Македонските Евреи ќе добијат спомен-камен во Треблинка

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.578
Поени од реакции
7.571
Кон крајот на септември во Спомен-паркот на концентрациониот логор Треблинка во Полска ќе биде откриен камен со натписот Македонија во спомен на македонските Евреи што го завршија животот таму. Со ова, велат во Еврејската заедница, ќе се исправи неправдата спрема над 7.000 Евреи депортирани од Македонија за кои моментно нема никакво обележје. На меморијалната табла на која се напишани имињата на државите од кои во логорот биле депортирани луѓе стои Југославија и таа нема да се менува, но во кругот на Спомен-паркот, каде што се наоѓаат камења со имињата на државите, ќе биде додаден и каменот од Македонија.

„Веќе една деценија се трудиме да ја поправиме оваа неправда која, всушност, настана по распаѓањето на поранешна Југославија. Таа држава веќе не постои, а македонските Евреи не може да се вбројат ниту во бугарските, иако биле депортирани во времето кога Македонија била под бугарска окупација. Тоа значеше дека за над 7.000 луѓе немаше никакво обележје“, вели Миодраг Тодоровиќ-Козма, заменик-претседател на заедницата. Тој нагласи дека за своите заложби во последната година добиле поддршка од бугарската еврејска заедница и од полските власти, а особено од полскиот амбасадор во земјава, Карол Бахура.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom