Македонски фудбалери во странство

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.168
Поени од реакции
25.825
А глеам и Тричко гол дал, и тоа против Бриж :D
Ајде и голот на Тричковски од 1:05 пуштете. Не се израдувал на голот. :)

Пачовски (Мехелен) примиле 3 гола од Лирс, а Трајковски влегол во игра дури во 89-та мин. :confused:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.573
Поени од реакции
3.949

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.168
Поени од реакции
25.825
Младиот голман Столе Димитриевски е повикан за вечерашното гостување на Гранада кај Алмерија. Најверојатно ќе биде на клупата како втор голман (конкурент му е грчкиот репрезентативен голман Орестис Карнезис).
 
Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.168
Поени од реакции
25.825
Дури во петтиот натпревар откога Кит Даунинг ја води екипата Горан Попов доби шанса од привремениот менаџер да игра против Кристал Палас во ФА-купот, но Вест Бромвич Албион изгуби на домашен терен со 2:0, а вина има и македонскиот интернационалец.
Даунинг реши да направи дури осум измени во составот во однос на тој што го совлада Њукасл во средата во Премиерлигата, а дел од свежата крв во тимот беше и Попов, кој го одигра целиот меч. Меѓутоа, токму струмичанецот беше виновник за водечкиот гол на гостите во 22. минута, кога на работ од својот шеснаесетник го „проигра“ противничкиот играч Хирам Боатенг, кој му додаде на Двајт Гејл, а овој ја смести топката во мрежата на домаќинот. Точка стави резервистот Маруан Чамах во петтата минута од судиското продолжение.
За левиот бек од Македонија ова беше прв целосно одигран дуел во неговата втора сезона како зајмен играч од Динамо Киев. Заедно со оваа средба, тој има само пет настапи сезонава за ВБА, од кои два првенствени, два во Лига-купот и овој од Купот на Фудбалската асоцијација.
 
Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.168
Поени од реакции
25.825
Голманот Дејан Стојановиќ денес бил на клупата на Болоња во натпреварот против Катанија.
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.289
Поени од реакции
58.248
Стевица Ристиќ повторно се врати во Кореа.
Овој пат ќе го носи дресот на Чунам Драгонс
 
Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.168
Поени од реакции
25.825

Дејан Пешевски за Тип: Бреша потврди. Кажа да. Останувам во оваа екипа. Според проценките во среда би требало да добијам пасош. И тогаш ќе потпишам за оваа екипа. Денеска настапив за првиот тим. Славеме победа од 2-0 во средбата со Примавера. На мојот прв натревар за Бреша имав две асистенции. Во петок сабота и недела ќе тренирам индивидуално по два тренинга. Понеделник и се приклучувам на екипата. Доколку ги добијам потребните документи, ќе осатнам без никави дилеми. Во спротивно ќе бараме алтернативно решение со договор од лето да се приклучам на екипата. Верувам дека админстративната пречка ќе биде нaдмината и дека среда ќе потпишам офцијално“. -на голема радост на сите ни пренесе младинскиот репрезентативец.

Поранешниот фудбалер на словачките екипи Спартак Тарнава и Ружомберок, Дејан Пешевски успешно ја помина пробата во италијанскиот второлигаш Брeша. 20 годишниот македонски младински репрезентативец на првиот натревар за неговиот нов тим имаше две асистенции. Како што дознаваме Бреша повеќе од еден месец се обидуваше и сега успеа да го ангажира исклучително талентираниот млад фудбалер. Се надеваме дека Пешевски до среда ќе добие пасош од Европска Унија и успешно ќе биде надминат овој проблем од админстративен карактер со што уште еден наш фудбалер ќе заигра во Италија.
 
Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.934
Поени од реакции
4.418

Ова ми е сомнително од причина што текстов вели дека играле против Примавера, а во Италија сите младински екипи имаат назив примавера. Значи не велам дека не потпишал со Бреша, туку начинот на кој е пренесено тоа ми е нејасен, се дава лажна слика за тоа што (според мене) навистина се случило. Тој најверојатно потпишал договор со Бреша како младински фудбалер. Нешто како Ристовски што беше во Парма.

Инаку мило ми е за дечкото што успеал да стигне барем до италијанска втора лига.
 
Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.168
Поени од реакции
25.825
Стефан Ристовски постигна победнички гол за Латина во последните моменти од натпреварот.

Не беше стартер, 2-ро полувреме влегол и постигнал гол.
--- надополнето: 25 јануари 2014 во 19:39 ---
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.673
Поени од реакции
70.881
Пак ќе кажам, дел од фудбалерите си имаат нарачани статии по Македонските портали.
Пола од шпекулациите сами си ги пуштаат пошто им помагаат при потпишувањето со некои клубови од странство.
 
Z

ziko bt

Гостин

Да,да јасно од прва рака знам такви патки се пуштаја за Хасани на MacedonianFootball дека Партизан го барал па заврши кај Швабите,сигурно и доста други случаеви има,ама од Севиља до Јагодина :icon_lol:
 
Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.193
Поени од реакции
937
Драган Стојков ќе тренира со ЛА Галакси

„Бев целосно изненаден и збунет кога видов дека овој тим ме бара на двонеделна проба“, ни изјави Стојков
Македонскиот фудбалер Драган Стојков в петок заминува за Америка. Тој доби покана да биде дел од екипата на ЛА Галакси две недели со можност да потпише договор со овој тим, но ова ќе биде добра можност да биде виден и од некој друг тим, па да најде нова средина откако замина од Јагодина.

„И самиот не можев да верувам дека ЛА Галакси сакаат да одам кај нив на проба. Ќе бидам таму две недели и ќе одиграм неколку натпревари. Добро е тоа што на мечевите ќе бидат и менаџери на некои други тимови, па тоа ќе биде добра можност за трансфер.“, ни изјави 25-годишниот Стојков.

ИМАШЕ ИНТЕРЕС, НО ОВА МИ Е ПРЕДИЗВИК

Зошто баш ЛА Галакси? Затоа што е голем тим, затоа што е нешто невообичаено за наш играч да игра во МСЛ-Лигата...

„Голема чест е ова за мене. Од американскиот фудбал знам само за тој тим, за ЛА Галакси. Таму игра една величина, како Дејвид Бекам, а сега игра Роби Кин... Искрено имав понуди во некои други клубови од Романија, Бугарија, Србија но ова ми е предизвик. Затоа одам да тренирам во ЛА Галакси, и ќе дадам сe од себе да се покажам во светло издание. Искрено се изненадив, но од друга страна за мене е голема чест.“, додаде Стојков, кој за младата репрезентација има забележано 10 настапи.

ТРЕТ „МАКЕДОНЕЦ“ ВО ГАЛАКСИ

Стојков нема да биде првиот Македонец кој ќе има можност да биде дел од ЛА Галакси. Во минатото од нашите фудбалери кои настапувал таму е Ламбе Арнаудов, поранешниот претседател на тогашниот фудбаслки сојуз на Македонија. Исто така и Јован Кировски, Американецот со македонски корени играл за овој тим. Стојков ќе биде третиот кој ќе има можност да биде дел од Галакси, екипа, која на клупата го има поранешниот селектор на С.А.Д. Брус Арена.

Г. Бошев

http://www.sport.com.mk/default.asp?ItemID=0F1E70F148A43F468D58D1B5E6C0CA27&fb_action_ids=10201464482280139&fb_action_types=og.likes&fb_source=other_multiline&action_object_map=[247449128762097]&action_type_map=["og.likes"]&action_ref_map=[]
 
Ф

Флеш

Да се следи на Фејс,дали отишол за Америка :))
 
Kajgana Shop

На врв Bottom