@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.114
Авторот е хрватски писател од БиХ, еден од главните основоположници на Меѓународното хелсиншко здружение, како и на концептот за примена на завршниот документ на хелсиншката конференција, задолжен за праведен процес при самоопределувањето на народите од поранешна Југославија. Во 1986 година е поканет за член на престижната Меѓународна академија со седиште во Италија, а во 2002 година е унапреден во витез на Академијата
Живееме во свет во кој брзи резултати се постигнуваат преку безобѕирната пропаганда што не би била таква кога писателите би се држеле до вистината. Но, за среќа, кај што лагата руча, таму не вечера, па ефектите на пропагандата кратко траат.
Бидејќи сиот свој век како проучувач и истражувач на историјата и книжевник-епистемолог го поминав собирајќи точни податоци од антиката (и сето тоа го објавив во Босна и Херцеговина во пет книги), доволно добро ја запознав и античката историја на Македонија и не можам да останам рамнодушен кога станува збор за агресијата на Грците кон Македонците. Не само што ја узурпираат целата територија на Македонија туку згора уште и го негираат постоењето на Македонците како посебен народ.
Ја знаеме историјата на грчкото племе Дорци, кои на југ стигнале до долината на Вардар и таму се задржале најдолго. Кога продолжиле да слегуваат кон југ, оттаму не се отселиле сите, туку само дел што стигнал до Пелопонез, па и на островот Крит.
Проучувајќи ја историјата на Илирите, а особено на нивниот јазик, во старогрчкиот јазик најдов над 2.500 илирски збора (објавени во мојата обемна книга „Панонија“), кои и денес се исти какви што биле пред три илјади години. Всушност, тие зборови на југ ги донеле Дорците. Јазикот на илирските Дорци на југ се сретнал со лувитскиот јазик што го зборувал тамошниот раселен народ и се претопил со него. Оттука е и разликата помеѓу неоилирските јазици во кои спаѓа и македонскиот јазик, по што може да се заклучи дека Македонците на тие простори дошле пред Грците. Дури и нашето изворно писмо во латинската традиција се нарекувало „литера илирика“, од каде што многу подоцна бил изведен и неправилниот назив „кирилица“.
Од друга страна, ви препорачувам внимателно да ја прочитате книгата „Историја на Рим“ (том 6, поглавје 39) на Тит Ливиј, во која римскиот историчар темелно ја опишува Македонија пред и по битката кај Пидна, помеѓу војските на Персеј и на Амилис Паоло, римскиот проконзул. Тит Ливиј категорично наведува дека Македонија допирала на север до планината Скордис (Шар планина), а на запад се до Отрантскиот проток.
Во наведената книга Тит Ливиј ја опишува ПОДЕЛБАТА НА МАКЕДОНИЈА на четири покраини, а во таа поделба влегла и Пајонија - северниот дел на денешна Македонија, наспроти настојувањето на Дарданците, Римјаните како противуслуга за предавството на Илирите и Македонците таа покраина да ја доделат во подрачјето под Шар Планина (поглавје 19).
Тит Ливиј, исто така, наведува дека Македонците во негово време зборувале два јазика, што е случај и денес и може да се рече дека од сите тие поделби останале јужна Македонија (во Грција) и северна Македонија (денешната држава Македонија).
Претпоставувам дека вие го знаете сево ова, ама се придружувам кон вашите настојувања во тоа да ги убедите и еврократите во Брисел што размислуваат политички, а не историски-правно, иако тоа и ним им го наложува здравиот разум.
Зашто Грција како држава со главниот град Атина настанала дури во првата половина на 19 век во нашата ера! Додека Хомер во „Илијадата“ ги слави Македонците, а само еднаш ги спомнува Хелените, или поточно нивните свештеници во Додона „што спијат на земја и никогаш не си ги мијат нозете“ (в. Хомер: „Илијада“, 16, 278).
Со почит, академик Мирко Видовиќ
клик