- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 9.722
- Поени од реакции
- 248
Биљана Секуловска
13.04.2007 Визно олеснување за Македонија, договорено после неколку месечно преговарање со унијата. Парафирано синоќа. Во визното олеснување влегуваат 20 категории на граѓани, меѓу нив пензионери, деца до шест години, бизнисмени, туристи, студенти, новинари и научници.
Од мисијата на ЕУ во Скопје велат: „Ова претставува јасен сигнал дека унијата е отворена за граѓаните од Македонија”.
„Република Македонија ги доби максимално можните визни олеснувања”, изјави за А1 Агнеса Руси, шефица на македонскиот преговарачки тим.
Руси денеска не дојде во Скопје, заради штрајкот на пожарникарите во Брисел, портпаролот на МНР го сублимира ставот.
„Ќе има ефекти кои ќе можат да се почувствуваат, напоменуваме ова е преодна фаза, за жал сега зборуваме за категории, се надеваме дека наскоро ќе зборуваме за целосна либерализација”, рече Шпреса Јусуфи, портпарол на МНР.
А во меѓувреме, СДСМ ја критикува владата.
„Јас не можам да ги коментирам критиките на било која политичка партија”, вели Агнеса Руси.
Но, дали Босна навистина е добитничка?
„Мислам дека нема”, додаде Руси.
Спогодбата за олеснување на визниот режим треба да се потпише и следи одобрување на текстот во ЕУ. Европскиот парламент дава согласност, Советот донесува одлука за склучување на спогодбата.
Македонското собрание ратификува, спогодбата се очекува да стапи во сила најдоцна до крајот на оваа година.
Мој коментар : доказ дека оваа влада работи, за разлика од другите.