Ќе почнам од првата реченица каде самиот потврдуваш дека буџетот е празен.Ќе морам да те демантирам,тоа сепак значи дека сме пред банкрот.Буџетските пари се крвоток,ако тој прекине,ниту еден орган нема да работи,нели
и ќе дојде до смрт,во економијата познат како банкрот.
Погрешна ти е претпоставката дека е крвоток, па и заклучоците. Повеќе е како дигестивен систем - ХРАНА, а без храна се живее многу денови, храна се позајмува, дури и се краде...
Кога пишувам буџет, тоа е чисто фигуративно - тргнав со твоите поими. Инаку мислам на трезорска сметка, која е празна. Буџет е план за трошење и тој е
полн со идеи. Ако нема пари, некои може и да не се остварат.
Втората и третата реченица,веќе ги слушнав на дебатата за финансискиот извештај на НБРМ,девизните резерви служат за да се топат ова само вмровец може да го каже и никој друг!
За жал и ова (како и констатацијта дека сме пред банкрот) не ти е точна. Оваа ти е 100% грешка, затоа што не сум „вмровец“, а јас сум единствен кој може тоа да го каже.
Банкрот може и ќе биде, ама јас вмровец не сум.
А пак ќе ти повторам - резервите се за кризни времиња. Имаш ли ти резерви дома? Што им правиш кога ти треба нешто, а немаш прилив?
Девизните резерви служат само и само за одбрана на девизен курс,да не ги криеше Гошев сега ќе имаше девалвација и колапс на државата.Тие не се за топење,туку за крајна инстанца како денешнава ситуација,да може да ни го исперат газот уште некој месец.И денес не треба да се топат,туку да се полнат со странски пари како еврообврзницава или евентуален договор со ммф.
Не бе девојченце, не се за одбрана на девизниот курс. Туку за компензирање на увозот, додека не се направи извоз (или на друг начин не се дојде до прилив). Пошто многу добро ти оди крвотокот, тие се како црн дроб - чуваат крв за кога ќе му притреба на организмот
да ја ослободи. Не за стално да бидат таму. После кога ќе има доволно девизи, како што имаше од 2005 до 2008 до септември, ПАК ЌЕ СЕ НАПОЛНАТ. Нормално, за тоа ќе отидат повеќе денари во оптек.
Инаку тезите за девалвација, исто како и за „банкрот“ се пласирани од разно разни пропаганди кои не ја сакаат македонија и сакаат на нејзин грб (тоа значи на грбот на сите нас) да направат екстра профит. Нема потреба од девалвација. Како што паѓа моќта во германија, така паѓа и во македонија. таму паѓа повеќе, овде повеќе се плашиме - се заедно на нула сме. Зошто би паднал денарот, кога цел свет паѓа? Да сме реални, да не се плашевме многу - требаше да рипне.
конечно, девизните резерви не се топат еве веќе 3 месеци.
а обврзница да земеш (и тоа ваква :-( значи да дадеш 10%), па потоа да ги чуваш во резерва со камата од 2-3 % е жив зијан. Повеќе сум да ги потрошат за изградба на нешто капитално (само да не е споменик)
Четвртата и петата реченица не ти ги разбирам,кој позајмил,кој не потрошил,кој ќе врати евра?
ај да видам што се, па ќе ти ги напишам во следниот пост. и така овој е многу голем.
Понатаму,може да го потврдиш ставот НЕ СМЕ ПРЕД БАНКРОТ со некој аргумент или онака на збор да веруваме?
Нема јас што да ти потврдувам. Ти потврдија 175 милиони пати странците. Ти би му дала пари на некој што ќе отиде во банкрот? Оти ако отиде, нема да ти ги врати.
И дека не сме во банкрот, погледај наоколу - сите возат коли, на кеј -покрај вардар е преполно, ... да си банкрот, по твоите биолошки споредби, значи да си умрен => да не мрдаш.
Криза има (има секаде во светот), и кога секој ќе ја осети ќе мора да си ги скрати задоволствата (пр. Владата да ги намали платите на државните службеници, овие нема да возат коли, па нема да трошат бензин, па пумпаџиите ќе намалат нешто други и така оди тоа), но НЕМА ДА ПРОПАДНЕМЕ. НЕМА БАНКРОТ.
А можеш ти со нешто да потврдиш дека ни следи банкрот? Нешто КОНКРЕТНО? Како јас што ти укажав на 175 милиони потврди? Или само си на страната на пропагандистите (испрана или со умисла, не знам?).
Баш ме интересира КОГА ќе настапи? Денес, за 1 месец, 1 година --- кога?
За мојот учинок во бдп сигурно не очекуваш да се расплинам и се да раскажам како ми поминува денот,ќе мораш да ми веруваш на збор дека дебело учествувам:smir:
Да бидам искрен - не ти верувам. Извини, така ми личи некако.:smir:
Ако сакаш може да ми раскажеш, макар и на приватна порака...
Ама ако создаваш, не би сакал банкрот. Секој кој нешто прави во оваа држава (создава приход и гради) не му е сеедно пропагандисти да му ја рушат. Само сеирџии сакаат да има банкрот.
Четвртата и петата реченица не ти ги разбирам,кој позајмил,кој не потрошил,кој ќе врати евра?
За ова мислиш: „А од друга страна, не се ни потрошени. За исто толку пари има помалку денари во оптек. Кога не ќе му требаат денари, ќе ги врати еврата, кои не се потрошени, туку само ПОЗАЈМНИ на некој кој имал денари.“?
Значи не ти е јасно зошто девизните резерви НЕ СЕ ПОТРОШЕНИ? Па пробувам да ти објаснам, дека за да се намалат девизните резерви, НБРМ ги дала на НЕКОЈ кои и ВРАТИЛ денари. Значи не се потрошени, само се поминати од една форма (евра) во друга (денари). Гледано како девизни резерви, да намалени се - нема девизи. Но гледано како актива и пасива на НБРМ - нема промени: Нема евра, но нема ни денари. Значи нема евра, но нема ни обврска на НБРМ да врати евра (бидејќи веќе ги врати), значи ние што имаме денари сега сме помалку и денарите вредат исто. И сите 18 милијарди денари што се оптек да се вратат во НБРМ, таа ќе има од останатите 1,3 милијарди евра да им врати евра.
Понатаму, кога на некој ќе му требаат денари - кај ќе ги најде? Ќе мора да донесе ЕВРА (или нешто слично). Значи ќе донесе евра и НБРМ ќе му даде денари. Затоа може да речеш дека не се потрошени, туку позајмени.
Џабе сите паники. Не е ова Србија на Милошевиќ, па кога на некој ќе му требаат динари, тој фино и лепо ќе ги отпечати на Топчидер, БЕЗ ДА ПРИМИ ЕВРА.
Ако не ме разбра, да пробам пак?:smir: