Македонски балет

Член од
27 мај 2008
Мислења
1.025
Поени од реакции
41
Македонскиот Балет ги одбележа шесте децении постоење со гала балетски концерт, со учество на првенци од македонскиот балетски ансамбл и со балетски играчи од Украина, Русија, Турција, Италија, Франција и од Куба.

Меѓу уметниците што настапија на концертот се Франческа Подини и Мик Зени од миланската Скала, Барбара Гарсија и Хоџе Лосада од Хавана, Екатерина Сафониева и Георги Смилевски од „Бољшој.

Концертот е поделен во два дела со траење по час и десет минути. Ќе почне со документарен филм на МТВ за историјатот на балетската уметност во Македонија, а ќе продолжи со оперски и пијано изведби, а потоа со фрагменти од балетски претстави на автори од различни периоди и правци, класичен, но и модерен балет - „Лебедово езеро, „Бал на духови, „Рајмонда, „Кармен, „Шехерезада, „Дон Кихот...

Оркестарот на МОБ ќе го води италијанскиот диригент Алесандро ДАгостини. Тој на прес-конференција искажа задоволство од соработката за овој голем проект на Балетот, ја пофали професионалноста на Оркестарот на МОБ и очекува убав концерт.

Одбележувањето на шеесетгодишнината на Балетот ќе биде дополнето со голема изложба на Владимир Георгиевски во фоајето на МОБ. Таа опфаќа слики создавани од 2002 година до сега. Меѓу нив е и триптихот „Македонски реквием во три става („Исмевање на Исус, „Влегување на Исус во Македонија и Еccе Хомо).

 

Kajgana Shop

На врв Bottom