TheTrooper
Психијатриски случај
- Член од
- 27 април 2009
- Мислења
- 6.833
- Поени од реакции
- 6.392
Борбата за независност тек почнува после првата светска војна.Незнам што правеле после но дека се бореле за Независна Македонија и дека направиле Крушевска Република а не Јужнозападна Татарска Околија е факт. Немало знамиња на голема Бугарија тогаш за разлика од Албанско знаме, националност, јазик и култура кое е специфично за УЧК дури и името е исто Косовска и Македонска УЧК. Плус и знамиња на голема Албанија на секој чекор.
На крајот од краиштата Крушевската република по истата твоја логика значи дека не е македонска бидејќи не ја именувале Македонска република. Инаку во Пребораженското востание Странџанската република по истата логика не е Бугарска затоа што не ја именувале Југоисточна Татарска Околија.
Плус и според истите стандарди по кои УЧК е албанска и ВМОРО сосем комотно може да се нарече бугарска. Имаш илинденски знамиња со бугарска тробојка како на пример струшкото, костурското и охридското знаме. Еден дел од војводите и учесниците се бугарски официри, што со потекло од Македонија, што без. Дејците на ВМОРО редовно се сликани со кокарди на кои е грбот на Бугарија со двата лава и националното бугарско мото „Соединението прави силата“. Востаничкиот штаб пишува писма барајќи помош и воена интервенција само од Бугарија, во востанието учествуваат подеднакво и врховистите итн. итн.