Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.180
- Поени од реакции
- 34.389
Ако мислите дека македонскиот фудбал нема дадено рекорди и нема оставено белег во светската фудбалска историја, тогаш се лажете дебело.
Се лажете себе си како продавач на чкарт блузон Бенетон кој ќе се обиде да му го шитне на Амди, убедувајќи го дека е мејд ин Итали!
Имено, на 24-ти јули 1979-та година во рамките на Охридската фудбалска лига се постигнати рекордни резултати што досега не се регистрирани во светот на официјални натпревари!
Во Велгошти играа екипите на Илинден '903 и Младост, а во Долно Лакочереј екипите на Градинар и Дебарца. Со оглед на тоа што подобриот однос на головите решаваше за влегување во повисок ранг на натпревари "требаше" да се постигнат што повеќе погодоци. Крајните резултати гласат:
Илинден '903 - Младост 134:1
Градинар - Дебарца 0:88
Не ви се верува? Чувствувајте се слободно да се обратите во ФФМ за официјален податок од нивните архиви.
Значи Илинденци против Младост постигнувале гол во просек на секои 40 секунди! Така некако би му дошло. Тури-вади, тури-вади! Голманот до противничкиот напаѓач, овој шутира во празен гол, погодува и му се дере на голманот да му ја врати што побргу топката бидејќи незнае колегите од Дебарца во тој момент колку брзо ги полнат Градинарите. А Дебарца сироти, папсале постигнувајќи гол во просек на секоја 62-ра секунда. Им го спопикале на кондиција. И после не била битна кондицијата...
Је, је, аматерите од Лихтејнштајн да јадат рум штангли! Ги зезнавме на велико. Што радосни бевме кога ги напунивме, незнаејќи дека кај нас е рекордот за примени голови!
Не сме биле сложни и солидарни ние Македонците ќе рече некој. Да не го слушнам повеќе ова! Градинар и Младост се номинирани за нај ферплеј тимови во македонската спортска историја. Не е заебанција да му попуштиш на некого да ти начука 134 голови, или пак со повеќе усул само 88!
Ме чуди само, како е постигнат едниот гол? Колку да не посумља некој дека е местено или пак некој имал доблест да постигне почесен погодок?