Како тогаш да се улови големата риба? Ќе може ли со трска и јадица или ќе треба харпун? Дали министерот има легална одговорност за условите во болниците, кога веќе очигледно нема општествена и морална одговорност? Дали може народот да влијае врз СЈО и да се отвори случај или да се инстигира некаква легална постапка или пак ќе треба тука да се оди по брза директна постапка и линчување?
кој колку може
кој колку може
кој колку може
А тој што не може? Или пак зошто воопшто да има здравство? Какви се тие левичарски глупости? Кој си е здрав, нека си е, кој не, епа нека му е со здравје... а и кој фактор е државата бе па да се меша у природна селекција!??1!
Генијално решение, сигурен сум дека е доста популарно во некои врвни норвешки институции и тхинк тенкови,
како на пример овие... Навистина штета што тие генијални идеи никогаш нема да бидат разбрани од повеќето норвежани кои за жал од неукост и старомодност ќе продолжат да го користат сосема функционалното и најсовремено државно здравство, кои им ги плаќа сметките дури и во странство...
Ново најново! Според истражување на *
рандом неолибтардирана институција*:
Нудењето на
здравствени услуги во
Слободниот Пазар придонесува за
Негова неефикасност, преку
непродуктивност кај мизерните
човечките ресурси кои создаваат потреба за здравствени услуги кои не можат да си ги дозволат со нивните патетични финансиски ресурси, и потпаѓаат под искушение на Социјалната Држава, тоа безнаситно зло, вечен паразит, вирусот во Слободниот Пазар, и резултатот е големи загуби за нивните Сопственици, кои приморани од злонамерните регулации понекогаш дури мора да плаќаат и платено боледување за бескорисните ресурси, а и во таква состојба Невидливата Рака не може да ги шамари
ефективно кон
продуктивност и сето тоа води кон
пад на
Профитот и
намалена Капитална Добивка кај
Шерхолдерите Небесни, кои се на небото. Затоа за да му се удоволи на
Слободниот Пазар, нашите
VR Економисти, кои не се во допир со реалноста, предлагаат да се жртвуваат
човечките ресурси од таков тип пред Слободниот Пазар со најновиот иновативен финансиски инструмент и метод „Кој колку може“, кој е максимално во склад со нашата најсвета светост, Слободата на Избор, која означува избор да можеш колку што можеш, избор да не можеш колку што можеш, избор да можеш колку што не можеш, избор да можеш ама да не мораш колку што можеш колку не можеш...
.
.
.
Сега конечно почнувам да го согледувам пристапот кон животот кај сеснаодливото северномакедонче...
Во главата на северномакедончето доминираат следниве неколку животни филозофии, по категорија:
Политичка: Снајди се па владеј
Економска: Снајди се па живеј
Здравствена: Снајди се па преживеј
Општествено-реформаторска: Арно е, се е океј
Компаративно-анализаторска: Има и полошо, глеј
Граѓанско-демократска: Работи си, свиркај си и пеј
Патриотско-идентитарска: Купувај италијански споменици и не биди северџгански геј
Меѓународно-дипломатска: Умрете *внеси соседно племе*, бреј
Жртвено-калимерска: Каде е сега правдина, о Господи, ле ле ле леј
Продолжете си ја листата, епа слободно, ах бре северномакедончета, море хеј...