Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.182
- Поени од реакции
- 34.395
Сојузот на стопански комори на Македонија ги повикува своите членови да дадат свое мислење, во врска со иницијативата за менување на временската зона на Македонија, односно изедначување на временската зона со онаа на Грција и на Бугарија.
Министерство за економија доставило допис до ССК, согласно заклучокот на Влада во врска со поместувањето на времето во Македонија односно усогласување на временската зона како што е во соседните земји Грција и Бугарија.
Имено, Министерство за економија во соработка со МАНУ, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", Стопанските комори на Македонија и Бирото за метрологија треба да достави информација со анализа од економски, финансиски и други соодветни аспекти за предностите и негативностите во врска со поместувањето на времето во Македонија.
Ако отидеме еден час понапред, во зоната со Бугарија, Грција, Турција, Романија и други земји, работното време од 8 до 16 часот, кое го прифативме како европски стандард, ќе биде идентично како од 7 до 15 часот. Сега сме во зоната со цела Средна и Западна Европа, освен со Велика Британија и со Португалија.
Сметањето на времето во земјава е регулирано со закон, донесен во 1996 година, во чиј прв член се вели дека се сместуваме во средноевропската временска зона. Тоа значи и дека промената би била исклучиво политичка работа, некој, на пример Владата, ќе треба да предложи измени на овој закон, а Собранието да ги изгласа.
виа Кајгана
За или против? Кои се добрите, а кои лошите страни?