Македонското сирење непожелно во Хрватска

  • Креатор на темата A__
  • Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.235
Поени од реакции
12.402


Хрватска забрани увоз на сите производи од животинско потекло од земји што немаат извозни броеви за Европската Унија. Ова погоди голем дел од македонските фирми што со години извезуваат јајца, млеко и млечни производи и месни преработки на хрватскиот пазар. Од Министерството за земјоделство се обидуваат да ја убедат хрватската влада да ја изземе Македонија од оваа одлука барем додека Хрватска не стане членка на Унијата. Свесни сме дека ова ќе биде голем проблем за дел од нашите фирми за кои Хрватска е голем пазар и најголем дел од производите ги пласираат таму. Разговарав со хрватскиот министер за земјоделство и тој вети дека ќе се потруди да ја одложи целата работа барем до крајот на годинава - изјави министерот за земјоделство Ацо Спасеноски.

ПАЗАРОТ АТРАКТИВЕН

Според него, одлуката на хрватската влада е логична бидејќи земјата е кандидат за членство во ЕУ. Но тој се надева дека одлуката ќе биде одложена, а во меѓувреме очекува нашите фирми да обезбедат сертификати за извоз во ЕУ за да не го изгубат хрватскиот пазар.Податоците од Ветеринарската управа покажуваат дека досега на овој пазар се извезувале најмногу јајца од повеќето живинарски фарми во земјава и многу млечни преработки, од кои најмногу сирење и кашкавал.Пазарот е доста интересен бидејќи и вкусовите се слични, па некои од нашите фирми што продаваат преработки од месо се обидоа да извезуваат. Но откако Хрватска ја донесе одлуката, тоа е стопирано. Сега чекаме официјална одлука од хрватската страна за да видиме дали ќе дозволи увоз - вели Дејан Рунтевски, директор на Ветеринарската управа. Доброупатените коментираат дека ова е само почеток на извозните проблеми за нашите фирми ако под итно не почнат да се сертифицираат.Нашите капацитети се доволни за да го задоволат само домашниот пазар и евентуално да извезуваат на просторот на земјите од поранешна Југославија. Не смее да дозволиме да ги изгубиме хрватскиот, српскиот и косовскиот пазар - порачуваат тие. Затоа им советуваат на извозниците ведн аш да почнат со сертификација за да добијат извозни броеви за ЕУ.

ПРЕЧКИ И ЗА АГРАРОТ

Фирмите што извезуваат во Хрватска вчера воопшто не сакаа да ја коментираат хрватската одлука се' додека не стигне официјално писмено известување. Земјоделците, пак, велат дека е многу веројатно ова да се случи и со градинарските култури и со овошјето што се пласира на хрватскиот пазар.Многу е веројатно да се донесе одлука овошјето и зеленчукот да се пакуваат според стандардите на ЕУ. Тие бараат производите да се калибрираат, да се стават во посебна амбалажа, што ќе значи дополнителен трошок за нас - се жалат тие.Земјоделците бараат да им се даде време барем додека проработи Агроберзата за да се приспособат кон новиот начин за извоз.

Валентина Ангеловска
 

Kajgana Shop

На врв Bottom