Македонска ракометна суперлига

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 4 екипи ќе влезат во завршната фаза од првенството?

  • Вкупно гласачи
    22
  • Гласањето е завршено на .
Катастрофа беа, реално насјслабо судење во последните 4 години нивно на Пелистер-Вардар, многу грешки, за такви ситници да не се фаќам, реков и вчера не сакам да ме цитират и да влегвам во дискусија за тие бишките тртлави скопски, едноставно не дозволија Пелистер да игра, 27 пенали вкупно од кои дали 1 или 2 беа со искличување, ова во скоро време не е видено, прво исклучување на Вардар беше при крајот на првото или можда во второто ако не се лажам, после ќе ја гледам пак снимката....
 
прегледај и на крајот 29,мин46/50 сек не свиреа пробивање од мечка над близнакот,а времето за шо го стопираа.....све беше смислено упм која коштапљерана ,
 
Не би рекол дека судиите го „решија“ натпреварот, Пелистер имаше доста лош почеток и несигурност во изведувањето на седмерци, наспроти Крсманчиќ кој промаши само еден седмерец, а секако и немањето одбрана и план за Борозан кој е неспорно неколку класи над сите играчи во лигата.

Втор фактор беа „помладите“ играчи, Самоил воопшто не игра одбрана на ниво, а ниту Атанасијевиќ немаше шанси во одбрана со мечка + грешката кај пеналот, просто не е сериозно овие двајца играчи да се централно во последниот напад на Вардар, барем не во април 2025.

Митревски под очекуваното, иако имаше низа кога му одбрани на Родригез во второ, кај Вардар голманите си одработија колку што се очекува од нив. Мечка > Пешевски, пред се ресурс кој игра во два правци. Тајник во живот нема дадено гол надвор од 9 метри, а Маргели и Хосни во натпревар кој е послаб шутер, иако Хосни ги одработи лесните напади/влезови кои Вардар доста често ги дозволуваше. Сумарно, многу реален епилог и ќе биде неизвесно до последното коло.
1745612416406.png
 
сакам да прашам без провокации. Како Битола се смета за основач на ракометот у Македонија кога у републичката лига ракометна која што била у Југославија,од 1953 до 1960 првенството го освојувале две скопски екипи Рк Работнички и Рк Графичар кој шо после се преименува во денешен Рк Вардар. Уште еднашка без провокации ми е намерата чисто онака прашање информативно
 
Нели овој сопственикот на Фрут Ленд сакаше да направи конкурентен тим во Супер Лигата!? o_O Подобро да отидоа со 12-13 играчи и да не се замараа на терен многу ако веќе не им се играше во купот.
 
Важна измена во машката Суперлига: Зголемен бројот на странски ракометари!​

Важна измена во машката Суперлига: Зголемен бројот на странски ракометари!​

Прв потенцијално проблематичен потег на новото раководство на РФМ. Не ми е јасно зошто им требаше ова ама ајде да видиме (тие приказни дека не сме ние, клубовите бараат не проаѓаат се знае како функционираат работите....).
 
Ова требаше пред 10-тина години да биде воведено и веќе стандардна пракса. Многу пати сум пишувал на темава и сеуште не ми е јасно како минатото раководство не воведе вакво нешто. Но, подобро доцна него никогаш.
 
Апсолутно најголема слабост на спортот кај нас. Наместо да бидеме лидери во дигитализацијата во ракометот со оглед дека имаме уникатен спој на спорт бр 1 и развиена ИТ индустрија, ние каскаме зад сите...
 
Прв потенцијално проблематичен потег на новото раководство на РФМ. Не ми е јасно зошто им требаше ова ама ајде да видиме (тие приказни дека не сме ние, клубовите бараат не проаѓаат се знае како функционираат работите....).
Се согласувам и мислам дека оваа тема има две многу битни потточки кои се меѓусебно поврзани.

Секогаш ми паѓа во очи како се покажува и се покажувало во минатото со прсти кон водечките тимови во лигата: Вардар, Пелистер, Алкалоид, претходно и Металург како имале голем број на странци, а никогаш не се потенцираат странците во тимови како Куманово, Радовиш, Тиквеш, Прилеп итн. Во водечките тимови, каде што најмалку 80% од буџетот доаѓа од приватни извори странците се проблем, а не е проблем во тимови кои 99% (ако не и 100%) од својот буџет го добиваат од јавни пари? Мошне парадоксално. Баш тие тимови кои се под јавна, општинска капа се тие кои треба да вложуваат во домашни (доколку е можно млади) играчи, а не да се обвинуваат тимови кои играат во Европа дека не давале доволно шанса на истите. Охрид има 11 странци сезонава во ростер, клуб во кој да не е општината утре нема да постои или ќе падне едно 10 нивоа надоле.

Втората и според мене многу побитна точка, која треба РФМ да ја адресира е додавањето на неколку странски играчи во ростерот кога ќе почне разигрувањето. Минатата година Куманово како учесник во плејаутот сезоната ја заврши со сосема друг ростер од тој со кој што почна. Хрват, Србин, двајца Бразилци... можеби имаше и уште некој играч. Истото се обиде Борец да го направи сезонава, Куманово ја повтори истата стратегија, а истото го направи и Радовиш. Дури би рекол дека иницијатори на ова зголемување на бројот на странци се токму овие клубови кои ја користеа оваа стратегија во минативе сезони, а на останатите клубови им дошла како кец на десет па ја поддржале истата. 10 од 12 гласале ЗА, претпоставувам дека еден од тие кои биле ПРОТИВ бил Алкалоид, за другиот не сум сигурен.

И сега, кога ќе ги споиме овие два муабети, се поставува прашањето каква порака се праќа до домашните, млади играчи чие што време треба допрва да дојде? Зарем е толку битно клуб кој го одржува општината без разлика кој е, да опстане во суперлигата? Побитно е клубот да понуди добри услови, топла сала, добар тренер, да привлече што повеќе деца да се занимаваат со спорт. Само на тој начин ќе има таа општина корист од клбуот, а не со тоа што ќе опстане во лигата со тоа што во плејаут ќе донесе 5 странци.

Ова е проблем кој што мора што побрзо да се адресира. Не сум доволно паметен како, но сум сигурен дека има повеќе начини.
 
. Охрид има 11 странци сезонава во ростер, клуб во кој да не е општината утре нема да постои или ќе падне едно 10 нивоа надоле.
не е точно 30 посто финансии од општината 70 посто од фирми.....од наесен рк охрид ке имат најголем буџет во во мкд во сите спортови...цифра боли глава
 
Ова требаше пред 10-тина години да биде воведено и веќе стандардна пракса. Многу пати сум пишувал на темава и сеуште не ми е јасно како минатото раководство не воведе вакво нешто. Но, подобро доцна него никогаш.
Треба и да се направи и солидна веб-страница на лигата. Нека земат пример од Бундеслигата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom