во прилепската населба Варош. Пред куќата на семејството Илиоски се почесто се паркираат автомобили и со странски таблички и товараат канти со сирење. Во малата работилница, сместена во семејната куќа, се произведува познатото македонско биено сирење. Марифетот го применува 63-годишниот мајстор Ванчо Илиоски, кој направи мал семеен бизнис, во кој покрај сопругата Марија, се вклучени и синот Рубин и снаата Верче.
- Биеното сирење не е специјалитет што го сакаат само Македонците. Овде честопати доаѓаат пријатели на иселени Турци од Македонија, кои сега живеат во Турција, и таму им испраќаат биено сирење. Веројатно таму не се произведува, а тие се научени од деца на посебната арома и на специфичниот вкус на биеното сирење. Лете купуваат гастарјбатери од Швајцарија, Германија, од Шведска... Некои муштерии велат дека купуваат по некое кило за да им пратат на своите во Америка и во Австралија, да ги примамат со сирењето да доаѓаат почесто на родното огниште - вели мајсторот Ванчо.
Тој е еден од ретките квалификувани мајстори за биено сирење и не само за тоа. Од работилницата излегуваат и меко сирење и урда. Илиоски прави сирење од кравјо млеко, бидејќи овчото е поскапо, а со тоа и сирењето.
- Биеното сирење е мариовски уникатен производ. Иако сум родум од полското село Вранче, го правам како прав Мариовец. Занаетот пред повеќе од 40 години го научив во училиште во Гостивар и практична работа во скопската млекарница. Тоа ми се темелите. Пред неколку години бев и во една гостиварска млекарница да ги учам како се прави сирење. Вистинскиот рецепт го открив од стари мајстори со мариовско потекло во прилепската млекарница, каде што работев од отворањето до затворањето. Само Мариовците и тие што соработуваат со нив знаат како се прави аслим биено сирење - вели Ванчо.
Тој со години љубопитно учел од ветераните да стане мајстор.
- И ги совладав марифетите. Набљудував внимателно колку тураат сол, како потквасуваат, како бијат сурутка, колку загреваат, колкава е температурата на врелата вода, како греат за зреење и така натаму. Сега сите прават, ама малку како што треба. Тоа се чувствува по вкусот. Под името биено сирење или, како што Мариовците оригинално го викаат, тепано сирење има се. Но, за секоја стока има муштерија - вели мајсторот Ванчо.
Тој за обработка откупува по околу 800 литри кравјо млеко дневно, од кое, како што вели, не излегува ни сто килограми сирење.
Секој член во семејството има свои обврски. Сопругата Марија е задолжена за хигиена на садовите, а последниве месеци бизнисот го држат младите, синот Рубин и неговата сопруга Верче. Тие, од сабајле па се додека има млеко прават биено сирење под будното око на мајстор Ванчо. Рубин вели дека не е лесно.
- Од осум наутро кога доаѓа млекото, додека не се собере урдата не се застанува. Така секој ден. Ниту сабота ниту недела има слободно. Запираме трипати во годината, за Велигден, Божик и за Нова година - вели Рубин.
На снаата Верче ни на крајот на умот не и доаѓало дека ќе прави сирење.
- Влегов во такво семејство и не се жалам, се вклопив. Со сопругот тераме со сирењето и добро ни е - вели Верче.
Ванчо е задоволен поради тоа што младите полека го преземаат производството. Но, вели, и тој не седи со скрстени раце, туку го тера "маркетингот" низ чаршијата.
Жителите од Варош се познати по производството на тутун. Велат дека само тие умеат од еден декар да извадат 350 килограми од типот "прилеп". Но, сега умеат и од млекото да "натепаат" мариовски специјалитет.
-------------------------------------------------------------------------
СИРЕЊЕ НАМЕСТО НУКЛЕАРКИ
СИРЕЊЕ НАМЕСТО СЕРЕЊЕ по Форуми
и не само како порака до АБЦ
Македонски Народе, почни да си ораш нивата, оти ќе ти ја ора некој друг, па после ќе кукаш за човечки правдини...